Што да не и во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
hahahha.jpg ova kaj nas nikad ili moze u naredni 100 godini ako ziame minimalna plata 2000 evra
ustfvari i 10000 evra plata da ziame ne sme stvoreni za vakva kultura nema da izleze toa ajduckoto od nas i toa max da iskoriti se
 
Епа ај еве кажи што да променам кај себе? Не сум пензионер и не користам бесплатно возење со автобус за прошетки низ Скопје (BTW ни еднаш до сега не сум се возел без да платам карта), никогаш не сум отишол на место каде нешто даваат гага и не сум полнел торби за дома од истото, особено не кепачи и мајонези од McD, и не сум присуствувал на „појадок на мост“, ниту имам желба да присуствувам. Што од овие навики да променам за да бидам промената што сакам да ја видам во светот?

Браво за тебе. А зошто се водиш по тој кодекс?
 
Тој, твој арбитрарен кодекс кој ги сублимира работите што си ми ги наброил.
Тоа беа истите работи кои ги набројав во мислењето пред твоето - дадов примери заради кои сметам дека нема да ја биде иницијативата. Ти во твоето мислење ме стави во кошот со останатите кои пишаа пред тебе, велејќи дека не сум бил во право што „не не бивало како народ“ и дека требало „нешто да променам кај мене“. Затоа ти ги набројав истите примери, прашувајќи те што конкретно да променам, но не добив одговор туку мудрување од твоја страна. Кои „арбитрарни кодекси“, кои сини очи, оооо ти? Во какво стаклено ѕвоно те затвориле?
 
Тоа беа истите работи кои ги набројав во мислењето пред твоето - дадов примери заради кои сметам дека нема да ја биде иницијативата. Ти во твоето мислење ме стави во кошот со останатите кои пишаа пред тебе, велејќи дека не сум бил во право што „не не бивало како народ“ и дека требало „нешто да променам кај мене“. Затоа ти ги набројав истите примери, прашувајќи те што конкретно да променам, но не добив одговор туку мудрување од твоја страна. Кои „арбитрарни кодекси“, кои сини очи, оооо ти? Во какво стаклено ѕвоно те затвориле?

Извини вака, али глуп си.
 
Абе @Cool@чо, тука плаќаме двојно за еден производ, а никој не го јаде на крај (мувла, листерија или бубашваби ќе најдеш внатре), ти за ваква идеја мислиш ќе се дочепаат?

Они тврдат дека ја копираат Европа, да, ама само оние работи кои им одговараат.
 
Прво нека стават нормална цена на кафето. Треба да дадам 160 денари а да испијам само едно кафе. Боље на улица да ги фрлам тие 80 денари, може некој попродуктивно ќе ги искористи. :D

Шала на страна ова не е за кај нас, зашто со овој менталитет теорија нема да успее ова. И ако веќе почнуваат вакви акции нека почнат од леб, млеко и такви производи, а не од кафе еспресо, џек дениелс и кавијар. Инаку вака како замисла океј е, ми се допаѓа.
 
Не знам дали на бездомниците им е попотребно еспресо или храна, ама ај.Ако се толку хумани газдите на кафетерии и ресторани/сендвичари, барем 0,7% хумани од вредноста на нивниот возен парк, можат да ги ранат секојдневно за појадок, ручек и вечера бездомниците.Посебно во помалите места кои и не се во некој голем број.Од друга страна, чива е одговорноста за бездомниците и воопшто постоење на таква група луѓе?Кругот е со ист почеток и крај.
 
Гледам сите сте скептични. И до некаде во право сте. Поголемиот дел од луѓето кај нас се такви.
Но нели мислите оти има барем малку надеж за вакво нешто да успее кај нас?

Се коси со логика.
Можеш да замислиш како сите влегуваат во кафич нарачуваат сеспресо и немаат пари да го платат?
 
има уште многу - што да не И во МКД
само- убаво кажа Рудници и,
„чива е одговорноста за бездомниците и воопшто постоење на таква група луѓе?Кругот е со ист почеток и крај„

На пример, што се прави со старите батерии - постојат ли пунктови каде да се оставаат?
НЕ
ако владата толку е загрижена за здрава животна средина- зошто не зафати со кампањи од тој тип??
поаѓајки од тоа да батериите во себе содржат тешки метали- и да една -само една батерија прави штета на околината - односно загрозува околу 20 кв.м. земја-
Наместо да се фрлаат во сметот, а потоа се’ заедно да се гори - па тие токсични гасови да идат право во атмосферата, зошто тогаш не поведат сметка , душебрижниците ?:icon_mrgr:
utilizaciya_batareek.jpg
 
Глупа идеја а богами и лицемерна.

Ако се толку хумани тие газдите на локалите нема ништо да ги кошта по неколку кафиња или чаеви на ден да ги дадат на социјално загрозените (патем имаат минимум 200% заработувачка од едно кафе) кои иако се гладни прво нешто што им текнува во денот е да се напијат еспресо и после ќе пејат let the sunshine in.

Големите дисконти/самопослуги со купи пола штосот може на пример исто така по неколку души дневно да ги снабдуваат со оброци бидејќи сите лебови во денот не се торшат, зеленчук и овошје, роба на која и изминува рокот, се тоа завршува в ѓубре или се менува амбалажата.

Ваквите работи се измама, поарно донирајте во црвен крст дали стара облека, гарнитура, пари не е битно.

Таа емисијата што им ги реновираат куќите (акција некоја се викаше) е тоа е веќе нешто друго, за жал во македонија незнам колку би успеело вакво нешто бидејќи веќе нема ни средна класа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom