DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Se zaebavam be. Kaj si videl ti 300 studenti na edno mesto?И шо напраивте ?
Шо се договоривте ?
Aha, da, na Ceca na koncert.
Se zaebavam be. Kaj si videl ti 300 studenti na edno mesto?И шо напраивте ?
Шо се договоривте ?
Оти не разбериш дека само еднаш се имаат откажано од нешто, а тоа е продажбата на земјиштето кај Народна Банка, а вакви реформи имаат за цел да направат селекција за тоа кој е подобен за државата, кој не е и многу е тешко да се откажат т.е не е криминал, како што го класифицираа за земјиштето, уште подобра е реформата имаат спремно илјада одговори зошто, демек студентите требало да ги заслужат оценките и слично.Да ама ја зборам за успешно реализиран протест што е потребно,доколку им носи ептен голем негативен публицитет целава реформа и самите ќе се откажат од неа.Во секој случај вмро не губи![]()
Немаше потреба никој да се дере, доволно беше да се качи на споменико, другите сите беа тивки и убаво се слушаше. За јавна дебата нема потреба студентите да бидат некаков правен субјект за да учевствуваат. Секој студент има право да оди на таа јавна дебата, нели, доколку се работи за ЈАВНА. А не, како што реков, средба на министер/заменик министер со „лидер“ на студентите, кој ниту е легитимен, а сосема се нејасни и неговите ставови, секако и интереси. А искрено мислиш дека Слободен Индекс ќе добијат покана за таква јавна дебата?Од тоа што сте збореле произлегуваат неколку проблеми.
-Како тоа очекувате без лидер/и да ја водите институционалната борба ?
Секој студент посебно ќе прати по 1-2 писма во МОН и ќе ги претрупате МОН со писма ?
До кој ќе се испрати поканата за јавна дебата ? До секој студент посебно ? Како тоа очекувате некој вас да ве повика на јавна дебата кога сте ништо (у смисла ако некој се повикува на јавна дебата како претставник од страна на студентите покана прво ќе добијат спуким или да речеме слободен индекс како познати студентски организации, а не вие како недефиниран субјект, ако и уопште може да се нарече дека сте субјект) ?
Штом некој ова го има организирано и башка си превзел иницијатива меѓу вас синојка да дели флаери или што и да биле тоа, тогаш меѓу вас сигурно има некој кој може не е лидер, ама ги влече да речеме конците од позадина, само вие појма немате кој е тоа.
-Дури и да можете без лидери и без дефинираност да ја почнете институционалната борба, кога планирате да ја почнете, се договоривте ли за нешто такво ? Колкав ќе биде периодот на таа борба ? Кога ќе речете дека борбата не успеала па ќе одите на организација на протест ? Како очекувате било што да вроди со плод коа не сте организирани како што треба ?
-Иако и ова не знам како сте успеале да го договорите зошто ипак бројката од 150 души не е мала кога се однесува на ваков собир, кај што претпоставувам тој што зборел требало да се дере за сите да го слушнат зошто тешко да очекуваш тишина од тие други 149 луѓе, башка сите сакаат нешто да кажат, а нема редослед кој после кој ќе збори и такви некои работи, ама еве да речеме дека на наредниот собир ќе дојдат 300 души, што тогаш ? Уствари што на наредниот собир ? Пак истото ќе се повторува ?
Ти можеш да одиш на таа јавна дебата и да ја следиш па да поставиш прашање, ама збориме дека нема да бидеш учесник во таа дебата од страна на студентите туку учесници би биле спуким, слободен индекс и некои други студентски организации, а не некој недефиниран собир...Немаше потреба никој да се дере, доволно беше да се качи на споменико, другите сите беа тивки и убаво се слушаше. За јавна дебата нема потреба студентите да бидат некаков правен субјект за да учевствуваат. Секој студент има право да оди на таа јавна дебата, нели, доколку се работи за ЈАВНА. А не, како што реков, средба на министер/заменик министер со „лидер“ на студентите, кој ниту е легитимен, а сосема се нејасни и неговите ставови, секако и интереси. А искрено мислиш дека Слободен Индекс ќе добијат покана за таква јавна дебата?
Отсега ќе го употребувам зборот координатори или претставници, како сакате, мислам дека може да ја долови сликата. Протестите по убиството на Мартин Нешковски немаа лидер, но имаа како едно координативно тело, т.е. вид на претставници. Бар јас не ги доживував како лидери тогаш. Пример, и сега има студенти кои имаат поголемо искуство со вакви нешта, нормално е ако се очекува од нив да покренат, но тоа не го прави лидер.
Друго, секој има право да прати протесно писмо до МОН. Кога ќе видат дека ќе добијат стотици такви писма, можеби ќе си речат, абе чекај, на студентиве можда не им се свиѓа идејава, дај да ги чуеме да имаат што да кажат. (мада чисто сумњам дека тоа ќе си речат, ич *** не им чуе)
Поентата е да се мобилизираат сите кои во моментов се пасивни (како студенти, па и професори/асистенти), а се засегнати со ова прашање, а нели, истовремено покажувајќи незадоволство.
На крајот, искрено не знам што се договориле на крајот, спомнав дека не останав до крајот. Но едно ми е јасно. Дел од вас студентите (и на форумов и општо) ја именуваат групата од синоќа како „тие“. Вие не сте студенти? Вас не ве тангира овој прилично голем проблем? Доколку имате предлог, дојдете кажете го, никој нема да ви го ускрати тоа право и ќе бидете сослушани и вашето мислење ќе биде почитувано. Пример: имаше еден кој што кажа одма да се организираат протести. Никој не го нападна него, само му беше укажано дека целта не е да се излезе на протест, туку да се реши проблемот. А протестот е крајно решение!
Не ме сфаќај дека тебе лично ти кажувам нешто и напаѓам ,зборам општо за сите студенти во државава. Бидејќи искрено не знам дали има повеќе од 5% кои го подржуваат овој предлог.
Само збор-два за медиумиве, ќе бидам и малце вулгарен. Искрено, да им се уринирам на сите (тука има и провладини и прокритички настроени медиуми). А за квази-медиуми од типот на Курир и Прес 24, можам да им кажам дека се чиста патетика. Мене совеста ми е чиста, јас знам дека никој не ме викнал на собирот. Самиот јас чувствувам обврска, како студент, да се појавам таму, бидејќи ме тангира мене, но и сите студенти, сегашни и идни, во државава. А вас не знам дали ви е совеста чиста со оглед дека не сте новинари, туку обични платеници.