Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Еве јас нема да користам срања во моето изразување и ќе се обидам да ти подобјаснам. Поентата на методите е да се избегне повторување на еден исти код повеќе пати. Предпоставувам дека си бруцош, многу добро позната ми е задачката од првите лабораториски по СП.
Ако сакаш да не креираш објект се додека не е исполнет условот, а да направиш проверка со повикување на метод од класата, тогаш решението ти е статички метод (не знам колку си запознаен). Статичкиот метод може да се повика без за се инстанцира објект од класата.
Ако тоа е целта на задачата, тогаш можеш така, да провериш со статички метод дали е триаголник, па ако е, направи инстанца Триаголник.
Од друга страна, доколку се бара да се дозволи креирање на инстанца од класата и без да го исполнува условот на задачката, тогаш можеш да направиш инстанца од триаголник, па да провериш дали го исполнува условот и да печатиш некоја порака. Битно е да разграничиш што точно се бара во задачата.
 
Е сега појасно е :) не знам само дали статичкиот метод мора да прима и статичка променлива, или? што би требало да прими во случајов? обични вредности (внесени како double a,b,c)? барањето е да се креира триаголник само ако е исполнет условот :)
 
Ајде вака, да почнеме од за кој јазик се работи, имате ли воопшто учено за статички методи?
Инаку статичкиот метод прима обични променливи. Има разлика од static кај променлива до static кај метод, ама да не те преоптеретувам сега, ако не ви го спомнале професорите...
 
Добро де првично поинаку го сфатив инаку добро ти објасни колешката.
Извинење за моите срања ... често така се изразувам. Често си ги именувам променливите по полови органи исто така незнам зошто ... и после морам кодот да го менувам за да биде презентабилен пред професорите :)
 
@ТхеТекнувало
За ИП прашуваш така ?
Задачите им се лошо дефинирани, па не е наведено каде тој метод треба да се наоѓа. Затоа најдобро е да креираш статички метод, како што ти кажаа погоре кој ќе се наоѓа во класата каде што ти се наоѓа main. Значи еве го со некој си псведокод како би било, барем како јас ја решив денес на лаб.
public class KlasaSoMainMetod {
public static boolean daliSeFormiraTriagolnik( strana1, strana2, strana3)
{//ovde proverkata i vrakjas true ili false
}
public static void main(String args[])
{
Triagolnik t;
if(daliSeFormiraTriagolnik(strana1,strana2,strana3))
t = new Triagolnik(strana1,strana2,strana3);
}
}
Во случајов методот за проверка мора да биде static, бидејќи го повикуваме од функција (main) која е статичка. На кратко, не можеш да повикаш метод кој не е статички во истата класа од метод кој е статички, бидејќи статичкиот метод е единствен за целата класа (сите објекти од таа класа го делат)
па ако методот за проверка не беше статички, немаше да се знае од кој објект да се повика методот.
Можда е малце браинфак објаснувањето ама тоа е тоа :D.
Само обрни повеќе внимание на тоа ID-ата на триаголниците да бидат секогаш различни, начинот на кој сме го направиле тоа им беше "најбитен" на демонстраторите.
 
Колеги сегашни, идни, а и останати читатели. Редовен читател сум на сѐ што било напишано за ИИ, ПМФ, ФИНКИ и сл. теми тука, а и на други места во светов. Не мислам да коментирам, или реплицирам на пораки од минатото, ни кога некој ме критикувал :) едноставно решив само да се пријавам да не рече некој дека само потајно ги читаме ваквите содржини и потоа ги оговараме на факултет со другите членови на наставниот кадар :)

Читајќи многу од пораките, човек може да стекне впечаток дека студентите се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат и дека мора по огласи да бараат помош за предметите, бидејќи никој ништо не им кажува на факултет и никаде ништо не може да се најде. Напротив, комуникација и дискусија и желба за истото има и тоа многу, само некогаш може да се случи да се заборават некои работи и да се нема доволно елан да се задржат вредностите што постоеле. Некогаш едноставно има премногу барања од премногу луѓе и е невозможно да се одговори на сите веднаш.

Во минатиот милениум - кога бев јас студент на додипломски студии, ни беше дадена слободна можност да си изградиме сопствен систем во рамките на нашиот факултет, со ресурси дадени од факултетот во рамките на кој ќе си комуницираме на кога тема сакаме, да поставуваме и објавуваме што сакаме. Сакале да биде тоа за јавна или за интерна употреба. Имавме и сопствени сајтови, сопствена пошта, дискусиони групи и сопствена администрација - вон контрола на систем инженерите на факултетот и наставниците. Целосно слобода со доверба за држење до некои академски и етички стандарди. Меѓутоа со се помалиот број волонтери кои ќе продолжат со вакви сервиси, и се пореткото нивно појавување (1 таков на секои 6-7 години) сервисите се затвораа и постепено комуникациите се намалија и избегаа наоколу.

Немам ништо против ова, кој каде сака си шета и што сака си прави, но еве објавувам и тука покана - ако постои желба, идеја или иницијатива меѓу некои од вас за волонтирање во рестартирање на вакво нешто (па и во поширок домен и подобро тематски организирано) да функционира на едно место во рамките на ФИНКИ - добивате 100% подршка од мене во тоа да се издејствуваат ресурси од факултетот (имам на ум и конкретен сервер/и кои може да ви бидат на располагање) и добивате помош и совети во реализацијата, вклучително и помош во имплементација. Дури и да сакате имплементација да биде таква, да дава 100% гарантирана приватност без исклучоци (дури и систем администраторите да не знаат) при давањето искрени мислења и критики на работата, и тогаш ќе имате поддршка - повелете обратете се.
 
некој заинтересиран да ми помогне онака "малце" да ја досредам задачката (single листи) по алгоритми, напишана ми е целата само исклучок ми фрла т.е не принта... би му бил благодарен :гик:(очајност е у прашање!):unsure:
 
...
Немам ништо против ова, кој каде сака си шета и што сака си прави, но еве објавувам и тука покана - ако постои желба, идеја или иницијатива меѓу некои од вас за волонтирање во рестартирање на вакво нешто (па и во поширок домен и подобро тематски организирано) да функционира на едно место во рамките на ФИНКИ - добивате 100% подршка од мене во тоа да се издејствуваат ресурси од факултетот (имам на ум и конкретен сервер/и кои може да ви бидат на располагање) и добивате помош и совети во реализацијата, вклучително и помош во имплементација. Дури и да сакате имплементација да биде таква, да дава 100% гарантирана приватност без исклучоци (дури и систем администраторите да не знаат) при давањето искрени мислења и критики на работата, и тогаш ќе имате поддршка - повелете обратете се.

Z|PP|E, како и секогаш, владее. Одлична иницијатива.
 
Некој случајно ако има испитни комбинации од теоријата по Дистрибуирани компјутерски системи, ако може да сподели. Фала однапред :)
 
kolegi ke ve zamolam dokolku nekoj gi ima tocno reseni lab vezbi 1 i 2 po Mikroprocesorsi sistemi ako saka da mi gi prati?
vi blagodaram
 
Дечки прв колоквиум за Алгоритми и структури на податоци и Логичко и Функционално програмирање...што би можел да очекувам кој тип на задачи, теорија?
 
Дечки прв колоквиум за Алгоритми и структури на податоци и Логичко и Функционално програмирање...што би можел да очекувам кој тип на задачи, теорија?
За алгоритми.
Лани немавме теорија на колоквиуми, само задачи. На двата колоквиуми имавме по 3 задачи. На
прв колоквиум имаше една задача со листи, една задача со стек/редица и една задача динамичко.
 
Некој поупатен ако може да ми одговоре:
Моментално сум втора година на УГД информатика,
дали можам да се префрлам на ФИНКИ? (нормално без да почнувам од прва година)
 
Можеш, со тоа што за секој признаен предмет од страна на финки се плаќа по 500 денари. Е сеа нема да ти ги признаат сите предмети, 80% некаде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom