- Член од
- 3 септември 2010
- Мислења
- 6.237
- Поени од реакции
- 8.875
Ќе земеме два референтни система.Би се задржал на твојот срам. Зошто да се срамиш од нешто за кое не ни знаеш дека постои? Само веруваш дека постои. Зар слободоумноста не е првата карактеристика? А разликата е во тоа што самото општество не може да го проголта фактот дека постојат и атеисти. Зошто некој да оди со наведната глава, а има повеќе аргументи од оној што верува, кој не ја прочитал светата книга/документи/приказни на својата религија?
Првиот референтен систем е целата видлива Вселена.
The size of the Universe is unknown; it may be infinite. The region visible from Earth (the observable universe) is a sphere with a radius of about 46 billion light years, based on where the expansion of space has taken the most distant objects observed. There are probably more than 100 billion galaxies in the observable Universe. A 2010 study by astronomers estimated that the observable Universe contains 300 sextillion stars.
Тhe universe is 13.798 ± 0.037 billion years old, and contains 4.9% ordinary matter, 26.8% dark matter and 68.3% dark energy
Големината на Вселената е непознатa; може да биде и бесконечна. Регионот видлив од Земјата претставува сфер со радиус од околу 46 милијарди години, пресметани врз основа на ширењето на просторот земен од најоддалечените набљудувани објекти. Веројатно има повеќе од 100 милијарди галаксии во видливата Вселена. Во 2010 проучувањата од астрономите дадоа проценка дека видливата Вселена содржи 300 секстилиони ѕвезди (3×10 на 23та).
Вселената е стара 13,798 милијарди години и содржи 4.9% oбична материја, 26.8% темна материја and 68.3% темна енергија.
И тука зборуваме во случај да имаме само една Вселена, не знаејќи притоа дали имаме и други вселени суперпонирани на оваа што ја познаваме и за тридимензионална вселена, без да навлегуваме во теоријата на суперструните каде се доаѓа и до бројка од 26 димензии.
Вториот референтен систем е атеистот.
Атеистот со просечен човечки живот од 70-80 години, кој не мрднал никаде подалеку од својата планета Земја и чии познавања и искуство е занемарливо мало во однос на големината на Вселената поаѓа од своите бедни премиси (бедни во смисла кога ќе се спореди должината на неговиот живот на Земјата наспроти староста на Вселената, просторот кој во својот живот го изминал наспроти пространството на Вселената и искуството и знаењето кое го стекнал воглавно само на макроскопски и физички план наспроти сложеноста на Вселената) и доаѓа до заклучок дека Бог не постои.
Тоа ти е како референтен систем на мравка која не го напуштила својот мравјалник наспроти референтниот систем кој ја опфаќа целата планета Земја.
Атеистот има исто толку право да каже дека не постои Бог врз основа на своите сознанија, како што горната мравка врз основа на своите сознанија има право да каже дека не постои друг свет и друга реалност надвор од нејзиниот мравјалник.
Како да му веруваме на атеистот?