Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Здраво драга моја виртуелна другарке. Одамна ти немам пишано, незнам ни јас зошто, немам некоја посебна инспирација, а и има премногу паметни, дремат тука и за секој мој пост испишуваат по 3-4 поста. Тоа мене не ми годи, а не ми ни пречи, и со нивното и без нивното мислење јас останувам ист, тоа не ми мени ништо во животот.
Денеска било ден на вештерките, па сите се маскираат, што чудо е тоа, нешто ново. За 2 години ова ќе се смета за државен празник = неработен ден.

Чао :)
 
Драга К, како да им објасниме на твоиве членови што изигруваат новиот Мартин Лутер Кинг дека и праење дупли јузери е забрането на форумов ама сепак ајде ги толерираме иако мислат дека никој не ги знае кои се? И дека кога ќе се регистрира трол спамер со дискутабилна меил адреса самиот систем има функција да го кине сосе МИСЛЕЊА а модераторите ни бришат ни банираат? :(

Досега ниеден од нас 20-30 што сме горе нема успеано, се бара јунакот што ќе покаже како.
 
Ај сега и тие што не пријавиле насилство ќе се казнуваат. Што е следно? :confused:
 
Драга,
Не сите бебиња се убави:cenzura: There I've said it.

Инаку денес влегов во канцеларија на МВР и теткицата додека ми оправаше документи испуши 3 цигари. Во канцеларија да. А види мислев забрането е.
 
Драга,

Кажи ми дали е фер некој да те замара кога имаш слушалки пукнато во уши и плус си со книга пред тебе? Дали тоа на некому му дава знак дека јас сум расположена за муабет? Дека ме занима кој е, што прави, што јадел, што учел, што работел?
Не!
Има некои кои мислат - да!
 
Не знам што вируси фатил компјутерот дома, ама на фејсбукот на татко ми се објавило некое порно и се истагирале 50 пријатели, од кои скоро сите возрасни. :LOL: Каде чепкал кој го знае. :pos:
 
Kaко тргнало деновиве сето на баксуз нека сиби мамата. Вчера одевме со Божино со бесплатниот воз за студентиве, да искористиме демек, и од цела тајфа студенти, таа вработената мене најде да ми го испита салам индексо и да ми препречи-Дете до Нова Година ти важи нештово, немаш запишано семестар. Реков само ОК-иако си велам вум, кој црн семестар бе тетке, некни шо се вели завршив....
.
Причината заради која одевме со возот беше да си земиме уверенијата демек шо дипломиравме. Ко ми го дава уверението вработената од таму, утнат индексот скроз на скроз ито на две места еднаш 354, друг пат 286 а јас 264...... То се вика џабе одењето до Битола, па ајде нареднава недела да сум се приврател ок ќе било.

Сега пред сат време одиме в чаршија за на свирка демек кај другарчината шо свира од се и сешто рок по нешто, ко пробувам да ја заклучам колата со то централното на дугме, не бива. Пробувам пак, пак не бива. И така едно 50 пати и ништо. Клучот не е во игра затоа што пред едно време време се погоди некој деген шо проба да ја отклучи за да го штави радиото, па ја начукал то ,,дупката" со железа кои света падапија не ги вади.

И така си дојдовме дома ко мисири и моментално место да пијам пиво пијам чај од Нане.
(n)
 
Последно уредено:
Аман со вирусов еј надуен сум ко балон,да не зборам тоа што сум жив ненаспан.Обично ме држи ден два,ама еве више пети ден не пушта маме му.Нема везе ја битно за утре се договорив за у кафана на музика,само со кој памет се договарав не знам:facepalm:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom