Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Почитувани љубители на ракометот, и на спортот воопшто, и наши верни навивачи,

Имаме обврска и потреба да ве запознаеме со најновите настани во нашиот клуб РК Металург. Од вчерашниот ден, сите играчи на клубот РК Металург повеќе не одиме на редовни тренинзи, од причина што сме длабоко разочарани и огорчени од начинот на кој со нас се однесува раководството на клубот заедно со тренерот Червар, и која состојба трае веќе еден период и која за нас претставува голем проблем, а нема никаква врска со финансиската состојба во која се наоѓа клубот.

Малкумина се запознаени со односот на тренерот кон нас, кој постојано го омаловажува нашиот учинок во клубот, како и сето она што досега сме го постигнале, дури и во најтешките ситуации и наш впечаток е дека негов интерес не е ниту Металург, ниту ние како играчи, ниту пак гаење на нови домашни кадри, туку свој личен инетерс, а тоа е што подолго да се остане во клубот по секоја цена, притоа без никаква емоција кон спортот, клубот или пак играчите.

Од Август оваа година сите ние почнавме со нови сили, ентузијазам и еуфорија дека оваа сезона, како и минатата, повторно ќе бидеме едни од најдобрите во Европа, неприкосновени во Македонија, и дека повторно ќе носиме радост и задоволство на сите луѓе кои се радуваа на нашите успеси. Меѓутоа, уште на почетокот на сезоната, нашиот тренер почна со некои нови концепти, нејасни за никого, освен веројатно за него, кои самиот решил да ги спроведува по секоја цена, на која краен исход е само сопствена егзистенција во клубот. Го поздравивме неговиот напор да се појача екипата со уште нови играчи, бидејќи минатата сезона беше доста напорна и реално требаа уште играчи за да може да се издржи истото темпо. Но, концептот да се уништат оние со кои досега беа постигнати едни од најдобрите резултати во клубот, не е во ред, особено што повеќето се домашни играчи кои со срце и душа играат за клубот.

Одговорно тврдиме дека повеќето натпревари кои досега ги изигравме, а кои ги изгубувме, лесно можеа да се добијат, но од нејасни причини тренерот заедно со раководството правеа нарационални потези, поради кои ние не бевме во можност да победиме. Како на пр. Оставањето на Станиќ и Атман во Скопје за натпреварот со Брест, а кои по тој натпревар сеуште беа членови на клубот, чудни потези и негово нетипично однесување на натпреварот во Загреб, каде реално можевме да си отидеме како победници. Токму затоа, не чудат ваквите постапки на тренерот, бидејќи сите ние сме во клубот, и во спортот воопшто, со една цел, а тоа е секогаш да одиме на победа и да се искористи максимумот кој го поседуваме, а тоа често пати оваа сезона не беше случај.

Како некој намерно да сака да губиме, само за да се омаловажи квалитетот на одредени играчи. Меѓутоа, тажно е што вложиваме толку труд, а изгубеното тешко може да се надомести.

Наше мислење беше дека се уште може да се спаси оваа сезона, што беше секако и наша најголема желба, меѓутоа со ваквите потези и размислување стана невозможно.

Од страна на тренерот постојано има желба за раслојување на играчите, со постојани перфидни игри кои неуморно секојдневно ги игра, а наша желба е само да бидеме еден тим кој заеднички ќе функционира со иста цел.

Сакаме уште еднаш да кажеме дека последните изгубени натпревари немаат никаква врска со финансиската ситуација на клубот, бидејќи ние секогаш се бориме за победа, платени или неплатени, туку само со тенденциозно водење на кадарот со цел да се изгуби, со стратегија и план кои немаат никаков резон.

Не сакаме да се откажеме од она што сме го создале тука, ниту пак ќе дозволиме одредени личности за тврдат дека како Македонци сме лесни за манипулација. До сега молчевме од причина што сме воспитани и бевме лојални на клубот, меѓутоа последната состојба беше неиздржлива за сите играчи, млади, стари, домашни и странски, па токму поради сите заедно се решивме на ваков радикален чекор.

Што се однесува до спонзорот Јорданов, ние баравме директна средба со него мислејќи дека тоа и сме го заслужиле , бидејќи најчесно си ја извршувавме својата работа. Досега бевме толерантни во однос на финансиите и уште ќе бевме, но условите за работа со раководството и тренерот станаа невозможни за сите.

Со почит,

Играчите на РК Металург
 
Aбе сигурно, немам попаметна работа па на тебе, на Драгонски неписмениот и на Фил Ајви кои се клади како чупенце од 12 години ќе ви наметнувам мислење. На човек со сила можеш само да му земеш, не можеш со сила да му дадеш. Пишувам за оној кој сака нешто да научи. Ти се кладиш 2-5 години, јас се кладам 20. Вакви тикети како што сите овде уплаќате и јас сум уплаќал. И сум бил минус, бидејќи не можеш на тој начин да бидеш во плус. Не го разбирам мазохизмот, секоја вечер се чуствувата како подебнати, и продолжувате со истото.

Јас вчера имав 45 синглови. Меѓу нив беше и Арсенал, но дека ќе добие со два разлика. Во плус сум 216 евра. Ти имаше само еден комбо :D тикет, и цвикаш тука за твојата ОГРОМНА несреќа. Цел Универзум се напна за ти да го промашиш твојот мега талон од 200-500 денари. Сите се против тебе, ти имаш огромни знаења за спортот, ама те мразат професорите.

Она со парите не е оправдување, подобро штеди една година, направи некоја банка па клади се како треба, отколку да бидеш она што се нарекува солта на индустријата, односно ти да ги обезбедуваш парите за профитот на кладилниците и добрите играчи.
1. Се кладам веќе цели 10 години.
2. Воопшто немам проблем со твојот начин на кладење, а ни со твојот начин на размислување околу спортската. Тебе ти е тоа работа, а не хоби и јас потполно го поддржувам тоа. Мене ова ми е занимација, односно хоби, и повремен извор на пари додека се вработам.
3. Ајде да повториме. Ти не веруваш во среќа/несреќа, јас верувам, просто како грав.
4. Проблемот кај тебе е што пробуваш со сила да наметнеш мислење некому, а богами и со навредливи зборови. Ако сакаш да дадеш совет, бујрум, никој не ти брани, ама ти одма почнуваш со: тркало едно неписмено, глупо дете, смотан човек, кретен, деген итн итн.
5. Ќе се навратам околу точка број 2. Со мојот начин на кладење лани бев во плус добри 30 000 денари во периодот мај-август, па со тие пари отидов на одмор, изнакупував се што ми требаше и ми останаа доста и за играње. Нормално и моите ми фрлија нешто за одмор, не дадов се јас. Еве оваа година т.е. во последно време не ми иде, јебеш га, лош период, се фаќам чат пат за грешни утакмици и тоа е тоа. Убаво вика @vidooq, некогаш стварно треба и среќа да те посака. Ете, вчера човекот изиграл на овер жолти картони, имало апла груби стартови ама на Еткинсон му прднало да не дели жолти картони. Работите на моето конто ќе беа многу подруги ако Ферер не изгубеше сет од Џумхур на УС Опен. Ме одра зашто го чекав на два тикети, на едниот 3-0, на другиот минус. Тоа е, живот иде даље, да се надеваме дека денес ќе бидеме добитни сите. :)
 
:place:
 
@Stefan-kobe Јa сaмo дa се нaдoврзaн нa член брoј 4 вo делoт oд нaвредите. Oд aрсенaлoт нa нaвредливи фрaзи имaш испуштенo "имaш мoзoк кoлку вaрен кoмпир"[DOUBLEPOST=1415194179][/DOUBLEPOST]Инaку немaм нaмерa дa се впуштaм вo пoнaтaмoшнa дискусијa, тaкa дa мoже дa прoдoлжите :coffee:
 
Psg 1
City 1
Zenit -1.5 H1
Piacenza -1.5 H1
Cousins 21.5 +
(Betcity) koef 4+ uplata 500den
 
Богами, со оглед на тоа дека 2-3 години на Сити им се дешава meltdown во ЛШ, ја на ситно би ја бранел Х.
 
Ако вечер не фатите/ме може да се вадиме на НБА дабл: Мајами и Кливленд да тепаат.

Кoј не фати на Лига на Шампиони можеше без проблем со овие два типа да се извади.

Знаење си е знаење.
 
eden sovet od mene do site so ke igraat liga na sampioni, ne se kladete na koef. 1.25 1.30 itn. itn. pogotovo ne na ekipite koi se so ednata noga ojdeni ponatamu i mu e potreben samo eden bod, da ne gi nabrojvam gi znajte koj se, ne posle ovde da kukate me padna city me padna barca za 1.20 koef ne vredi da se opulvat. pozz
 
Постирај почесто. Фалат вакви совети...
 
Акo имa некoј ептен сигурен кoцкaр oвде, декa имa јaк систем и нaчин нa клaдење, ќе му пoзaјмaм 1000еврa дa се кoцкa кoлку сaкa, a зa месец-двa некa ми врaти 1100.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom