Не е толку лош Најдоски бе, барем не за централен дефанзивец како трета-четврта опција

Лев бек не му е природна позиција, не знам што очекувавте.
Сто сезони поминаа уште не најдовме бекови ебате. На лев и десен бек вкупно имаме три играчи. Како за беља и двата леви се повредија, и за двете бековски позиции имаме само еден играч (Хамбар). Ќе крпиме сега со Асани најверојатно. Додуша на Асани природна позиција наводно му била лев бек во младинците, ама гледајќи го во сениорскиве лиги, многу тешко дека ќе се носи со противничките играчи во одбранбени задачи. Премногу е ситен, добро е само што е брз и нема да го претрчуваат. Претпоставувам Асани-Петров ќе биде двоецот кој ќе настапува по левата страна, освен ако не изненади да го стави Гроздановски наместо Петров.
Мислам дека треба за мечов да му даде шанса на Димитар Иванов. Дечкото изненадува на мечевите во сениорска конкуренција. Нормлно, не е некое играчиште, ама доста се труди и мислам дека може да придонесе.