Da se raboti za 12000 BTU. Prvite FONKO bea prefarbani LG, moive pojma nemam cii se, samo znam deka kompresorot e na TOSHIBA. So vcerasnoto merenje ispadna deka e uste poekonomicno greenjeto: za 15 casa potrosi 10 Kw/h , dodeka TERMOROT potrosi za 14 casa 14 Kw/h. , znaci i povece od 40% poekonomicno.
Mногу љубам кога некој вака конкретно ќе постави потрошувачка. Плус одлично може да направиме споредба на потрошувачка на клима (топлинска пумпа) наспроти панелна греалка.
Само сакам да обрнам внимание на разликата во моќноста. Таа старата клима е декларирана на некои
~3.5киловати топлина со некоја средна потрошувачка од 1550W струја (со варијации од 900 W до 1700 W).
За разлика од нејзе TERMOR панелката троши 2.5 KW струја, и дава некои 2.5 KW топлина (нешто помалку всушност, конверзијата никогаш не е 100%).
Математиката е јасна, дури и 15-20 години стара клима има COP фактор од барем 2 запирка нешто... со што е повеќе од двапати поштедлива од сите варијанти на ѕидни панелни греалки, или кварцни греалки, итн греалки на струја.
Од греалки на струја само термо печките може да се поштедливи, ама само ако се пуштаат да акумулираат топлина
исклучиво на евтината тарифа на струјата (и да не се пуштаат да дуваат топол воздух прку ден).[DOUBLEPOST=1414489717][/DOUBLEPOST]
@zelenko со среќа и успех да се користи новата клима. Еве на што мислеше Др Змиго, со ниско поставување на климата:
(од еден линк поназад објавен од Стрелец)
Внатрешната единица го зема поладниот воздух од долу, и многу поефикасно го размешува воздухот во просторијата. Тоа доведува до повоедначена температура низ целата просторија (пошто топлиот воздух нели, секогаш иде нагоре).