Бејби,
Јас си стигнав назад во Америчката дома

It's good to be back.
Сега можам да кажам дека мислам дека Скопје изгледа ок. Не дека го сакам барокот нешто многу многу, ако ме прашаш мене, јас сум ти поише за модернистичка инфраструктура. Ама, искрено, не изгледа лошо. Барем се` се уклапа заедно некако. Бев во 2 музеи и стварно се супер направени. Темната атмосфера особено ми се свиѓа

Водичите се ок, а и ефтино многу. Знам дека луѓе јадат гомна, ама мислам дека е ок што се гради увелико. Само сакам нареден пат кога ќе дојдам да биде се` готово по можност
Исто така можам да кажам дека дефинитивно не би се вратила да живеам во Скопје. Убаво е вака да дојдеш да го посетиш, да видиш се` што е ново и убаво и да пробаш да го игнорираш она лошото зашто не сакаш да се нервираш за краткото време што си таму. Да излезеш да се видиш со луѓе на кои реално си им фалел, а и со оние со кои знаеш дека ако си останел таму, ќе си се видел може 2 пати во 2 години и тоа на поминување на улица. Во секој случај, (скоро) сите ти се радуваат кога ќе те видат. И убаво е чувството да знаеш дека им значиш на луѓево. Негативните работи сега за сега ќе ги изоставиме
Нешто што сфатив додека бев таму е дека беше многу лесно да се вратам на старата јас. А искрено, не ја сакам многу многу. Поинтересна е и позабавна, ама ѝ помина времето. И не само што беше лесно да се вратам на старата јас, мислам дека да не си отидев, ќе си останев старата јас. Во Скопје никогаш не би се изградила како личност. Како заради начинот на живот, така и поради луѓето кои ме опкружуваа. И мило ми што си отидов, зашто сега многу повеќе си се сакам себеси и личноста која што сум.
И кога сме веќе кај личноста, неможам а да не се прашам зашто луѓево сфаќаат после 2/3.... 6 години дека сум ок човек и дека им значам и дека не требало да го направат тоа што го направиле? Кај им беше паметот пред тоа? Јас сигурно нема да седам и да чекам на некој да му текне дека уствари ме сака и му значам. И да, криво ми е што го боли што си одам и му е тешко и ќе му фалам. Ама, каде беше кога мене ме болеше и патев и плачев? Си излагаше со другарите и се заебаваше и ич не му беше гајле... Епа, извини, ама неможев јас да чекам со години да созрееш и да станеш човек со цели во животов. Си најдов личност која си сфати од прва дека не треба да ме пушти и дека вредам. А ти, се надевам ќе си најдеш некоја, зашто заслужуваш да бидеш среќен.
А сега, време да се фокусирам на работа и селење. Или обратно. Ама така нешто
