Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Просто е неверојатно дека постојат луѓе на форумов кои го бранат и/или оправдуваат ова малоумие на приучените лопови што владеат.

Овие „бранители“ нит имаат појма од концептот на високо образование, ниту разбираат што е автономија, а уште помалку им е јасен зборот диктатура.
И на зборот „диктатура“ веќе му даваат друга дефиниција.

Студентите насекаде низ светот се движечка сила на промени. Погледнете во Кина што се случува и таму собраа храброст да се спротистават на власта. Кај нашите студенти е истиот проблем како и во целото општество - длабоко е навлезена власта. Пред некое време читав колумна на Мирка која е микрофон на власта. Интересно текстот го заврши со : Немој некој да помислил да ми се заканува!
Значи притисокот, заканите и уценувањата се веќе јавни, никој нема дилема дека на секој отпор ќе се појави контра протест. Многу касно заприметува народот дека јажето околу врат се стега. Зарем ова е систем во кој некој би посакал да живее? Студенските протести последниве 10 години завршуваат со ќотек на плоштад, со исмевање, со бојкот и политичко боење. Лидерот на студенти се согласува со изјавата на Хорхе дека младите не си одат од земјата. Лидерот на студенти чека амин од власта па да одговори. За него студенските домови се супер и има добро јадење. Верувам дека на прв протест ќе го „обесите“ во кругот на Универзитетот. Ако ништо друго една мивка помалку во општеството, зошто таа тиква утре ќе стане министер за образование или здравство. Вие не се борите со власта, власта во овој момент е пресилна за да можете да имате успешен протест. Власта на протест за струја организираше контра протест. За вас уште полесно е да ве направат неписмени и неспособни, дека не сакате да полагате зошто оценките ви се од небо паднати.

Сите оние кои организираат, гласно разговараат за протести нека размислат кој е оној кој до нив седи. Оние кои се меѓу вас ви се најголемиот непријател. Ако протестите би се насочиле најпрво кон „студенски лидер“ би виделе колку студенти ќе застанат зад „власта“. На тој начин прво ќе се преброите.

Во врска со студиите ги споменувате економски и правен дека продуцираат кадри кои на пазарот не му се потребни. Таа изрека е 20 години во земјата „правници и економисти со лопата да ги ринеш“. Од кога ќе заработите било каде ќе сфатите дека во канцеларијата каде седите или менаџментот 99% се од овие струки. Тоа се струки кои имаат широк опсег за работење. Таа карактеристика ја немаат другите струки. Затоа постојано се продуцира кадар, зошто пазарот никогаш нема да се засити од овие два профила.

И за крај во нашиот образовен систем фали пракса од 2/3 години. Само така кадарот лесно ќе се прилагоди од факултет на работно место. Зошто теоријата и праксата се две сосема различни ствари. Никој неможе со нашиот систем веднаш да работи. Мора да се обучува мин 3 месеци со тутор над глава за да може малку од малку да ја сфати работата. А за да почне самостојно да работи им треба година дена. Тоа би требало да ви е основа во барањата. Задолжителна практична работа од 2/3 години, наместо сува теорија. И во барањата ставете да ги исклучат докторските студии да не се срамиме низ светот, доктор на наука без еден ден работно искуство.
 
Последно уредено:
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Како што кажа @leandra , најпаметно во овој случај и гледајќи долгорочно на работите би било да се организира протест против студентските лидери. Тие се гнојот што ги спречува студентите да излезат на протест.
Ако би се организирал таков протест, власта не би смеела да се вмеша бидејќи би требало да го застапуваат тој копукот. Тој исто така не би смеел да организира контра протести каде би барал да се полагаат овие 2 државни испити.
 
I

izotop

Гостин
Ова е добро само во земји што имаат економии, кај нас нема економија или преведено најразвиени гранки се купувањето на храна и облека оти за толку се има пари, а и за овие работи не треба факултет.
Најубаво е факултетот со заводот за вработување, да виде од
1. Кои факултети има најмногу невработени и
2. Тие што завршиле колку од нив работат по струка
И да ги намали квотите, да речеме ако на правен и економски годишно запишуваат 1.000 студенти, може да се намали квотата на 100 во наредните 10 години и тоа само државна квота
I tvojava ideja ne e losa. Bitnoto e sto treba da se ima kontakt so pazarot na trud i na toj nacin da se vospostavi red.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Неверојатно е просто кога постојат луѓе кои неможат да прифатат различно мислење од своето. Можам и јас да тргнам со твојата тактика за навреди па дискусијата да се префрли во кратки ама глупави досетки како твоите. „препишувачите најмногу ги погоди законов“ и постови како твојов ќе преовладуваат
Немам јас проблем да прифатам поинакво мислење од моето.

Имам проблем да читам малоумни коментари од приучени мрзи кои немаат елементарни познавања од систем на образование, демократија и граѓанско општество.

Имам проблем со и гзолижачки ставови кои не се темелат на разбирање, туку на мувлосана, искривоколчена, квазиполитичка идеологија утувена „у штабо“.

Не секое мислење заслужува почит. Најмалку заслужуваат оние политичко-пристрасните и кривонаучените.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

А сите кои не се слагаат со тебе се политичко-пристрасни и кривонаучени?
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
@@cool@ Ја го пишав тоа и тоа е факт. Реакција од другата страна т.е. од стрна на студентите може да биде најразлична од протести, бојкот петиции итн итн.
Начини за остварување на вашето право- има многу, па кој и да го одберете ќе биде подобар него ли ништо да не превземете. Вие сте „маса„ вашиот глас мора да го слушнат, исто онака како кога сте им битни и барани за гласање на избори, и исто толку мораат да ги испочитуваат вашите барања.
Во Законот на 12-те таблици -од времето на римската држава( не е лошо да припомогнат некои форумски правници кои учеле римско право - околу ова толкување @POWER-MKD , @Струмикс ) во точка 5 постои една одредба која гласи„Закон е се’ што ќе заповеда и одреди народот“ доста јака и тешка по своја содржина- Нека ова ви биде појдовно- вие сте законот затоа што сте пред се’ „народот„ и само храбро без колебање во еден масовен протест
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667

Се' тоа убаво, сфаќам што сакаш да кажеш, но каде на масовен протест кога еден куп од тие студенти се плашат пошто се сместени во студентски дом, други се плашат од притисоци заради работните места на родителите, трети не се замараат (мислев дека таа фаза е помината во средно, ама не, изгледа има и факултет), а последната се уствари членови/симпатизери на партијата и не смеат ни да помислат да се појават. И кога ќе видиш, доста е смален бројот на студенти кои можат да излезат на протест. На страна тоа, за ова со Законот на 12 таблици. И да им го кажеш тоа, ќе ти кажат, па така било во римско време, не сега. :D :D „Државата пред се'“ важи тука, нели? преку 500 илјади граѓани кажаа така.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Начини за остварување на вашето право- има многу, па кој и да го одберете ќе биде подобар него ли ништо да не превземете. Вие сте „маса„ вашиот глас мора да го слушнат, исто онака како кога сте им битни и барани за гласање на избори, и исто толку мораат да ги испочитуваат вашите барања.
Во Законот на 12-те таблици -од времето на римската држава( не е лошо да припомогнат некои форумски правници кои учеле римско право - околу ова толкување @POWER-MKD , @Струмикс ) во точка 5 постои една одредба која гласи„Закон е се’ што ќе заповеда и одреди народот“ доста јака и тешка по своја содржина- Нека ова ви биде појдовно- вие сте законот затоа што сте пред се’ „народот„ и само храбро без колебање во еден масовен протест
Народов, особено младината нема мотив, навика за такви работи. Поважно е сликањето со мобилен, трачарењето, губењето време со непродуктивни работи. Денес, средношколците и студентите се најподложни за манипулација, баш ради тоа што им се замајуваат главите со небитни работи. Општо в.в протестите, граѓанинот од денешен агол е стиснат до ѕид, егзистенцијата го тера на тоа.
Пр. продавачка во КАМ, Тинекс со 8000 плата или најобичен работник (намерно ги спомнувам овие категории зашто кај нив е најзагрозено работничкото право) нема време за протести или самоорганизација. Тие мислат за утрешниот ден, да стане, да иде на работа, да 'рмба како коњ за на крај од месецот да земе најниска плата по закон во РМ, ида 70% да ја даде на сметки за дома и храна.
Кај нас протест функционира само ако го организира партија и ништо друго.
Да се потсетиме дека луѓето што протестираа самостојно за поскапувањето на струјата (АМАН) беа исмејувани дека протестираат, а од друга страна протест организиран од партија (во позадина) кога се продаваше ЕСМ, предизвика реакција во јавноста и малтене ја смени власта во тоа време.
Се на се- овде студентската унија не функционира, затоа што е партиска ,тие треба да организираат протести зашто нели студентите се двигатели на општеството (на жими мајка, пред 50 години можда), а лидерот нивен изјавува дека младите останувале овде не заминувале во странство.
Затоа, дечки, САМОСВЕСТ, тоа е потребно овде и јак синдикат, ништо друго.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Апдејтс . Нови вести по повод државните испити на факултетите.

АДЕМИ: УКИНУВАЊЕ НА 3-ГОДИШНИТЕ СТУДИИ И ДА НЕМА САМО ПИСМЕН ИСПИТ, ТУКУ И УСМЕН

Малце ни е , уште сакаме ! ! ! Удрете уште повеќе очигледно ова ни одговара и никој не се буни, улиците за протести се празни, а гласачките кутии преполни. Штом не се буниме мора да е добро. Сите задоволни среќни и весели.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Јас кога се запишав се отепаа од фалење секаде колку е добар Болоњскиот ситем, 3+2 начинот на студирање, новиот начин на полагање, ај сеа не важи тоа, сите овие генерации шо така студираа експеримент беа, не се покажа добро пак ќе го мењаме. А од друга страна пак правосудниот испит на пример, од усен станува само писмен со електронско полагање, логика никаква.

Стварно ни е малку, се шо ни се случува сме го заслужуле.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Јас имам ваков предлог - на државниве испити за секој погрешен одговор електрошок да ни се дава, и исто така преку арт перформанси, со тетовирање равенки по екстремитетите (шо сме ги читале у учебниците), да го искажеме знаењето скриено во нашите брилијантни главчиња.

Мене ме интересира како некои вакви господа како него со сите почести дипломирале, магистрирале, доктрорирале и перспективата за подобро образование им лежи у ова, наместо у подобрување на услови на универзитетите, на начинот на одржување на настава каде што студентот ќе се поттикне повише да учи. На таа тема - чек да одам да си ги заплакнам очите, од проЏекторот ми се скрвавени више.
:D

И од кој да очекуваш да се побуни, кога после факултет ги гледам во штабовите испоседнати кафиња пијат. Ам некој од нас во читална одат, некои таму си учат.. и така... :D

кога ѓаволот нема попаметна работа, децата си ги ебе, ситјуешн
јачи смо од судбине <3
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Апдејтс . Нови вести по повод државните испити на факултетите.

АДЕМИ: УКИНУВАЊЕ НА 3-ГОДИШНИТЕ СТУДИИ И ДА НЕМА САМО ПИСМЕН ИСПИТ, ТУКУ И УСМЕН

Малце ни е , уште сакаме ! ! ! Удрете уште повеќе очигледно ова ни одговара и никој не се буни, улиците за протести се празни, а гласачките кутии преполни. Штом не се буниме мора да е добро. Сите задоволни среќни и весели.
хехехее- затоа додека вие во МКД ќе мора да имате од прв степен студиски циклус по минимум 240 ЕКТС - во Финска дипломираат со 120 кредити.
дупешки владини- они воведуваат вие остварувате :pos:
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
се има изјаснето спукм за ова екстерново?
му истекува мандатот на претседателот за два три месеца...
ебате дебелото ебате неписмениот ебате полтронот ако е за овие глупости
треба да шамари да го фатат салото у репче да му го врзат

Со законов имаат крајно задна намера власта,ВЕРУВАЈТЕ.

Тоа е да ги контролираат и да ја укинат автономијата со устав загарантирана на УКИМ воглавно.

Не им текнало т.е сонило на сон оваа идеја на адеми или грујо иили било кој... тое е се убаво испланирано и има крајна задна намера..

Изборот останува сепак на самите нас, или силно ке се буниме и противиме и нема да дозволиме вакво нешто, или пријатели толку, ке тонеме и тонеме и тонеме до бескрај.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom