Кога на моја 6-7 годишна возраст бев со мајка ми во банка. Кога влеговме внатре работеа 3 шалтери, а внатре имаше само еден човек со долга бела коса и брада. И ајде јас се чмаам околу мајками, додека таа разговара нешто со човекот позади шалтерот, и и дава некакви документи. Во еден момент мајка ми изговара нервозно
"Леле ги заборавив наочарите, не ми се гледа, како ли ќе ги потпишам сега документиве...?".... и кога тогаш човекот со долгата бела коса и брада, во моментот и ги понудува своите наочари и изговара
"Госпоѓо, не е проблемот во вашите очи, туку во рацете... премногу ви се кратки, затоа не гледате убаво". Мајка ми зема да се смее, и се сврте кон мене и ми рече
"Го знаеш ли човеков", јас таков целиот збунет го гледам дедово, и никако да ми текне од кај сум го видел, кога ја слушам мајка ми
"Ѓорѓи Колозов, сега го познаваш ли?". Ејјј кои радости биле да го запознаеш човекот кој ти го направи детството поубаво, онака ми пружи рака и машки се поздравивме (а јас бев уште куртонче мало), и ме праша како сум, и како се викам. Јас цепаница, од радости ништо не му проговорив, едвај името му го кажав, и се заќутив пак. Виде сирот Ѓорѓи дека ќе треба со клешти да ми ги вади зборовите со уста, па се сврте со мајка ми да прави муабет. Десетина минути додека правеа муабет, не го тргнав погледот од дедото со долга бела коса и брада. Толку беше љубезен што почека мајка ми да заврши работа, па си ги зема наочаритe и излезе низ вратата.
Сабајлево на МТВ гледав од старите МНП, оние од 90-те... човече како ли само глумеше човеков... едноставно уживаше во тоа што го прави, секоја улога му прилегаше, и како Господ, ѓавол, сиромав, кадија, цар... итн. Ѓорѓи, Прличко и Шишков се дефинитивно најдобрите актери кои ги дала земјава, потоа има пет празни реда, па следуваат Дарко Дамески, браќата Чоревски, Џувалековски итн... потоа имаш цел дно од срања, за на крај да завршиш со денешниве ванаби актери... оние што ги гледаме како "глумат" по Канал 5.
Почивај во мир, Легендо... никогаш нема да ги заборавам тие 15 минути гледајќи те тебе, мојот идол од детството
![Плаче :place: :place:](/styles/default/xenforo/smilies/cry.png)