Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
веројатно од некое македонско гласило била објавена таа преполовена бројка
но, како и да е само пред атинскиот универзитет и тоа првиот ден протестираа 3000 студенти заедно со професорите , а заменик министерот на образование по барање на Самарас си поднесе оставка
пред тоа студентите со диви портокали гаѓаа кон парламентот во знак на протест - а потоа следеше и оставката
Инаку допрва се организираат масовни и тоа низ цела држава- сите на улица -ученици, студенти и професори- ќе биде интересно, зошто секој протест без разлика за што и да се однесува им вродува со плод :icon_lol:
Ама гарант и они вака почнале со студентски кафе-муабет пред некој факултет, па губеле време на институционална борба, а протестите ги оставале за крај ептен како крајна нужда :icon_lol:
 
https://www.facebook.com/events/1507509819536204/?ref_newsfeed_story_type=regular

Студентскиот Пленум по повод 17 ноември - меѓународниот ден на студентите, ве повикува на голем студентски марш, преку кој ќе се обидеме да го произнесеме ставот на студентите околу најавените реформи во високото образование.

Додатно, овој студентски марш има за идеја обединување на студентското тело во Македонија, потенцирање на проблемот околу (не)репрезентативноста на СПУКМ и поттикнување на студентскиот активизам.

Во таа насока Студентскиот Пленум го повикува секој студент кој што се чувствува обесправен да земе учество во овој марш и со тоа да го покаже своето несогласување со најавената реформа.
Ние сметаме дека одбраната на студентските права не е само потреба, туку е и обврска на секој студент!
Затоа да се појавиме на овој марш, да ги одбраниме нашите права, а со тоа да покажеме дека студентите не се пасивизирана маса чија единствена цел е стигнување до парчето хартија наречено диплома, туку дека се свесни и активни чинители на едно општество и не дозволуваат да бидат обесправени во рамките на истото.


Студентскиот Пленум апелира студентскиот марш да биде мирен, со што ние како идни академски граѓани би го изразиле нашиот демократски капацитет.
Исто така Студентскиот Пленум смета дека на маршот секој треба да маршира како студент, а не како партиски полтрон, па затоа апелира секој присутен да се повикува на својата единствено значајна книшка- индексот!


Само ако не сте дошле вие што кукавте дека не се превзема ништо конкретно! ;)
 
Последно уредено:
А која ќе биде рутата ?
Каде точно ќе биде местото на собирање ?
Бар на евентот не најдов ништо за ова...
 
Место на собирање ќе биде споменикот Кирил и Методиј. Ќе се иде до МОН. По кои улици точно не знам.
 
Им текна нешто поконкретно конечно.Ај да видиме сеа што студенти сме...
 
Јас стварно се надевам на масовна излезеност. Ако и сега студентите не излезат во голем број, тогаш стварно не заслужуваат да се нарекуваат академски граѓани. Настанов шернат и споделен на мојата група.
 
За мене задоволително ќе биде и бројка од околу 1000 студенти. Дури можда и нема да бидеме толку, али да речеме се надевам минимум 700-800. Многумина ќе се вадат со тоа дека имаат предавања, ама еве и јас и уште еден куп луѓе ќе имаме предавања, но нема да идеме. Бидејќи вреди да се испушти предавање. Ако некој има некој идеи во врска со настанот на 17ти, бујрум во вторник на пленум, секоја идеја e добредојдена. :)
 
За мене задоволително ќе биде и бројка од околу 1000 студенти. Дури можда и нема да бидеме толку, али да речеме се надевам минимум 700-800. Многумина ќе се вадат со тоа дека имаат предавања, ама еве и јас и уште еден куп луѓе ќе имаме предавања, но нема да идеме. Бидејќи вреди да се испушти предавање. Ако некој има некој идеи во врска со настанот на 17ти, бујрум во вторник на пленум, секоја идеја e добредојдена. :)
Каде и кога во вторник?
 
Чисто колку да кажам уште од првиот пленум имаше луѓе што сакаа да се оди на марш/протест/што и да е, а не само да дискутираме. Овој пленум сега рекоа дека ќе биде најверојатно последен, ќе видиме што по него. Реално нема веќе што да се дискутира се е кажано, министерство не дава конкретен предлог, мора да им се каже дека едноставно на доста студенти( сигурно повеќето) не им се допаѓа.

рутата
10612870_1560011934229090_7251427003933044078_n.jpg
 
@blue ladybug Сепак, не е утре, туку во среда од 12 часот. Ја лошо сум видел. Прво пишаа на 12ти во вторник и мислев датумот го згрешиле, ама уствари денот го згрешиле.
 
Na nastanov na Fb 1.7 iljadi napravile attend od 18000.dve iljadi da se sobereme ke bide enormen uspeh vo opstestvovo nalik severna korwja
 
Na nastanov na Fb 1.7 iljadi napravile attend od 18000.dve iljadi da se sobereme ke bide enormen uspeh vo opstestvovo nalik severna korwja
Мислиш ќе дојдат сите 1800? Или колку и да се...ќе има уште повеќе до понеделник, ама финтата е од тие ако дојдат пола ќе биде супер. :)
 
Ја сто пати го шернав ова на фб, ама колегиве поише се тангираа околу колоквиумите отколку за ова. Браво, не знам што да кажам!
Се гледаме во понеделник иначе, се надевам дека ќе не има во задоволителен број. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom