Прво вака, постојат една или две слични теми, но мислам дека поентата на оваа тема е малку поразлична, ако администраторите го сметаат спротивното, тогаш ќе ми простите на грешката.
Второ, насловот е дискутабилен околу терминот „перспективен“, на сите ни е јасно дека не е се во факултетот, голем дел е во индивидуата која го студира и милион други фактори но да го тргнеме тоа настрана.
- Информатика(ФИНКИ, ФЕИТ и другите слични факултети во државава) моментално се синоним за перспективност, технологијата е во подем, има недостаток на работна сила од типот на програмери, ит менаџери, систем администратори и т.н. како во републикава така и надвор од неа.
Но оваа година огромен број на студенти се запишаа токму на овие факултети, и тргнувајќи од тоа каков ни е образовниот систем во нашава држава, најголем дел и ќе дипломираат посебно оние на УГД и УКЛО и секако приватните, тоа ќе резултира со огромен број на „информатичари“ и „ИТ експерти“ од кој дали само половината ќе бидат доволно квалификувани за титулата што ја носат.
Моите прашања се дали ИТ секторот за неколку година ќе го добие она со кое сега се соочуваат економистите и правниците ,а тоа е пренатрупаност.
- Машински, Електро, Градежен, слични поенти важат и овде со исклучок на тоа што има многу помалку студенти од Информатика.
- Медицина, нешто што ме загрижува, дали Р. Македонија произведува огромен број на кадри што се неквалификувани и општо огромен број на кадри кој понатаму ќе бидат без работа или ќе бидат принудени да ја бараат надвор од државата.
Од вас би сакал да го слушнам вашето мислење за тоа кој според вас е најперспективен ,а воедно и квалитетен факултет, професија, област, значи зборуваме за објективно гледање врз работите, а не работи од типот на зависи кои се интересите на индивидуата или неговите способности и квалификации. Јас наредната година треба да се запишам на факултет и искрено се мислам помеѓу неколку опции(медицина не е меѓу нив, без грижи
), кое е вашето мислење за сето ова?
Слободно дискутирајте за факултети надвор од горе-наведените, истите ги спомнав како пример.