Ај една моја анализа за поразов:
Голем дел од вината треба да ја сноси Енрике,зашто?-Затоа што прва грешка според мене му беше ставањето на Суарез во први 11 и на резултат од 2-1 ние немавме алтернатива некој да влезе да направи некоја драстична промена.Исто така,грешка му беше што требаше Иниеста да го замени со Ракитич,а не Чави.Значи замениве му беа очај.Друго,играчите беа пуштени на терен без никаква стратегија и без никаков резервен план во случај ако губиме.Мотивација катасрофа,како да играме против некој 3 лигаш се однесуваа играчите.Конфузно,анемично,неорганизирано,раштимано делуваше Барса.
Поголемиот дел од вината ја сносат играчите,поточно дел од нив.
Одбраната крш,за Пике незнам што да кажам,толку глуп и мизерен пенал незнам како направи,а што е најтрагично ваквиот кретенски потег не му е првпат,многу пати му се има десено вака да пафта со рацете во шеснаесетникот.Алвеш и тој очај невиден.Матје беше средно просечен,а Мескерано беше еден од подобрите на натпреварот иако некои тука му ја препишуваат грешката што ја направи Иниеста.
Средината олку слаба ја немам видено,Иниеста не знаеше кај се наога.Директен кривец за третиот гол! На неколку наврати требаше да потегне за брза контра,а тој си ја пимпла мислиш водиме 3гола разлика.Исто така главен кривец за неколку уништени контри.Ретко тролам и критикувам играчи,ама Иниеста беше флоп оф де меч дефинитивно.Најслаба негова партија од кога пратам фудбал.Буски слабо,Чави просечен.
За нападот незнам што да кажам.Нејмар даде добар гол,али после тоа се изгуби.Суарез нема играно пола година оправдано просечен и стојам зад тоа дека ако влезеше 60-65мин ке направеше многу повеќе.Меси и тој просечен.
Во кратки црти тоа е тоа,треба Енрике да се запоти малце и да смени нешто во тимов,зошто на два поважни натпревари Барса прима 6 гола.Само "добро"е што сме на почеток од сезоната и имаме време за поправен.