Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484
Се либерализираше начинот на отварање приватни универзитети. Тоа по дифолот треба да значи поквалитетно образование но се разбира не и кај нас. Значи идеата беше добра ама резултатот го гледаме. Имам разговарано со асистенти и од приватни и од државни факултети кои признаваат дека сегашниве студенти се најтапа од било кога заради поставеноста на системот...потребна е акција е сега дали ова е решението стварно не знам.
Студентите не се тапа по природа (објективно гледано), но системот на барања не' затупува. Прашања од типот: на строго дефиниции (со исти зборови по можност, а некаде и исклучиво со исти зборови), заокрожување, или која е 4та набројуванка од тоа тоа, не' прави тупави...
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Од досегашните разговори со учесниците во високо образовниот процес впечатокот на владата е дека идејата наидува на поддршка.

Коа црна поддршка бе :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

A пред некоја година што самите они правеа популарност на приватните факултети и да ги има во толкав голем број, а сеа дојде ред да ги санкционират, стварно не ги разбирам :гомце:
Приватните факултети се штит за да се донесе законот, односно една голема причина за да започне екстерните тестирања, ако беа проблем само прватните и дисперзираните студии можеа многу лесно да го решат проблемот,ама тоа е само алиби.. Целта на Груевски е да се намали бројот на факултетски образовани, во иднина да имаме се повеќе неписмени луѓе, али неможам да разберам нешто? Зошто тогаш у опште се дозволи толку приватни и дисперзирани факултети да се отворат? И тоа најголема подршка имаа токму баш од оваа дволична влада. Груевски е многу контрадикторен, самиот што даваше подршка сега е најголем противник, ама тој мора да сфати нешто, дека оваа држава не е од татко му за да игра кур ташак како сака, а инаку јас лично и ако што сум симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ ова што се случува не го оправдувам, во последно време почнаа да претерат со небулозните закони, првин се чепнаа со државните службеници, па сега се чепка со студентите и со занаетчиите, дека неможеле да работат без лиценца, па потоа се зголемија казните,луѓето се плашат да излезат на улица со кола бидејќи кат тат без причина ќе се казнат од полицијата, исто така и приватниот сектор е за жалење, луѓето се жалат дека неможат да отварат некој бизнис ради тоа што одма ќе бидат затворени од УЈП.. Стварно не ми е јасно што се случува со ова влада во последно време? многу строги и дискриминаторски закони се донесува.. И после се чудат зошто младите заминуваат во странство и зошто демографијата во дравата толку опаѓа..
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
И како да излезеш после на протест бе?



Да им е*ам се по список на овие од КУРир.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Почело је . Уште несобрани ги жигосуваат

СДСМ организира студентски протести?

Во информациите пренесени од медиумите на СДСМ не стои ниту кој, ниту како се организираат овие т.н. протести. Медиумите на СДСМ промовираат активност која никој не ја најавил или побарал. Очигледно станува збор за иницијатива која потекнува од врвот на СДСМ, а која треба да ја спроведат порталите на СДСМ и подмладокот на таа партија.

Очигледно дека станува збор за намерна провокација, бидејќи идејата на Владата не е преточена во никаква одлука или предлог закон, туку е промовирана идеја за која Владата неколку пати потенцираше дека чека идеи, предлози и сугестии од сите засегнати страни. Зад ваквиот став застана и премиерот и Министерот за образование.

Како и до сега, со разни невладини здруженија, стечајци и слични форми, СДСМ се обидува да поттикне протести во Македонија, криејќи се зад граѓаните. Ова не е нова тактика.

Злоупотребата на студентите, во овој случај, преку пренесување на непостоечки информации и информации продуцирани во штабовите на партиите е очигледен.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Најинтересни ми се "постариве" кои цело време зборуваат во стилот, проста младина, затупена младина, пасивна младина, ништо не прават итн., а не сфаќаат дека тие се тие кои ја креирале
таа "младина".....
Сакаш да кажеш дека домашното воспитување е проблемот зошто младите се вакви ?

А шо очекувавте вие, дека нема да се појави статија во која се пишува дека сдсм ги организира протестите ?!
Дај не бидете наивни...
Не е ни битно кој ќе организира протест, само нека се организира протест, а не лаф муабет во дворот на уким...
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.068
Сакаш да кажеш дека домашното воспитување е проблемот зошто младите се вакви ?

А шо очекувавте вие, дека нема да се појави статија во која се пишува дека сдсм ги организира протестите ?!
Дај не бидете наивни...
Не е ни битно кој ќе организира протест, само нека се организира протест, а не лаф муабет во дворот на уким...
Сакам да кажам дека состојбата во која ни се наоѓа државата не направила такви какви што сме, а за состојбата во државата знаеме кој е виновен. Она што сакав да го кажам е дека е многу лицмерно да се зборува за тоа како некој се однесува пасивно, кога и ти самиот никогаш не си се побунтувал. Мислам тоа се однесуваше на луѓето кои пишуваат нешто во стилот : малку ви е, така ви треба, зошто не се буните и слично, а тие самите никогаш за ништо не протестирале.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Од досегашните разговори со учесниците во високо образовниот процес впечатокот на владата е дека идејата наидува на поддршка.

Коа црна поддршка бе :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

A пред некоја година што самите они правеа популарност на приватните факултети и да ги има во толкав голем број, а сеа дојде ред да ги санкционират, стварно не ги разбирам :гомце:
Ниту еден студент не сака да си го влошува процесот на студирање повеќе од потребното
Можеби разговарале, со чистачките по факултетите или house мајсторите
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
И?????
се случи ли протест?! или имало само монолог ?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
За голем протест треба ко и сегде у свет,да се нафати опозицијата да организира.Не постои нешто како спонтан масовен протест,наивни сте ако верувате во тоа.
Ја пример би искочил на протест макар и ако сдсм официјално го подржи,бидејки идеата на протестот е таа безразлика кој го организира.Е сеа и они треба да сватат дека тоа што ќе дојдам значи дека сум против екстерно,а не против вмро и дека ќе идеме со сила да влеземе во собрание.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
значи дека сум против екстерно,а не против вмро и дека ќе идеме со сила да влеземе во собрание.
После 8 години власт, со тоа што секои избори ги добиваа убедливо, таа дрога наречена власт нема да им направи нив разлика дали си против екстерно, високи казни или било што ти си едноставно во нивните глави против вмро т.е против нив, тука не станува збор за добро или лошо, туку ме слушате мене (ВМРО) или не
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
За голем протест треба ко и сегде у свет,да се нафати опозицијата да организира.Не постои нешто како спонтан масовен протест,наивни сте ако верувате во тоа.
Ја пример би искочил на протест макар и ако сдсм официјално го подржи,бидејки идеата на протестот е таа безразлика кој го организира.Е сеа и они треба да сватат дека тоа што ќе дојдам значи дека сум против екстерно,а не против вмро и дека ќе идеме со сила да влеземе во собрание.
Баш ова не треба да се случи, зошто постојат студентски организации или еве конкретно задача на спуким е да ги организира таквите протести. Прекинете во се да ја мешате партијата. Никој тука не збори за спонтан, туку за протест организиран од студентска организација.
Опозицијата во Србија да не ги организираше студентите или они самите ?
Не е спорно дека одредена студентска организација (зборам некоја што не е спуким) може да има ставови блиски до едните или до другите, ама партија во вакви работи не смее да се меша, зошто не само и овој (под овој мислам на протест организиран конкретно како одговор на измениве) туку и секој друг протест добива друга димензија и тежина.
Значи едно кратко резиме, студентски, а не политички протести !

П.С. може опозицијата после да си организира протести за други ситуации во државата, ама не смее овој протест (студентскиот) уште од самиот почеток да добие политички предзнак.

П.П.С кажете шо се договоривте бе на тоа собирот :D
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
После 8 години власт, со тоа што секои избори ги добиваа убедливо, таа дрога наречена власт нема да им направи нив разлика дали си против екстерно, високи казни или било што ти си едноставно во нивните глави против вмро т.е против нив, тука не станува збор за добро или лошо, туку ме слушате мене (ВМРО) или не
Да ама ја зборам за успешно реализиран протест што е потребно,доколку им носи ептен голем негативен публицитет целава реформа и самите ќе се откажат од неа.Во секој случај вмро не губи:icon_lol:
Баш ова не треба да се случи, зошто постојат студентски организации или еве конкретно задача на спуким е да ги организира таквите протести. Прекинете во се да ја мешате партијата. Никој тука не збори за спонтан, туку за протест организиран од студентска организација.
Опозицијата во Србија да не ги организираше студентите или они самите ?
Не е спорно дека одредена студентска организација (зборам некоја што не е спуким) може да има ставови блиски до едните или до другите, ама партија во вакви работи не смее да се меша, зошто не само и овој (под овој мислам на протест организиран конкретно како одговор на измениве) туку и секој друг протест добива друга димензија и тежина.
Значи едно кратко резиме, студентски, а не политички протести !

П.С. може опозицијата после да си организира протести за други ситуации во државата, ама не смее овој протест (студентскиот) уште од самиот почеток да добие политички предзнак.

П.П.С кажете шо се договоривте бе на тоа собирот :D
Спуким и протести?Студентски организации:icon_lol:
За во србија кој протести конкретно?
Иначе протетите ако ги има ќе бидат обоени како сдсмовски,не уште од самиот почеток туку уште сеа.А реалноста е дека тие се единствена организација која има сила,иако и ова е дискутабилно во последно време да организираат некој асален протест.Се друго ќе биде од група ентузијасти од кој никој нема да има муда за застане на чело на групата.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Спуким и протести?Студентски организации:icon_lol:
За во србија кој протести конкретно?
Иначе протетите ако ги има ќе бидат обоени како сдсмовски,не уште од самиот почеток туку уште сеа.А реалноста е дека тие се единствена организација која има сила,иако и ова е дискутабилно во последно време да организираат некој асален протест.Се друго ќе биде од група ентузијасти од кој никој нема да има муда за застане на чело на групата.
Знам дека спуким нема да организира протести, ама ако бараме некој кој е најодговорен тоа да го направи тогаш тој некој е спуким.
Друго кога збориш за множина тогаш треба кои, а не кој. И мислам на тие протести што беа пред недела дена кога го „окупираа“ филозофскиот факултет.
Дека само некоја партија можела да организира протести, мало морген (пример АМАН, може не беа којзнае што ама барем не беа партиски протести). А тоа дека курир ќе пишува сдсм организира протести, ќе пишува, ама не е исто кога тоа ќе остане на курир и кога тоа ќе биде официјално соопштено. Протест организиран од партија е политички протест и добива друга димензија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom