Глеј од што ти се состои на тебе дилемата...
Ние сме поделени во ставовите за тоа како настанал иако науката е премногу блиску до тоа да ја поддржи абиогенезата како најцврста теорија.
Абиогенезата можеш да ја прочиташ било каде, да видиш дури и волтажи на громови кои удирале, од што се состоела земјата и сите геофизички/хемиски и биолошки фази на создавањето на животот.
Што мораш да диференцираш е атеист кој ја зема науката како валиден начин за добивање знаења и атеист кој не ја зема науката како валиден начин за добивање на знаења.
Тие кои ја земаат науката како најдоверлив извор на инфо, се поделени помеѓу пет основни теории за настанокот на животот кои држат вода и фракција на луѓе кои не поддржуваат ниту една од теориите. Ќе ти ги опфатам накратко пошто многу зафаќа све да ти објаснувам али можеш да си ги гуглаш. Пробај со „google translate“ преведувај си ги текстовите, нема да биде верен превод али чат пат ќе ти помогне да ја сконташ суштината на текстот кој го гуглаш.
1. Првата теорија е онаа која објаснува како громовите создавале аминокиселини и шеќери од атмосферата која е полна со вода и цел тој муабет со Miller Urey експериментот (
тука).
2. Другата теорија која може да ти се допадне (пошто е синоним на религиозното објаснување) е дека првите живи молекули се појавиле во глина. Практично минералните кристали во глината ги организирале овие молекули и помогнале при создавањето на тој ДНК крој.
3. Оваа теорија е онаа со вулканите под вода и издувните гасови кои довеле до минерали што се движат со огромна брзина и кои ги кристализираат првите ДНК молекули.
4. Четвртата теорија се занимава со улогата на мразот и површините од мраз кои помогнале на првите ДНК молекули. Овој мраз ги штител молекулите од УВ зраците на сонцето што довело до поголема можност истите молекули да опстојат подолго и да се случат потребните реакции кои би довеле до создавање на живот, како тие два примера погоре кои ги вклучуваат реакциите со одредени минерали.
5. Тука е и теоријата за панспермија која кажува дека животот дошол на Земјата со метеорите кои паѓале, а на нив имало бактерии. Истава теорија не го дискутира потеклото на животот пред еволуирањето на истиот тука. Ипак е компатибилна со тие погоре само што рекациите на тие молекули се случувале на друго место наместо на Земјата.
Ова се теориите кои се застапени од страна на атеистите кои го сметаат научниот метод за релевантен.
Другиот огранок на атеисти варираат. Едните мислат дека сме души во тела кои доаѓаат од некој универзален извор на енергија без интелигенција, трети мислат дека животот е резултат на комплексна интеракција на универзалните сили на добро/зло и триста врагови. Тука стварно веќе не знам кој атеист во што верува. Али делумно, општата слика за атеистите и во што веруваат истите е оној огранок кој го зема научниот метод како валиден извор на информации и научните теории како сериозна можност за објаснување на почетокот на животот.
Биди само свесен дека ние можеме да го создадеме животот по вештачки пат, набрзо синтетичката ДНК ќе биде идеално креирана. Така што, живот може да се создаде и не е мистичен. Ипак, пошто тоа било многу одамна се' уште не е сигурно како точно се создал првиот живот, Бог како премиса не е потребен за да се објасни тоа.
Една работа е карактеристична за атеистите и настанокот на животот. Сите ја исклучуваат можноста за тоа дека постои „Бог“ кој го создал животот.
„
Само пошто не се знае како точно настанал животот, тоа не значи дека „Бог“ објаснувањето е добро. Можеби си признаваме дека не знаеме со сигурност, ама зошто би го вклучиле концептот за Бог во равенката? Ако не си сигурен помеѓу неколку веродостојни објаснувања, тоа не значи дека ќе го одбереш лошото и симплифицираното објаснување и ќе го земеш за точно...“ е мотото на повеќето атеисти.
Најубаво ќе ти го објаснам ова со соодветен пример.
Јас, татко ми и мајка ми сме симбол за атеист кој верува во абиогенеза, панспермија и нешто трето. Доаѓаме дома и заклучуваме дека некој ни го украл телевизорот.
Татко ми тврди:
„Според овие и овие показатели ова е банда од крадци кои можеби се од наслебава.“
Јас тврдам:
„Да, само што не се од населбава, во населбава нема толку крадци. “
Мајка ми е као:
„Мора да е комшијата, он лежеше затвор за кражба.“
И сега да, ние не сме сигурни која од нашите хипотези е тачна, ама само затоа што не знаеме која од тие е тачна, нема да го земеме тврдењето дека дошол розев еднорог со крилја, направил виножито кое е портал во друга димензија и го однел телевизорот таму бидејќи во таа димензија има дефицит од телевизори и телевизорите се основно средство за опстанок на еднорозите таму.
Генерално, тоа е ставот на атеистите околу тоа прашање.