Прашањето што го поставив до атистите,и самиот добро знаеш дека и тоа како е поврзано со атеизмот, затоа и го поставив во таа тема, и згора на се напишав ’’како со свои зборови’’.Како што си забележал моето учество на форумов е основно со религиозна цел, а не научна. Ако навистина си толу загрижен за компатибилноста на прашањата во темите тогаш зошто постови кои се далеку од соодветност особено на твои сличномисленици стојат негибнати(дали Бог игра мајтап е прашање кое е соодвеетно во темата прашања за христијанство?дискусии за астрономија, теми за врколаци и вампири и милион друг примери...се соодветни). А прашање кое во слична форма му беше поставено на најголемиот атеист во светот е прашање кое не е соодветно во темата прашања до атеистите?Кажано народски зарем мислиш дека пиеме нафта?
Инсистирам прашањето да биде вратено таму.
Постави го во наука и технологија и ја лично ќе ти го одговорам таму, ако стварно сакаш да ти биде одговорено и стварно сакаш да знаеш. Прашањето не е за атеизам и нема да ти биде вратено во атеизам, прашањето е за наука/технологија и не значи дека атеистите се компетентни и стручни да ти одговараат за ДНК, природа на информација и податоци бидејќи не сите атеисти имаат експертиза во биологија/хемија/физика и информатика, прашањето опфаќа повеќе топици кои бараат знаења кои се ван атеизмот како верување.
Ајде ти ко религиозен тип опиши ми ја хемиската реакција на калта и душата и како сето тоа довело до ДНК код и кажи ми кои хемиски реакции се случиле во телото на Лазар кој бил воскреснат од Исус. Ама сакам цела хемиска формула на реакции во телото на Лазар и каков тип на енергија и во колкава количина е потребна да го врати срцето во чукање и да ја врати функционалноста на клетките ама сакам да ми разјасниш како триглицеридот, јаглехидратите и протеините биле внесени во телото на Лазар за тој да има доволно енергија и АТП да функционира. Потоа сакам да ми наведеш студии, сакам да ми го наведеш историчарот кој потврдел дека Лазар воскреснал и евиденција која е историски потврдена. Сакам исто така да ми го опишеш процесот на создавање од вода, вино али немој да ми кажеш „пошто едноставно семоќност и тоа е друже, чуда се случуваат...“
Како што ти си дрво и врска немаш како се случило тоа, само веруваш дека е така, дека се дешавале чуда кои се неописливи и не те боли ташак како човек може да се создаде од фузија на кал и свет дух, како можеш од вода магично да создадеш вино и од една риба и леб, 10000000000000000 риби и леб зошто мислиш дека атеистите треба да ги знаат сите детали поврзани со формирање на ДНК-та, базите и податоците во истите и која е функцијата на рибозомите и ЕР?
Глеј Изгрев, знам зошто си толку нахајпан. Ти веруваш дека си открил револуционерно прашање кое ги остава сите атеисти без збор и здив и сите атеисти сеа пробуваат да те замолчат бидејќи знаат дека тука, нема бегање, дека тука уствари атеизмот пропаѓа во вода. Не бери гајле, има томови објаснувања генетика, бази и ери еволуција кои првенствено далеку од тоа дека ќе ги разбереш бидејќи ја немаш експертизата и второ, ќе те мрзи да ги читаш и евалуираш. Ти не си открил ништо револуционерно, ниту си докажал поента, повеќето од атеистите тука не се научници Изгрев и не можеш да поставуваш прашања кои реално бараат експертиза или делумна информираност.
Види, за некој да е атеист, не мора да знае ништо од тоа како настанал животот и точните процеси на формирање на истиот. Атеистот ја негира можноста за тоа дека БОГ го создал пошто му изгледа апсурдна. А како настанал животот и дали се клецале вонземјани или се судриле јинг и јанг, тоа НЕ Е ПОВРЗАНО СО АТЕИЗМОТ.
Ако некој е атеист, не значи дека верува во тоа дека ДНК-та е настаната со абиогенеза и хемиски процеси. Атеист буквално може да верува дека луѓето се настанати од 10 души кои фузирале во една и дека луѓето се реинкарнираат дур не доживеат Нирвана.
Ти како можеш да поставуваш прашање од таков карактер на атеистите, кога не сите атеисти веруваат во абиогенеза?
Како тоа прашање е специјализирано за атеистите?
Тоа е прашање специјализирано за научници. Имаш христијани научници кои веруваат во еволуција и абиогенеза како еден од начините преку кои Бог го создал човекот.
Прашањето ти е оф топик и несоодветно.
Ае пред да почнам да дебатирам со тебе тука, не ми е тоа планот и не планирам да се расправаме, дај не изигравај будала, ако те интересира прашање кое бара научна експертиза постави го во таква тема, не значи дека ако некој е атеист, има познавања од ДНК и биологија, а уште помалку од природа на податок/информација.