Ваков циркус како во Металург немаше ни во Пелистер во легендарната сезона 2005/06 кога клубот играше во ЛШ..
Тогаш барем се знаеше шо е главната мака во клубот(и сеуште е за жал)-парите...
Овде во Металург каша попара....
Ваков резил немало никогаш,се шо направија во последните 10 години фрлија во вода за овие 10ина дена..
Го истегнаа Минчо(способниот бизнисмен)за уши од централата и нормално попушти...
Мораше Македонските играчи да останат...
Гробарот и дебелиот имаа појјаки карти...се вадат на репрезентација,претстои СП,знаеја и тие дека одат на сигурно..
Иначе да немаше притисоци нормален газда нема шанса да задржи незадоволни играчи..
И покрај тоа шо не им исплати пари...
Искрено јас да сум како Минчо нема ни 1/3 да плаќам од тоа шо го добиваа(Т)играчите,посебно некои ко Мојсо,Ванчо....
За Македонија да се даваат толкави плати треба да си навистина несалам....
Со тие пари има да плаќам 10 како Талески,Нелоски и цела сурија деца,и ќе извадам нови играчи наместо да фрлам пари за сало и холестерол и пропаднати звезди како Мојсо,со секоја чест на тоа шо биле некогаш ама реално двајцата се за во пензија..

Ќе им ги дадаше заостанатите плати и ќе им удреше клоците..
Вака која е логиката..играчите да бараат не само плата(шо е во нивниот домен на ингеренции)туку одат и подалеку и бараат смена на Лино(настрана неговото однесување и урлање,сепак во приватен клуб само газдата има моќ и овластување да го смени тренерот,иако во спортот има милион примери кога играчите менуваат тренери,а најверојатно и овде ќе се случи такво сценарио)...
Играчите бараат плати,за шо се апсолутно во право,и штрајкуваат,управата ги суспендира сите,по некој ден и некоја заушка од РФМ(читај Владата)доаѓа до пресврт и ќе останеле Македонците(оние Античките)...

а другите џенем нека фатат...

И нормално,странец како странец,на прв момент на криза ги пакува куферите..
Малку и нефер кон странците,посебно од Македонските пучисти

,нели беа сите заедно?
Или толку беше,лапнаа пари,се собраа сите во интерес на РФМ(со амин на партијата) и ај сеа ќе играме...
Штета навистина,посебно за младите Борозан-Циндриќ и Липовина...
Колку и да има мајтап околу тоа дали е (пре)ценета ова тројка сепак се работи за тројца многу перспективни играчи и Металург не е ни свесен колку изгуби со овие заминувања...па и Србите Марсениќ и Ѓуќич,ова беше постава за наредните 10 години,надополнета со младите,ако навистина ги бива за нешто,или само се лажат самите себеси дека се некои звезди во подем...
За заминувањето на Атман,пред тоа на Станиќ не се ни свесни колку изгубија,10 години бараа такви играчи и да ги избркаш како партали треба да си легенда..
Ренато да не го заборавам....
Избркаа невиден квалитет...
По ова никогаш нема да бидат истиот тим,не се прави екипа туку така....
Со македонски ростер видовме до кај стигнаа,испаѓаа од првиот тим кој личеше на тим...
Сега ќе си бидат на ранг на Струмица и ќе се јадат за второ место...
И Минчо уште еднаш докажа дека џабе лаеше,покажа каков човек е,ниту има контрола врз тимот,ниту му е гајле за клубот...
Се е игра за перење пари,партиски профити итн....сепак не е ова прв случај во спортот,секаде во свет е вака....
Се траеше додека траеше....
Да распуштиш ти на ваков аматерски начин ваква екипа навистина треба да си
способен(како шо милува да се нарекува)...

Баш да видиме дали на полусезона ќе се раздели од неговиот побратим Лино...
Тоа е голема енигма...
