Баш ова не треба да се случи, зошто постојат студентски организации или еве конкретно задача на спуким е да ги организира таквите протести. Прекинете во се да ја мешате партијата. Никој тука не збори за спонтан, туку за протест организиран од студентска организација.
Опозицијата во Србија да не ги организираше студентите или они самите ?
Не е спорно дека одредена студентска организација (зборам некоја што не е спуким) може да има ставови блиски до едните или до другите, ама партија во вакви работи не смее да се меша, зошто не само и овој (под овој мислам на протест организиран конкретно како одговор на измениве) туку и секој друг протест добива друга димензија и тежина.
Значи едно кратко резиме,
студентски, а не политички протести !
П.С. може опозицијата после да си организира протести за други ситуации во државата, ама не смее овој протест (студентскиот) уште од самиот почеток да добие политички предзнак.
П.П.С кажете шо се договоривте бе на тоа собирот