Играш ли шах? Ако играш, знаеш дека може да одиграш кој сакаш потег, но не може да играш нерезонски потези, како топ по дијагонала, кралица на Г или да прескокнуваш преку твоја фигура. Истиот принцип го имаш и тука. Ти имаш слободна волја да правиш што сакаш, но не значи дека сите потези ти се исправни. Затоа во шахот имаш правила на игра, а во животот ги имаш Десетте божји заповести, Двете најголеми христијански заповести и Евангелијата. И по тоа треба да се раководиш дали твоите посапки се исправни или не се...
Аналогијата ти е во ред, ама во тој случај земи во предвид дека мојот противник не знае што ќе одиграм, не знае дали ќе се отворам со Смит Мора или со типична италијанска игра на неговата сицилијанска одбрана. Паралелно на тоа, јас можам да направам илјадници избори за тоа како ќе ја играм играта иако морам да ги почитувам правилата.
Но ако противникот знае се' и е семоќен, ќе ги знае моите избори и ќе знае дали ќе направам исправни или неисправни потези, а согласно на тоа ќе знае и кој од нас ќе тепа.
Е сега, однеси го ова еден чекор подалеку.
Во ситуацијата, противникот ме создава мене и го создава шахот и ги создава правилата. Моментот кога ме создава, знае што ќе одиграм и како ќе одиграм, он ги создал правилата и шахот, можел да создаде табла и место мене да го создаде Латас притоа знаејќи кој зар Латас ќе го фрли и како ќе заврши се', вклучувајќи ја способноста да го смени тоа во секој даден момент ако сака.
Бог знае кои потези ќе ги направам јас? Ако знае, нели е само илузија дека јас бирам што ќе играм? Потоа, Бог може да го смени тоа во секој момент, законите, моите мисли, моите потези и начинот на кој јас сакам/умеам да играм бидејќи е семоќен.
Дилемата на Дејвид Хјум, а?
Ако Бог сака да го спречи злото, но не може, тогаш е немоќен. Ако може да го спречи злото, но не сака, тогаш е злобен. Ако може и сака, зошто тогаш постои зло?
Ако претпоставиш дека не постои Бог, злото, страдањето и болката би биле апсурдни, а со самото тоа и целата Вселена. Доколку злото изгледа страшно со Бог, колку би било страшно без Него?
Што мислиш, зошто постои злото? Доколку немаше зло и сѐ на овој свет ти беше таман, секогаш најаден, наспиен, здрав, без да мора да 'рмбаш, секакви убавици околу тебе, пари, коли и патувања, секакво изобилие во храна и пиење, без болести, страдања и неправди во светот, дали воопшто и ќе размислуваше за Господ и за другиот свет. А и зошто би размислувал, кога овде за тебе би бил Рајот? Би го нашол сето свое задоволство на овој свет и овој свет потполно би те задоволил. Прашањето за Бог нема воопшто ни да ти паѓа на памет, а камоли пак да размислуваш и да дискутираш по форуми. Твојот поглед воопшто нема да биде усмерен вон границите на овој свет - тој бил бил твојот земен рај и твојот Бог.
Злото те спречува да го најдеш своето задоволство на овој свет. Она што е добро во светот ни ја дава идејата за Божјата реалност, а она што е зло, ни дава уверување дека таа реалност, бидејќи не се наоѓа на овој свет, мора да се наоѓа надвор од неговите граници.
Тогаш злото е потребно и нужно. Чуму ондак таква негативна перспектива за злото и осудување на злото ако тоа постои со причина? Зошто лошите луѓе/Сатаната да бидат осудени кога тие се само продолжена алатка на таа кауза и филозофија?
Сепак доаѓаме до заклучокот дека не можеш да го казниш нештото кое го оставаш намерно со причина и цел. Според ова што го кажуваш, индиректно признаваш дека Господ нејќе да го спречи злото со цел да мислиме на него од негови Х причини.
Сево ова не го побива аргументот дека Господ го создал злото и го остава злото ако е сезнаен/семоќен.
Истата грешка постои во концептот за карма.
Ако некој те убие, тоа е лошата карма која си ја навлекол во овој/минатите животи.
Зошто тој што те убил да си навлече себеси лоша карма кога тој само ја извршува твојата карма? Или кармата како концепт е нефер или е погрешен и контрадикторен.
Некој згрешил прв и тоа влијаело на сите останати и нивните карми со тоа што ја навлекол првата лоша карма. Ако во ситуацијава (правам аналогија), Сатаната згрешил прв, а тој самиот е инициран од Бог, првиот иницијатор на се' е Бог, без разлика дали го направил тоа намерно (сезнаен/семоќен) или ненамерно (несезнаен и несемоќен).
Примерот со шахот погоре и мојот одговор покажуваат дека во универзум во кој Господ може се'/знае се' и е креатор на универзумот, правилата, материјата и буквално све, моите потези, јас, правилата, шахот и се' останато се под негова контрола и се такви какви што се бидејќи Тој го сака тоа.
Исто така тој ги знае сите мои потези и мои мисли бидејќи е сезнаен. Знае и како ќе заврши цела партија уште кога го создава шахот/мене/правилата.
@MIKI1
Вака, дали Бог знае јас што ќе направам за 10 години, на денешен ден, во овој саат?
Патем, фала Богу (

) една асална дебата.