A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Ај со ADSL, постигни поголема брзина од 16 мегабити да те видам...
... Абе проаѓа некако, ако немаш поголеми потреби. Но ако се обидеш да ја гледаш нивната IP телевизија со пар ресивери, е тогаш интернетот им паѓа под 3 мегабити (кога си среќен да го имаш, пошто целата работа тогаш е многу нестабилна).
Пред нецела деценија ADSL понудата на Телеком беше малтене единствената квалитетна опција. Тогаш беше така, но денес конкуренцијата ги стигна (па и престигна)... а телеком остана со инфериорна услуга но и со убедливо најскапите цени на пазарот. Good Riddance, што се мене тиче.

Инаку од Blizoo сум засега многу задоволен.
Посебно што не уплоудам нешто посебно многу па уплинк од еден мегабит ми е доволен (башка колку сакаш можеш да имаш уплинк. Ама ако сте повеќе корисници и ако немаш подесен QoS, ќе осеќаш последици (спорост од разни аспекти).
Даунлинкот ми е поважен од уплинкот, а тој ми е за многу поевтини пари подобар од тој што го имав (немав), од Телеком. Немам време да поиграм некоја ММОРПГ игра, но според тестовите латенцијата е одлична. Исто старциве не ги слушам да се жалат од телевизијата (која јас не ја гледам).
 
Е што вие на Телекабел имате 15 mbps, а ние на Близу уште сме со 10. :(:place:
 
Вака да ве прашам луѓе досега имав cisco модем од старите што ги даваа али јас дур не бев во Скопје дошле овие од близу и ми го смениле и модемот и рутерот со ова новово што им е све во едно што е (Wireless Digital Voice Gateway)... е сега све мислам дека малце ми е полош нетот...дали апаратот како апарат е полош од стариот cisco модем што го имав и дали може да придонесе да имам полоша конекција ?
 
Полош интернетот? Како мислиш? Брзина, стабилност, пинг...
 
Братучед ми Идриз ги тужеше у Софија :) им лапна неколку иљади евра !
 
Полош интернетот? Како мислиш? Брзина, стабилност, пинг...
Брзината е колку толку иста али се појавија многу големи spikes одкога ми го зменија модемот...исто така на pingtest имам огромен jitter така да неможам да гледам например стримувана содржина без лаг ....

све ова се појави одкога ми го ставија ова срањево модем.
 
Абе ако тестираш со сервер од Бугарија или Србија, нормално дека Џитерот и Пингот ќе се качат. Порано имаше некој сервер во државава, ама сега и тој единствен го нема, така да резултатите не се реални...
 
Абе ако тестираш со сервер од Бугарија или Србија, нормално дека Џитерот и Пингот ќе се качат. Порано имаше некој сервер во државава, ама сега и тој единствен го нема, така да резултатите не се реални...
Настрана џитерот....имам големи спајкови а и неможам да гледам стримувана содржина којашто ја гледав без проблеми пред да го сменат модемов.
Исто приметив на интернет многу луѓе има што се жалат на проблеми одкога го добиле овој модем.

Сега ако ги прашам да го вратат стариот дали би го направиле тоа ?
 
Види пријателе, не сум запознаен, бидејќи сум го немал тој модем. Е сега, а претходно што имаше? Инаку колку за инфо Cisco се НАЈДОБРИ. ;)[DOUBLEPOST=1411937486][/DOUBLEPOST]E сега исто така и мрежата игра голема улога во пингот и општо стабилноста. Порано во една статија прочитав дека Cisco советува да не повеќе од 200-250 модеми користат ист Upstream Channel ID. Е се колку овие Близу го почитуваат тоа не знам. За многу подетални информации ОВДЕ.
 
Последно уредено:
само шо ја видов рекламата си реков ова најдобра понуда е засега не треба да се чека ама гледам на сајтот

http://blizoo.mk/bundle_single_info.html?pkg=%CF%D0%C5%CC%C8%D3%CC
- 1.099 ден. во првите 6 месеци, а потоа, 1.699 ден. (договор на 24 месеци)
- 2.299 ден. (договор на 12 месеци)
- 2.399 ден. (и еднократен надоместок за инсталација 4.498 денари со договор на неопределено)

добар трик им е ова
 
Дали имате проблеми со брзината надвор од МК, неколкукратно е помала.





 
Дали имате проблеми со брзината надвор од МК, неколкукратно е помала.
Еве ти мерења извршени на истите сервери денеска:
3821793117.png

3821797033.png

3821800128.png


Е сега на симнувањето во реални услови ја достигнува таа брзина, но so аплоадот не e така никокогаш не качил над 10 Мb повеќе од 2-3 секунди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom