Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
1233603_728359737218314_4036929199810426414_n.jpg


Разбудете се Скопјани, разбудете се Македонци, на ФК Вардар во среда му е потребна голема поддршка!
ШКЕНДИЈА САКА РЕПЕТЕ!
Нели 50 денари беше карта бе. Ги украде сите пари од Комити бе не ти е срам ... Напуни џебот светот го прошета на грбот на Комитите.
 
Добро ја стварно не можам никако да ги разберам нашиве играчи. Го имаш противникот на колена, и наместо да го докрајчиш, ти му подаваш рака и го враќаш во живот?! Среќа што дрим тимот не е кадарен да го искористи поклонот, па си отидовме со 3 бода. Јас не знам што им зборуваат тие од таканаречениот стручен штаб, ама ова веќе констатно се повторува оваа сезона. Убаво им правеа Томовски и Хаџиевски на времето, дајте минимум 3 комада, па ќе земете премија за победата. И после да ги видам дали нема да бидат мотивирани и да гризат 90 минути, а не да се влечат како манекени некои! Само така за ова поднебје!
Иначе генерално вака гледано, Петковски е откритие сезонава, иако ни најмалку некој очекуваше вакви партии од него. Дечкото ги уништи начисто. Доколку вака продужи, Фичо Ивановски тешко дека ќе примириса терен во догледно време. Злате и Грне дефинитивно неколку класи погоре од останатите, клуч за успесите може да се каже досега. Дашјан се гледа дека кога сака да игра, одма отскокнува со квалитетот, но мора да му се укаже дека не се само натпреварите со Шкендија, туку треба и на преостанатите да го пружа истиот учинок.
Павловиќ не смееше да си дозволи онаков пацерски гол, ај ќе му прогледаме ради победата, али не смее да му се повтори уште еднаш вакво нешто. Не знам што размислуваше нашиот стручњак со Најдоски на лев бек, ама дефинитивно не остави хендикепирани, со еден играч помалку. Подобро да го вратеше Асани назад, отколку да придонесе да се исмеваат со кутриот Дино 90 минути. Се надевам во среда нема да ја повтори истата глупост.
Иначе дефинитивно ни е потребен уште еден екстра везњак покрај Глигоров, како и два крилни напаѓачи зашто Асани, Грозданоски и Петров може да бидат само нивни алтернативи. За повеќе во моментов немаат квалитет.
 
Ако го игра Најдоски лево ке губам живци цело 3 месеца, типот не е за никаде незнам зошто го потпишаа, нека бараат младинци!
 
Ако го игра Најдоски лево ке губам живци цело 3 месеца, типот не е за никаде незнам зошто го потпишаа, нека бараат младинци!
Така е кога јаки луѓе стојат позади него, вклучувајќи го и неговиот ''менаџер''.
 
Не е толку лош Најдоски бе, барем не за централен дефанзивец како трета-четврта опција :D
Лев бек не му е природна позиција, не знам што очекувавте.
Сто сезони поминаа уште не најдовме бекови ебате. На лев и десен бек вкупно имаме три играчи. Како за беља и двата леви се повредија, и за двете бековски позиции имаме само еден играч (Хамбар). Ќе крпиме сега со Асани најверојатно. Додуша на Асани природна позиција наводно му била лев бек во младинците, ама гледајќи го во сениорскиве лиги, многу тешко дека ќе се носи со противничките играчи во одбранбени задачи. Премногу е ситен, добро е само што е брз и нема да го претрчуваат. Претпоставувам Асани-Петров ќе биде двоецот кој ќе настапува по левата страна, освен ако не изненади да го стави Гроздановски наместо Петров.
Мислам дека треба за мечов да му даде шанса на Димитар Иванов. Дечкото изненадува на мечевите во сениорска конкуренција. Нормлно, не е некое играчиште, ама доста се труди и мислам дека може да придонесе.
 
http://ekipa.mk/foto-na-denot-koga-pretsedatel-na-vardar-naviva-za-metalurg/

Кога ваквите ни го водат клубот што може да очекуваме ...
Добро, типов не е актуелен претседател.. ама мизерен потег, дефинитивно. Тешко ми паѓа кога сфаќам дека еден куп ликови како овој биле дел од Вардар.
 
Не е толку лош Најдоски бе, барем не за централен дефанзивец како трета-четврта опција :D
Лев бек не му е природна позиција, не знам што очекувавте.
Сто сезони поминаа уште не најдовме бекови ебате. На лев и десен бек вкупно имаме три играчи. Како за беља и двата леви се повредија, и за двете бековски позиции имаме само еден играч (Хамбар). Ќе крпиме сега со Асани најверојатно. Додуша на Асани природна позиција наводно му била лев бек во младинците, ама гледајќи го во сениорскиве лиги, многу тешко дека ќе се носи со противничките играчи во одбранбени задачи. Премногу е ситен, добро е само што е брз и нема да го претрчуваат. Претпоставувам Асани-Петров ќе биде двоецот кој ќе настапува по левата страна, освен ако не изненади да го стави Гроздановски наместо Петров.
Мислам дека треба за мечов да му даде шанса на Димитар Иванов. Дечкото изненадува на мечевите во сениорска конкуренција. Нормлно, не е некое играчиште, ама доста се труди и мислам дека може да придонесе.
Ми текнува дека и Боби Милевски го играше Асани некои утакмици на лев бек прошлата сезона. Дефинитивно подобро со него да крпиме отколку со Најдоски. Очајно беше она што го гледавме вчера. Среќа што Шкендија добија црвен картон многу рано. Секоја топка додадена до него беша однапред изгубена зашто ја напуцаваше во празно или потенцијална опасност по нашиот гол доколку ја изгуби. Дечкото е ептен бос фудбалски кажано. Може да покрие на штопер доколку некој недостасува и ништо повеќе!
Еј не зезај што си видел во тој Иванов?! Буквално ништо нема покажано досега... само смета на терен:D
 
Добро утро Комити. Вака беше пред 3 години. Можеме ли погласно, можеме ли побројно?
19.00ч „АВИОНЧЕ“ - Ново Лисиче
Разбудете се Комити,разбудете се Скопјани, разбудете се Македонци, на Вардар му е потребна голема поддршка!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom