Неможам да најдам слика од поставеноста на одбраната при првиот гол на Варгас, ама мене не ми е јасно како е можно во 87ма минута да има само наши 3 играчи во нашиот шеснаесетник...кај беа играчите од средина не ми е јасно, кого бркаа, сите знаеме како играше КПР, со директни топки во нашиот шеснаесетник. Многу лоша поставеност.
Рики не ни треба нов напаѓач, пошто ако на секој 5ти натпревар во кој наш напаѓач нема да постигне гол, ќе треба по 10тина напаѓачи да купуваме во сезона. Ме изнервира Бало денеска, но мислам дека е прашање на време кога ќе проработи, а кога ќе се врати и Стариџ веќе ќе имаме и повеќе од доволно напаѓачи. Залудно е да купуваме на полусезона напаѓач од калибарот на Борини или Ламберт на приерм, тогаш зошто сме го купувале Ориги? Ламберт е купен за 1 сезона и тоа оваа кога Ориги е на позајмица, после мислам ќе си оди, или тој или Борини.