Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
@RogerBacon во врска со 10те години,колку што знам јас,Библијата учи дека Бог својата моќ за гледање на иднината ја користи по потреба.Што значи,ако Бог сака да те заштити,а по Х причина ти се заканува животна опасност,Он ја користи таа можност да ја види твојата иднина и да реагира.Ќе ти кажам пример.

Не знам колку знаеш,во 2001ва блиску до стадионот во Тетово,има кошаркарско игралиште,две македончиња(деца) играа кошарка,ОД ОВИЕ НИВНИТЕ од кола со калаш го изрешета едното.Додека овој пукал,на другото дете пред него му се појавило светец(мислам дека беше Св.Архангел Михаел) и му се обратил со зборовите ,,Не ти,има време за тебе''.Koга ова му го кажал детето било турнато НЕКАКО на земја и куршумите му поминале до лице.Еден ден во црква со неговите родители заминало на литугрија,пред сите рекло ПА ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ МЕ ОБОРИ НА ЗЕМЈА ТОГАШ... го видел светецот насликан на ѕид.

Ова е вистинска случка,може слободно да провериш ако не веруваш,а вакви знам многу,само знаеш,ќе се злоупотреби мојата добра воља за споделување факти па затоа нема да кажам други пример.
 
@MIKI1[/USER]
Вака, дали Бог знае јас што ќе направам за 10 години, на денешен ден, во овој саат?

Патем, фала Богу ( :ROFLMAO: ) една асална дебата.

Да, Бог знае што ќе сториш во иднина. Тоа не значи дека Он веќе ти ја предодредил иднината во секој нејзин детаљ, како однапред предодреден редослед од настани, кои не можат да се променат со човечка интервенција.

Бог ја гледа иднината на сличен начин како што ние го паметиме минатото во нашето сеќавање, што значи дека Он ја гледа можноста за случување на одреден настан, како „исечок„ од филм, но не и како неизбежен/фаталистички след од околности.

Во Црквата, идните настани кои се објавени од Небесета и забележани во Писмото, ќе се случат 100%-тно и незибежно.
Пророштвата од Светиите пак, можат да се случат. но и не мора да се случат, заради оставената слободна волја од човекот да стори нешто за своето поправање и спасение.
 
Една работа е да веруваш во Бог а сосема друга работа е да тврдиш дека ти знаеш како Бог размислува, како го гледа светот и настаните во него. Од каде ти тебе толкав авторитет да тврдиш дека знаеш како Бог функционира?

И какво е тоа пророштво кое може ама и не мора да се оствари? Кога нешто навидум претскажано ќе се оствари го земате како доказ дека Библијата е вистински збор на Бог. Кога нешто нема да се оствари - слободна воља.

Win - Win.
 
Благиот Бог, по своето човекољубие, ни открива нешта кои можат да ни послужат за спасение, во мерка во која можеме да ги „носиме„. Начинот на кои Он ни ги објавува вистините, го знаат само достојните, на кои Он им се објавува, а достојните ги пренесуваат тие Божји објави до Црквата па оттаму (до некаде) знаеме како Бог ги гледа нештата.

Пророштвото, објавено преку поединец а кое не мора да се оствари, секогаш е поврзано или со човеквото покајание или со човековата слободна волја: да прифати или да одбие она кое Бог го предложува.

Пророштвото кое е објавено и запишано од Црквата, се остварува целосно. Таков е примерот со Откровението Јованово, кое се одвива пред нашите очи.
 
Откровението Јованово се одвива пред нашите очи 2000 години и никако да дојде тој судниот ден.
 
Мики како се станува „достоен“?
И нели се` што се случуваше е волјата господова, значи дали ќе бидеш „достоен“ или не баш и не зависи од тебе туку од волјата.
 
Пророштвото кое е објавено и запишано од Црквата, се остварува целосно. Таков е примерот со Откровението Јованово, кое се одвива пред нашите очи.
A toa e ...?
 
Играш ли шах? Ако играш, знаеш дека може да одиграш кој сакаш потег, но не може да играш нерезонски потези, како топ по дијагонала, кралица на Г или да прескокнуваш преку твоја фигура. Истиот принцип го имаш и тука. Ти имаш слободна волја да правиш што сакаш, но не значи дека сите потези ти се исправни. Затоа во шахот имаш правила на игра, а во животот ги имаш Десетте божји заповести, Двете најголеми христијански заповести и Евангелијата. И по тоа треба да се раководиш дали твоите посапки се исправни или не се.

го почитуваш ли ти шабатот, и ги каменуваш ли до смрт оние кои не седат мадро на шабат? ако не, огненото езеро не ти гине.
Дилемата на Дејвид Хјум, а?

Ако Бог сака да го спречи злото, но не може, тогаш е немоќен. Ако може да го спречи злото, но не сака, тогаш е злобен. Ако може и сака, зошто тогаш постои зло?
Надкур го поставил истото прашање уште 2000 години пред хјум, пред аврамските глупости да дојдат во европа. а човекот само си садел патлиџани во дворот, не ни знаел колкава е васељената.
Epicurus1.jpg
 
Надкур го поставил истото прашање уште 2000 години пред хјум, пред аврамските глупости да дојдат во европа. а човекот само си садел патлиџани во дворот, не ни знаел колкава е васељената.
Epicurus1.jpg

Oбјасни како можел Надкур да сади патлиџани.
 
Oбјасни како можел Надкур да сади патлиџани.
од големата поплава дошле семки од патлиџан од америка во дворот на Надкур , носени од водата.
 
Тоа е „она„ кое помодно се именува како „глобализација„: значи, планетарен неповратен процес на униформирање на човеквото битисување (речиси исти закони, речиси исти прифесии, конзумирање исти производи и забава...), напуштање на сите „застарени„ традиционални и национални модели на живеење, масовно медиумско перење умови, се‘ помасовна обезбоженост, се‘ помасовна склоност кон демонизмот, непрекидно војување, зачестени природни непогоди, вештачки предизвикани кризи, државни удари и сл.[DOUBLEPOST=1414523319][/DOUBLEPOST]
Мики како се станува „достоен“?
И нели се` што се случуваше е волјата господова, значи дали ќе бидеш „достоен“ или не баш и не зависи од тебе туку од волјата.

Достоен се станува преку откажување од своеглавоста и од Светов и препуштање/почитување на волјата Божја.

Волја Господова е тоа што Он не‘ повика на повторно заедничарење со Него, а дали тој повик ќе го прифатам или одбијам, тоа е моја одлука и избор.[DOUBLEPOST=1414523426][/DOUBLEPOST]
Откровението Јованово се одвива пред нашите очи 2000 години и никако да дојде тој судниот ден.

Судниот ден ќе дојде кога „...времињата ќе се исполнат...„, што значи, ќе дојде кога ќе бидат исполнети одредени предуслови за тој чин.

Не брзај никаде, имаш време за преумување, а Судот ќе се случи несомнено.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom