leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
И на зборот „диктатура“ веќе му даваат друга дефиниција.Просто е неверојатно дека постојат луѓе на форумов кои го бранат и/или оправдуваат ова малоумие на приучените лопови што владеат.
Овие „бранители“ нит имаат појма од концептот на високо образование, ниту разбираат што е автономија, а уште помалку им е јасен зборот диктатура.
Студентите насекаде низ светот се движечка сила на промени. Погледнете во Кина што се случува и таму собраа храброст да се спротистават на власта. Кај нашите студенти е истиот проблем како и во целото општество - длабоко е навлезена власта. Пред некое време читав колумна на Мирка која е микрофон на власта. Интересно текстот го заврши со : Немој некој да помислил да ми се заканува!
Значи притисокот, заканите и уценувањата се веќе јавни, никој нема дилема дека на секој отпор ќе се појави контра протест. Многу касно заприметува народот дека јажето околу врат се стега. Зарем ова е систем во кој некој би посакал да живее? Студенските протести последниве 10 години завршуваат со ќотек на плоштад, со исмевање, со бојкот и политичко боење. Лидерот на студенти се согласува со изјавата на Хорхе дека младите не си одат од земјата. Лидерот на студенти чека амин од власта па да одговори. За него студенските домови се супер и има добро јадење. Верувам дека на прв протест ќе го „обесите“ во кругот на Универзитетот. Ако ништо друго една мивка помалку во општеството, зошто таа тиква утре ќе стане министер за образование или здравство. Вие не се борите со власта, власта во овој момент е пресилна за да можете да имате успешен протест. Власта на протест за струја организираше контра протест. За вас уште полесно е да ве направат неписмени и неспособни, дека не сакате да полагате зошто оценките ви се од небо паднати.
Сите оние кои организираат, гласно разговараат за протести нека размислат кој е оној кој до нив седи. Оние кои се меѓу вас ви се најголемиот непријател. Ако протестите би се насочиле најпрво кон „студенски лидер“ би виделе колку студенти ќе застанат зад „власта“. На тој начин прво ќе се преброите.
Во врска со студиите ги споменувате економски и правен дека продуцираат кадри кои на пазарот не му се потребни. Таа изрека е 20 години во земјата „правници и економисти со лопата да ги ринеш“. Од кога ќе заработите било каде ќе сфатите дека во канцеларијата каде седите или менаџментот 99% се од овие струки. Тоа се струки кои имаат широк опсег за работење. Таа карактеристика ја немаат другите струки. Затоа постојано се продуцира кадар, зошто пазарот никогаш нема да се засити од овие два профила.
И за крај во нашиот образовен систем фали пракса од 2/3 години. Само така кадарот лесно ќе се прилагоди од факултет на работно место. Зошто теоријата и праксата се две сосема различни ствари. Никој неможе со нашиот систем веднаш да работи. Мора да се обучува мин 3 месеци со тутор над глава за да може малку од малку да ја сфати работата. А за да почне самостојно да работи им треба година дена. Тоа би требало да ви е основа во барањата. Задолжителна практична работа од 2/3 години, наместо сува теорија. И во барањата ставете да ги исклучат докторските студии да не се срамиме низ светот, доктор на наука без еден ден работно искуство.
Последно уредено: