Прашања поврзани со науката/технологијата

D

Daedalus

Гостин
Темава е направена за сите кои се љубопитни и на кои не им се јасни одредени аспекти од науката/технологијата. Темата би требало да биде класично прашање/одговор, без дебатирање и расправии.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.098
Поени од реакции
20.044
Добра тема.

Дали постои нешто како неискористен мозочен потенцијал, заклучени мозочни ќелии (не исушени)? Некои велат дека моментално човекот искористува до 10% од мозочниот потенцијал, дали е тоа точно? Ако е тоа точно, како да се отклучи останатиот дел?
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Добра тема.

Дали постои нешто како неискористен мозочен потенцијал, заклучени мозочни ќелии (не исушени)? Некои велат дека моментално човекот искористува до 10% од мозочниот потенцијал, дали е тоа точно? Ако е тоа точно, како да се отклучи останатиот дел?
Не е точно.
 
Мит е. Вкупно користиме се' од мозокот. Во ист момент не користиме константно 100% поточно во дадени моменти одредени зони се поактивни од други, не постојат делови од мозокот кои се неразвиени и неактивни. Ако тие имагинарни 90% проценти од мозокот биднат лоботомирани, веруј ми, не преживуваш. :) Голем дел од мозокот во маса е задолжен за регулирање на телесните функции и други несвесни активности. Само неокортексот (иако овој дел троши многу енергија) е задолжен за „свесните“ функции. Кога учиме нови работи, постоечките неврони прават нови поврзувања (невропластичност) што ја менува структурата на мозокот.
За митов, можеш да прочиташ повеќе тука.
 
Последно уредено од модератор:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ме интересира споделете некој линк за сигурност кај мобилните оперативни системи. Гледам во последно време апликацииве се повеќе и повеќе побарувања имаат пред инсталација.

Кои 10 закани би ги потенцирале како најопасни за обичниот корисник на смартфон(паметен телефон)?
 
Ваков одговор очекував.
Моментално немам време да пишувам, ќе се гасам, кога ќе се вратам ќе напишам мој став околу ова прашање.
 
S

StormRage

Гостин
Ме интересира споделете некој линк за сигурност кај мобилните оперативни системи. Гледам во последно време апликацииве се повеќе и повеќе побарувања имаат пред инсталација.

Кои 10 закани би ги потенцирале како најопасни за обичниот корисник на смартфон(паметен телефон)?
Немаш сигурност, моеш да си земеш некој олдскул телефон ако нејќеш никој да ти чепка. Се е под надзор и секој систем е ранлив... Посебно андроид кој е искасапен линукс кернел и постојат милион начини да се нападне (во исто време да се користи и како добра алатка за напад). Има таков софтвер кој телефонот ти го претвора во семи-кракерска алатка. Се чудев искрено дека тие програмчиња стварно функционираат.

Заклучок: не си сигурен, се може да те нападне, од фејсбук до некоја рандом отворена wifi Мрежа
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Немаш сигурност, моеш да си земеш некој олдскул телефон ако нејќеш никој да ти чепка. Се е под надзор и секој систем е ранлив... Посебно андроид кој е искасапен линукс кернел и постојат милион начини да се нападне (во исто време да се користи и како добра алатка за напад). Има таков софтвер кој телефонот ти го претвора во семи-кракерска алатка. Се чудев искрено дека тие програмчиња стварно функционираат.

Заклучок: не си сигурен, се може да те нападне, од фејсбук до некоја рандом отворена wifi Мрежа
Знам де дека сигурноста на интернет е илузија и дека не постои начин за целосна заштита.

Туку муабетот ми беше што да направиш за не им ја олесниш работата на ти што прават мучки.

На пример на ПЦ имаш фајрвол, антивирус можеби чистач пример ццклеанер, енкрипција итн.

Многу нормално дека ако се конектираш на нет без основните чекори за превенција некој ќе го злоупотреби тоа.

Сега ме интересира дали кај телефоните има некои дополнителни финти и совети за превенција.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Новите панели што се на томсонов пари е квадрат, и која моќ ја имаат.....и колку пари најефтино можеда се најде :)
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.914
Знам де дека сигурноста на интернет е илузија и дека не постои начин за целосна заштита.

Туку муабетот ми беше што да направиш за не им ја олесниш работата на ти што прават мучки.

На пример на ПЦ имаш фајрвол, антивирус можеби чистач пример ццклеанер, енкрипција итн.

Многу нормално дека ако се конектираш на нет без основните чекори за превенција некој ќе го злоупотреби тоа.

Сега ме интересира дали кај телефоните има некои дополнителни финти и совети за превенција.
Постои финти преку енкрипција за андроид .
 
S

staycalm

Гостин
Добра тема.

Дали постои нешто како неискористен мозочен потенцијал, заклучени мозочни ќелии (не исушени)? Некои велат дека моментално човекот искористува до 10% од мозочниот потенцијал, дали е тоа точно? Ако е тоа точно, како да се отклучи останатиот дел?
Lucy a? :P
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.098
Поени од реакции
20.044
Мит е. Вкупно користиме се' од мозокот. Во ист момент не користиме константно 100% поточно во дадени моменти одредени зони се поактивни од други, не постојат делови од мозокот кои се неразвиени и неактивни. Ако тие имагинарни 90% проценти од мозокот биднат лоботомирани, веруј ми, не преживуваш. :) Голем дел од мозокот во маса е задолжен за регулирање на телесните функции и други несвесни активности. Само неокортексот (иако овој дел троши многу енергија) е задолжен за „свесните“ функции. Кога учиме нови работи, постоечките неврони прават нови поврзувања (невропластичност) што ја менува структурата на мозокот.
За митов, можеш да прочиташ повеќе тука.
Очекував поубаво да се разбереме, бидејќи прашав за мозочен потенцијал, а не колкав дел се користи од мозокот како орган. Повеќе од јасно ми е дека мозокот како орган, се користи целосно. Не знам дали воопшто постои будала која верува дека може да преживее само со фронтален лобус. Или со десетина од мозокот, а другите 90% демек само место зафаќаат.

Мене конкретно ме интересира мозочниот, менталниот потенцијал. Постојат луѓе кои после некоја повреда на мозокот (или со Savant синдром), да се разбудат со фотографска меморија, а претходно биле сосема нормални, просечни идиоти. Учат цела книга до детал, буквално само со листање на страници. Или може да пресметаат некоја сложена математичка операција за секунда.

Ако може некој просечен човек, после повреда на мозок, преку ноќ што се вика, да се здобие со такви ментални способности, тогаш сигурно истото го може секој.

Ме интересира споделете некој линк за сигурност кај мобилните оперативни системи. Гледам во последно време апликацииве се повеќе и повеќе побарувања имаат пред инсталација.

Кои 10 закани би ги потенцирале како најопасни за обичниот корисник на смартфон(паметен телефон)?
Сурфање од јавни ви-фи мрежи. Безбедносни дупки во Adobe Reader, Adobe Flash Player и други widely used апликации. Инсталирање апликации кои ги нема на официјалните app stores. Рутирање на телефонот (не дај боже некој malware да начека рутиран телефон,) и тн.
Може да инсталираш антивирус или фајрвол, има и за мобилни оперативни системи.

Подебилно нешто од ова немам гледано. Мора ли на ваков дебилен начин, со вакви дебилни гестикулации да објаснува нешто толку просто и едноставно!?

Грешка ти е концептот за сигурност. Подобро е да си отворен отколку затворен.
Aко не ти е проблем, елаборирај за твојот концепт, зошто е подобро да си отворен отколку затворен.

Не. Го немам уште гледано, чекам добра снимка да излезе. Би требало добар да биде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom