доста години поминаа (1991-2014) а уште сите зборуваме српски..

Член од
11 февруари 2011
Мислења
58
Поени од реакции
66
Јас знам срби и хрвати што учат македонски. Иако, тоа не е тема на разговорот. Треба да разбереш дека српскиот е повлијателен. Има одреден случај на луѓе од Македонија што имаат српски корени ( јас не ). Има понаучни причини зашто српскиот е присутен тука, не е само од мода или фурање. Како што напоменав и претходно, во неформалниот говор не смее и не може да постои јазична чистота.
друго е да почнеш да го учиш еден јазик со "воља" друго е да го учиш несвесно од мал затоа што го има сегде на телевизија, на радио, по свирки...не е тоа фраерски и нема никаква врска со српските корени али српскиот може слободно за втор мајчин да се смета овде ако се гледа тоа колку е јазиков присутен во Р.М.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.575
Додуша доста години поминаа од носењето на македонскиот правопис (1945-2014), луѓево не научија да започнуваат реченица со голема буква. Па после србите ни биле криви, бугарите ни биле криви.
македонскиот правопис од1945-та е посебна тажна приказна.
 
Ф

Флеш

Гостин
Се губите со муабетиве. Ова си е појава во секоја држава, културни и лингвистички влијанија си постојат. Нашата држава до скоро беше во едно со нивната, и сосема разбирливо е. Јас би рекол, за толку време има огромна промена во јазикот. Србизмите во северниот дел од Македонија вечно ќе останат, некогаш во една, некогаш во друга форма на зборови, некогаш помалку, некогаш повеќе. Јазиците ни се сродни, државите ни се една до друга, а контактот со нив е неизбежен во секојдневието, па така ние малце префаќаме од нив, они од нас. Исто и со другите страни од државата и државите на тие страни. Оваа појава постоела кога не ни имало интернет, телефони, телевизии, односно во текот на целата историја, па нема да прекине ни сега кога уште повеќе се засилува ваквиот ефект со овие "помагала".
Одлично започна и одлична поента , големо влијание имаат јазиците од соседните земји како од културолошки агол така и од историски агол.Да не заборавиме дека Македонија историски неодамна беше поделена меѓу Србија,Бугарија и Грција . Секоја од овие земји вршеа пропаганда и присилна асимилација. Со тоа доаѓа до брзи промени во македонскиот јазик и тие зборови се истурени од употреба. Што било било во минатото,важно е сега да го негуваме македонскиот јазик зошто е под се силен притисок од глобализацијата ... Англискиот јазик на голема врата влегува преку образование и урбаната култура , се повеќе ок,кул,пардон итн зборови се заменуваат со добро,одлично,извини .... :)
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Не е тоа инает,како што можат албанците да учат и македонски,и српски и турски,така и Србите нека учат македонски,ама изгледа толку им сече.
Абе и албанците знаат македонски па ги гледаш на телевизија си зборуваат албански.

И до кога со мислења од типот: "Ако јас го знам неговиот јазик, тогаш и тој да го знае мојот"?[DOUBLEPOST=1413309489][/DOUBLEPOST]
Не е тоа инает,како што можат албанците да учат и македонски,и српски и турски,така и Србите нека учат македонски,ама изгледа толку им сече.
Абе и албанците знаат македонски па ги гледаш на телевизија си зборуваат албански.

И до кога со мислења од типот: "Ако јас го знам неговиот јазик, тогаш и тој да го знае мојот јазик"?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Јас знам срби и хрвати што учат македонски. Иако, тоа не е тема на разговорот. Треба да разбереш дека српскиот е повлијателен. Има одреден случај на луѓе од Македонија што имаат српски корени ( јас не ). Има понаучни причини зашто српскиот е присутен тука, не е само од мода или фурање. Како што напоменав и претходно, во неформалниот говор не смее и не може да постои јазична чистота.
Во Македонија нема луѓе со српски корени,тое се истите луѓе или нивните потомци кои сега бараат бугарски корени,сите тие се -фили.Албанците знаат македонски,и ако ние научиме албански,тоа е соживот.А додека со Србите живеевме во иста држава 100 години,цело време ни го газеа јазикот,ниту сакаа да научат еден збор на македонски,а тоа се вика наметнување на влијание,а не дека бил нивниот јазик влијателен.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.372
Поени од реакции
30.788
Речете му фала на Блажо. Одговорниот што на народот што ја измисли кирилицата му ја наметна српската варијација-караџица.
Утре помислете чие име ќе стои на улица.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Најголема причина е наследството од живеењето во заедничка држава. Од 1918 до 1991, тоа се 73 години, од кои 23 како потчинети и 46 како слепо црево (годините од светските војни не ги сметам). Единствен официјален јазик е до пред војната, а и по неа задолжително се изучува. Влијанието се гледа и во азбуката и правописот. Па преку литературата и поп културата се вдомуваат уште изрази, заемки и сл. што го доближува јазикот уште повеќе до нас.

И сето тоа е во ред и е сосем разбирливо.

Она што не е за разбирање и што не можам да го сфатам е што и после 20 и кусур години ова влијание наместо да се намалува постојано расте.

50% од сите информации по македонскиот дел од интернетот се директно поврзани со лица и настани од Србија. Од банални информации за Цеци-меци, преку црна хроника од полициски извештај во Јагодина, преговори со Косово, намалени пензии... Па страшната промоција на српската телевизиска, музичка и филмска продукција. Јазикот е буквално сеприсутен во Македонија.

Патем, тука живеат 35.000 Срби. Нека има и уште толку со српско потекло. Тоа не е ни 5% од целото население и затоа не држи вода дека е до нив. Главна причина е секако несфатливата југоносталгија. Но џабе е, и да се изгуби целосно, влијанието е веќе преголемо.

И денес кога ќе напише некој на Кајгана два реда критика за „Твоје лице звучи познато“ ќе биде хејтер, мрчатор и што ти уште не.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Како не! И јас се нервирам за истото.
Ако не постои националност, не постои ни национална музика. Сите музики се исти, сите се еднакви.Не постојат српска, грчка, македонска музика туку само МУЗИКА. Музичката уметност не познава граници, нации, раси или религии. Ова е слободен и глобализиран свет , секој што сака да слуша музика од туѓо географско потекло има право на тоа.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.956
Поени од реакции
25.498
Ако не постои националност, не постои ни национална музика. Сите музики се исти, сите се еднакви.Не постојат српска, грчка, македонска музика туку само МУЗИКА. Музичката уметност не познава граници, нации, раси или религии. Ова е слободен и глобализиран свет , секој што сака да слуша музика од туѓо географско потекло има право на тоа.
1. Ова не е слободен свет.
2. Не зборувам за музиката, туку за буткањето „Србија“ под нос.

Резултатот од перењето мозок го видовме за време на поплавите, кога Македонците сложно се собраа да им помогнат на браќата Срби, а Босанчињата кој ги ебе, ќе се снајдат!
Ме иритира постојаното дудлање и „аман за аман, сакате нѐ“.

Види и во темана за Белград, мислиш за Париз се пишува.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Кој збори српски? Ја српски неам зборено едно 10 години. Последен пат коа зборев српски беше у Белград со внука ми. Од кај го извадивте муабетов?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Треба да се формира специјална тајна полициска единица и облечени во цивил да шетаат низ градовите и по случаен избор да им велат на луѓето ДОБАР ДАН, ако граѓанинот возврати на поздравот - значи знае српски и одма да се казни со 500 евра на лице место.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
и на нејзе мислев
Не знам дали си запознат, ама ако не бил Конески кој му се спротиставил на Џилас со тези ние ќе ги имавме мекото ќ и ѓ.
Се работело за 23годишно дете кое се дрзнало да му се меша во работата на КПЈ и излегло со теза овде има јазик кој се разликува од сите останати.
Дури и на состаноците на КПЈ било разговарано дека нема никаква потреба од независен македонски јазик и дека сосема добар е српскохрватскиот за овде.

Не знам каква теза ти застапуваш, ама ми се просерува кога ќе слушнам како Конески ја уништил азбуката, говорот на Македонците итн, итн.
Ако не бил тој веројатно и ден денеска ќе типкавме на српски.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Фудбалот бе денес. Македончето е попогодено од тоа шо им се деси на Србиве, отколку пред две години кога истите тие Срби на истото тоа Македонче на „Градски" му го направија ова:

 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.575
Напротив. Конески и тогашното раководство, ги сметам за одговорни за тоа што го изобличија правописот и писмото, за да личи повеќе на српскиот. Токму таа улога ја имаат вештачки вметнатите, ќ и ѓ, кои не се природни за нашиот јазик. Тоа е зачетокот на таа србоманска пропагнда, зачинета, во тој период, со отстапување на Прохор, осуда на македонските дејци, со етикета бугараши и сл.
Тоа е се само затоа што македонскиот бил сличен премногу со бугарскиот (јазик и писмо).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom