Вонземска цивилизација способна да патува низ меѓуѕвездени пространства, а уште и да ни биде во нашето соседство е утопија.
Да претпоставиме, дека има напредна вонземска цивилизација на 10 светлосни години од нас, што е преоптимистична претпоставка (најблиската ѕвезда Проксима Кентаури е на 4.3 светлосни години што е страшна далечина во споредба со Сонцето кое е далеку од Земјата 8 минути и 18 секунди или Плутон кој е оддалечен околу 5 и пол часа).
Да претпоставиме дека таа цивилизација е способна да направи брод кој се движи со 10% од брзината на светлината. Каква енергија би користел тој брод за погон и каков мотор да издржи 100 години меѓуѕвезден пат?
Не знам дали ја знаеш формата на нашиот Сончев систем до хелиопаузата?
На надворешниот дел на нашиот Сончев систем се наоѓа Ортовиот облак, кој го обвиткува сферично целиот наш Сончев систем како надворешна лушпа од орев.
Таа сфера се претпоставува дека започнува помеѓу 2000 и 5000 АU и оди до над 100000 АU (1.5 светлосна година). Се дели на внатрешен регион, во форма на крофна (Хилсов облак) и се протега од 2000 до 20000 АU, и надворешен регион, во форма на сферична обвивка којј се протега од 20000 до над 100000 АU.
Надворешниот регион на Ортовиот облак има трилиони објекти поголеми од 1km.
Дали при брзина од 10% од светлосната, интерстеларниот брод е способен да ги избегне овие објекти? При таква брзина, при судир и со најмал камен, бродот ќе се претвори во прав.
Но да претпоставиме дека успешно поминале низ Ортовиот облак и дошле до планетарната рамнина.
Со кој на Земјата треба да стапат во контакт после таков незамислив ризик? Со астрономите, со СЕТИ, со многубројните астрономи-аматери, со најумните луѓе на планетава, со подвижниците итн., нели?
А вонземјаните што ги знаеме ние со кого стапуваа во контакт? Со лица со намалени ментални способности, со разни шарлатани и измамници и со банкарски потрчковци.
И како после вмешувањето во животот на земјанинот нивна главна цел е истиот да го доведат до нервен слом и да изврши самоубиство!? Како ама баш ништо друго паметно не им текнува, туку баш тоа - да го пратат исконтактираниот во Пеколот?
Јасно е како ден дека за досегашните контакти не се работи за никаква вонземска напредна цивилизација, туку за демони!