Точно така. Вашето потекло е научна фантастика. Пред нецели 200 години одеднаш се појавија некакви Албанци од нигде никаде. Не е ли самото тоа фантастично? Уште пофантастично е како од Иљирите станале Албанци... А од се најфантастична е идејата за голема Албанија

Како за информација, нација е новоформиран поим (нација е идентичен поим со народ по своето значење) за да се разликуваат нациите кои се новоформирале (за потребите на САД, Канада, Австралија и сл.) од оние кои постоеле со векови и милениуми и кои ги нарекле народи... Демек, нации се оние народи што имаат држава (сиц!), а народи се оние што не се поврзани со држава (немаат своја држава). Самото тоа ја побива својата суштина (нацијата). Бидејќи нацијата е збирштина на разни народи обединети во една држава под едно име тоа значи само дека нацијата е негација на самата себеси - секој народ си е сам за себе, единствено се обединети под едно заедничко име.
На пример, на тој начин, во Македонската нација спаѓате и вие и Србите кои живеат овде, Ромите и Власите и т.н., а во Македонскиот народ спаѓаат само Македонците. Не гледаш дека е тоа апсурдно?
Ќе споменам уште еднаш, збрката да биде поголема, зборот “нација“ е само латинска верзија на зборот “народ“...