@коцка вистински ремек дела правиш од чиниите...особено убаво изгледа декорацијата на втората слика, мислам дека аголот е добар...но за чинијата да дојде до комплетен израз, можеш да се качиш на столче и да ја сликаш од високо цела чинија, а таа да биде поставена блиску до прозор ради природно светло.
Тоа е едно златно правило кое што го имам укапирано од гледање...значи секогаш да има добар извор на светлина, обично професионалните фотографи сликаат насабајле или 2 часа пред да зајде сонце...
Инспирација за тие што ги интересира...значи блогот е на мајка од бугарија, која не е фотограф, просто сака да си ги презентира нештата што ги прави, и навистина успева во тоа....храна поставена на рустична маса делува многу арт :