Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
18 јануари 2013
Мислења
24
Поени од реакции
13
^^^ Ќе се полага мешавина од сите предмети ? Колку идиотско звучи тоа бидејќи така ама баш на никаков начин нема да се подобри високото образование.Само ќе настане хаос кај студентите доколку ваков банален "испит" се воведе и може дa се одрази како демотивација за студентите со што само повеќе би се влошила ситуацијата.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Леле Адеми, жити мене, боље не збори, се брукаш со секоја изјава. Немало акредитација, немало надворешна евалуација? Абе ти знаеш што збориш?

Како и да е, настрана да ја тргнеме оваа изјава. Утре, сите што можете, во 11 кај споменикот на Св. Кирил и Методиј на кампусот кај Ректоратот.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
„Тоа пред сè е обврска на одборот за евалуација и акредитација, меѓутоа некои од одредбите не се имплементираат и токму затоа некои од актуелните решенија можеби би се укинале и да се воведат нови механизми, може да биде државен испит, надворешна евалуација или друг вид на евалуација“, изјави Адеми.

http://www.makdenes.org/content/article/26666612.html

Што значи ова дека може да се укине одборот што дава лиценци за факултетите и да се воведе државен испит, ко демек така ќе се направи подобра контрола ?
Ако се укине тој одбор, тешко на сите идни студенти, тоа значи дека секоја будала ќе може да си отвори факултет и да ти собере пари за 2 години, а после на државен испит да паднеш или пак да те помине со препис на државниот испит и после 4 години и X евра дадени, ниту диплома призната, ниту знаење
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
„Тоа пред сè е обврска на одборот за евалуација и акредитација, меѓутоа некои од одредбите не се имплементираат и токму затоа некои од актуелните решенија можеби би се укинале и да се воведат нови механизми, може да биде државен испит, надворешна евалуација или друг вид на евалуација“, изјави Адеми.

http://www.makdenes.org/content/article/26666612.html

Што значи ова дека може да се укине одборот што дава лиценци за факултетите и да се воведе државен испит, ко демек така ќе се направи подобра контрола ?
Ако се укине тој одбор, тешко на сите идни студенти, тоа значи дека секоја будала ќе може да си отвори факултет и да ти собере пари за 2 години, а после на државен испит да паднеш или пак да те помине со препис на државниот испит и после 4 години и X евра дадени, ниту диплома призната, ниту знаење
Мене ме интересира што ќе биде со три годишни студии ? Односно со тие дипломи со 180 ЕКТС ?Сите универзитети не се 4+1 има и 3+2,така да тие дипломи според Болониска декларација секаде во Европа се признати, и се рачунува исто така дека е факултетска диплома!! Ако се воведе екстерни тестирања тогаш за да биде по правилно и за да победи правдата и разумот ќе треба да има испити и во трета година, например тие што ќе студираат три години треба да полагат на втора и трета,а тие што ќе бидат со 4 годишни студии нека биде на втора и четврта, сите факултети не се четригодишни, ако се воведе вакви екстерни испити тогаш нека се имплементира до крај еднакво на сите.. Или у опште да нема вакви екстерни тестирања..
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
ПРееска се собравме солиден број на луѓе, околу 250 по слободна проценка, секако Ректорот одигра политички, рече дека нема Универзитетот став бидејќи нема официјален предлог. Но, битно е да се притисне Сенатот, па и Ректорската Управа уште пред да добијат официјален предлог!

http://kurir.mk/makedonija/vesti/176997-SDMM-gi-sproveduva-tn-studentski-protesti-FOTO

Еве ги кур-ир пак се јавуваат со нивното познато. :D Баталете, нека не ве заплашува ова, ова не е партиски обоена иницијатива!! И нема да се замараме да кажуваме дека не сме партиски обоени бидејќи ние ништо не докажуваме. Бевме околу 200 души денеска, сигурно 5-6 пати повеќе ќе имаше луѓе да е организирано од било која партија. А секој студент, (или професор, засегнат граѓанин од оваа предлог мерка на МОН), може да дојде, без разлика дали е член на партија (секако да не носи партиски обележја со него). Тоа не значи дека собирот/протестот е обоен. СЛободно може, ете и Илија Димовски, како засегнат студент, да дојде на некој од собирите на „Студентски пленум“.
Па уште Стефан Богоев најавил. :pos::tapp: Завчера се договори ова, на пленумот пред Електро, ама нема врска, кур-ирциве све знаат.
 
Последно уредено:
N

NikolaMKD91

Гостин
Студентите на УКИМ го притиснаа Ректоратот, екстерното на дневен ред




Мене ме интересира што ќе биде со три годишни студии ?
Со новите измени се планира укинување на тригодишните студии, сите ќе ги направат да бидат 4 + 1.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Толку од идејата дека нема лидери ова движење а ? :D
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Толку од идејата дека нема лидери ова движење а ? :D
Нема лидери. Имаше двајца претставници, следен пат ќе бидат други двајца (тоа впрочем самите тие двајца го кажаа после тоа).
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
И светот да се преврти сепак ќе има екстерно, кога нема масовни протести нормално дека секој ќе се дупи..:drk:

Конечниот документ за државен испит први ќе го видат универзитетите и студентите

Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми денеска рече дека одлуката која ќе ја донесе министерството околу полагањето на државен испит за студентите на крајот на втора и четврта година ќе биде заедничка, но, тоа не значи дека ќе ги задоволи сите засегнати страни, пренесува телевизијата Алфа.


Пред да го испратат официјалниот документ до универзитетите за начинот на кој ќе се реализира испитот, министерството ќе ги разгледува сите опции за полагање кои се применуваат надвор од државата, а предвид ќе билет земени забелешките и анализите од дебатите.

- Кога на крај ќе имаме некој конечен документ, секако дека тој прво ќе го споделиме со универзитетите, па понатаму со студентите и јавноста. Било каква одлука да донесеме секако дека ќе биде заедничка одлука, меѓутоа тоа нема да значи дека секогаш ќе се согласуваме со сите засегнати страни. Затоа што Министерството за образование и Владата мора да ги имаат сите аспекти кога се носи една одлука - рече Адеми.

Околу 200 студенти вчера пред Ректоратот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со транспаренти побараа ректорската управа да ги поддржи во нивните барања да нема екстерно тестирање на факултетите - но попусто.
http://www.plusinfo.mk/vest/2364/konecniot-dokument-za-drzaven-ispit-prvi-kje-go-vidat-univerzitetite-i-studentite
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Јако е како не дискутираат дали ќе има или ќе нема екстерно, туку ти ставаат превез околу очите со тоа што ти викаат дека и студентите ќе имаат удел во тоа како ќе се изведува, за да бидат позадоволни.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Јако е како не дискутираат дали ќе има или ќе нема екстерно, туку ти ставаат превез околу очите со тоа што ти викаат дека и студентите ќе имаат удел во тоа како ќе се изведува, за да бидат позадоволни.
Затоа студентите треба да се договорат со професорите ова да биде само формалност т.е хак, ем сите студенти положиле, ем професорите нема да се замараат, ем овие од министерство ќе ликуваат на прес-конференции како е се супер
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Гејските студенти на масовни протести против промените во образованието
http://www.tovima.gr/society/article/?aid=647716
Негде читав дека биле околу 1500, што не е нешто многу со оглед колку жители има Грција, ама ипак да ти дојдат 1500 луѓе е некаков знак. Протест/марш на улица, како сакате наречете го, мислам ќе има наскоро и тука. Во вторник веројатно ќе биде последниот пленум (средба) пред некоја конкретна акција, што беше и најавено.

Во вторник во 12 часот пред платото на УКИМ, терминот е добар, да не кукате пак како е ноќе. Само се надевам да не врне, иначе не верувам да е нешто посебно ладничко. А за понатаму, ќе биде на некој од факултетите ако се обезбеди просторија. :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Негде читав дека биле околу 1500, што не е нешто многу со оглед колку жители има Грција, ама ипак да ти дојдат 1500 луѓе е некаков знак. Протест/марш на улица, како сакате наречете го, мислам ќе има наскоро и тука. Во вторник веројатно ќе биде последниот пленум (средба) пред некоја конкретна акција, што беше и најавено.
веројатно од некое македонско гласило била објавена таа преполовена бројка
но, како и да е само пред атинскиот универзитет и тоа првиот ден протестираа 3000 студенти заедно со професорите , а заменик министерот на образование по барање на Самарас си поднесе оставка
пред тоа студентите со диви портокали гаѓаа кон парламентот во знак на протест - а потоа следеше и оставката
Инаку допрва се организираат масовни и тоа низ цела држава- сите на улица -ученици, студенти и професори- ќе биде интересно, зошто секој протест без разлика за што и да се однесува им вродува со плод :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom