Исламска држава - појава, развој на настани, можен исход.

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Анализава ти е сосем погрешна, од секој аспект.

ИС е група која отворено се бореше против Американците уште од нивниот влез во Ирак, 2003.
САД никогаш, не ја поддржувале ИС (и како и да се викаа претходно).
САД во Сирија најмногу ја поддржуваше ССА (FSA), кои своевремено беа сојузници со ИС. Турција, С.Арабија, Катар се тие кои ја поддржуваа ИС и сеуште ја поддржуваат.

Борбата за влијание во регионот е меѓу 3 сили: Турција, Иран и С.Арабија.
Саудијците ги користат сунитите (ИС) за борба за влијание, Иран ги користи шиитите (плус Хезболах и сл), додека Турција се обидува да се наметне економски и политички, немајќи таква поддршка од население и групации како што имаат Иран и С.Арабија. Но за разлика од Иран и С.Арабија, Турција е во голема опасност да загуби секакво влијание што има во регионот. Проблемот се Курдите, кои пак, се силно поддржани од САД.

Стратегијата на САД (и Русија?) е прилично едноставна- не смее да се дозволи моќна држава во регионот. Ниту С.Арабија, ниту Иран, ниту Ирак. Ирак еднаш проба да стане моќен играч во регионот... проба!
Слободно може да се очекува на расцепкување на Ирак, Сирија и Турција во регионот, впрочем секаде каде што има можност за тоа. Колку некој регион е порасцепкан, толку е полесен за контрола. Очекувајте Курдите да го имаат главниот збор во иднина.

Тоа го велиш ти, но фактите од изминативе неколку месеци говорат нешто спротивно.

Фактите од изминативе неколку месеци говорат дека ИСИЛ/ИСИС/ИД се производ на САД и дека Турција на своја територија лекува злосторници од ИСИЛ/ИСИС/ИД, па дури и разменува затвореници со нив.

Точно, и Саудиска Арабија се обидува да профитира од конфликтот помеѓу муслиманите на блискиот исток, и засега ја користи најдобрата тактика - избегнува јавна изложеност во конфликтот, барем засега.

Еден заеднички именител што го имаат сите страни кои се против сириската влада на Башар ал Асад, а истовремено се и едни против други, е фактот дека сите се антисекуларистички, односно се залагаат за воведување на исламистичка теократија, односно шеријат. Истиот заеднички именител го имаат и движењата кои ги соборија Бен Али во Тунис и Хосни Мубарак во Египет, и кои го масакрираа Моамер Гадафи во Либија.

Тргнувајќи од фактот дека сите овие исламистички движења се антисекуларистички во самиот корен, а случајно или не, и денешна Турција под власт на Реџеп Таип Ердоган исто така станува се повеќе антисекуларистичка, следува заклучокот дека Турција - помогната од САД - и тоа како само ги помага истите овие исламистички антисекуларистички движења на блискиот исток.

Секако дека и САД и Русија бркаат свои интереси, но засега Русија ја застапува секуларистичката страна, наспроти САД кои повеќе од очигледно ја застапуваат антисекуларистичката страна, која и тоа како само се залага за етничко чистење на блискиот исток од немуслимани, а на таа антисекуларистичка страна е и ИСИЛ/ИСИС/ИД.
 
Поддржувачи на Исламска Држава со мачети и ножеви напаѓаат Курди во Германија

Мирните протести против Исламската Држава во Сирија и Ирак, организирани од Курдите во неколку германски градови завршија со судири со радикалните Муслимани во Хамбург и Целе. Полицијата мораше да побара засилување за го врати редот...

Целиот текст во оригинал тука: http://rt.com/news/194060-germany-kurds-muslims-brawls/
 
A coalition drone which is active in Syria captured these images of what is believed to be an ISIS militant taking some time off, to have sex with a donkey.

advertisement

The footage shows the heat signatures given off by the animal and the Islamic State fighter who appears to be having sex with it.

NSFW: US Military drone catches Taliban fighter having sex with goat

The footage was released on LiveLeak by an unknown source with a caption explaining the footage had been shot recently in Syria.
Embedded media from this media site is no longer available

Link
 
ИСИЛ/ДААШ и сириската војска не се напаѓаа меѓусебно речиси една година,поскоро ИСИЛ војуваше со другите групи кои се борат против Асад,како ал-Нусра,Ахрар ал-Шам,ФСА,Исламсиот Фронт итн.Градот Рака и околината,главно упориште на ИС,не беше чепнат од силите на Асад се до експанзијата на ИС во Ирак,потоа дојде до судири,пред се најжестоки во Табка,односно воената база во близина.Дури имаше обвинување од другите групи,дека ИС им продава нафта на владат во Сирија од завземените нафтени полиња.
Инаку тврдењето оти Асад ги штител правата на курдите во Сирија е глупост пар екселанс.Всушност бунтот на курдите во Роџава датира од поодамна,најжестоко беше во Камишли во 2004г.,со многумина мртви во судирот после фудбалски меч.Истотака имаше и многумина курдски активисти по затворите во Сирија,меѓу кои и Салих Мислим и Мишел Темо.Првиот е веројатно највлијателниот курдски политичар во Сирија денес,инаку лидер на ПЈД/ЈПГ,а вториот беше ликвидиран во 2011г.
Истотака во Сирија ниту имаше образование на курдски јазик,ниту беа дозволени приватни училишта,а регистрацијата на деца со курдски имиња беше забранета.
Голем дел од курдите немаа ни сириско државјанство се до 2011,кога Асад донесе декрет за да го амортизира незадоволството кај курдите и стравувајќи од нивно вклучување во конфликтот кој надоаѓаше.
 
A coalition drone which is active in Syria captured these images of what is believed to be an ISIS militant taking some time off, to have sex with a donkey.

advertisement

The footage shows the heat signatures given off by the animal and the Islamic State fighter who appears to be having sex with it.

NSFW: US Military drone catches Taliban fighter having sex with goat

The footage was released on LiveLeak by an unknown source with a caption explaining the footage had been shot recently in Syria.
Embedded media from this media site is no longer available

Link

Каков напредок... од кози на магариња преминаа. И после се лутат затоа што ги нарекуваат животни. За тој предел таму треба една нуклеарка и се одново да почне. Искрено не паметам кога било по оправдано да се џитне една голема бомба таму и да ги сјебе тотално.
 
За да се разбере конфликтот на блискиот исток помеѓу муслиманите, треба да се земат во предвид двете страни кои се пресметуваат во конфликтот, а тоа се Турција - држава со мнозинско сунитско муслиманско население, и Иран - држава со мнозинско шиитско муслиманско население.

Сирија од една страна, е држава со мнозинско сунитско муслиманско население, но таму на власт е Башар ал Асад, кој е шиит, а Ирак од друга страна, е држава со мнозинско шиитско муслиманско население, но таму до 2003 година на власт беше Садам Хусеин, кој беше сунит.

За Иран е важно Асад да остане на власт во Сирија, бидејќи низ Сирија поминува главниот коридор преку кој Иран ги вооружува исламистичките движења Хезболах во Либан и Хамас во Газа.

Турција од друга страна, има корист од соборување на секуларистичкиот режим на Асад, кој ги штити малцинствата во Сирија, вклучувајќи ги и христијаните, Евреите и Курдите - особено Курдите, бидејќи Турција од секогаш имала проблеми со курдското малцинство кое живее на нејзина територија. Чисто колку за потсетување, додека Ирак беше под американска окупација, Турција, со дозвола на САД, бомбардираше цели во северен Ирак, каде што живее доминанто курдско население, а Курдите и христијаните се главните жртви на ИСИЛ/ИСИС/ИД.

Пацифистичкиот однос на Турција кон ИСИЛ/ИСИС/ИД, говори повеќе од доволно дека Турција ако не официјално и директно, тогаш неофицијално и индиректно ги поддржува овие злосторници. Чисто колку за потсетување, кон крајот на 2010 годниа и во текот на 2011 година кога се случуваа државните удари во Тунис, Египет и граѓанската војна во Либија, таканаречените демократски опозициски влади во прогонство, од тотално непозната причина, сите беа со седиште во Турција, која секогаш прва ги признаваше како легитимни влади на овие држави.

Факт е тоа дека ИСИЛ/ИСИС/ИД произлегоа од бројните терористички организации кои САД и Турција ги финансираа и вооружуваа во нивната борба против сириската влада на чело со Башар ал Асад, нарекувајќи ги борци за слобода и демократија, исто како што е факт и тоа дека до денешен ден, САД и Турција повикуваат на финансирање и вооружување на било кои организации, или подобро кажано, терористички организации, кои се борат и против Асад и против ИСИЛ/ИСИС/ИД, додека во реалност, такви организации на блискиот исток не постојат, а дури и да постојат, прашање на време е додека да се претопат во редовите на ИСИЛ/ИСИС/ИД.

Со разобличување на лажната Арапска пролет, која се покажа и докажа како Арапска зима, која секаде каде што помина, со себеси донесе се и сешто, освен слобода и демократија, оставката на владата која ја превзеде власта во Тунис после соборувањето на Бен Али, соборувањето на Мохамед Морси и на Муслиманското Братство во Египет, анархијата и тероризирањето на цивилното население во Либија од страна на истите таканаречени борци за слобода и демократија кои западот ги финансираше, вооружуваше и обучуваше и кои го масакрираа Моамер Гадафи, повеќе од јасно е пред целиот свет дека Арапската пролет, која во реалност е Арапска зима, е еден од најголемите неуспеси на надворешната политика на САД во втората деценија на 21-от век.

Сирија е единствената шанса која им остана на Барак Хусеин Обама и на неговата влада за да си го исчистат образот после нивните неуспеси во северна Африка. Се обидоа во 2013 година да ја бомбардираат Сирија, обидувајќи се да го претстават Башар ал Асад како злосторник кој користи биохемиско оружје за масовно уништување против цивилно население, но Русија и Владимир Путин ги спречија во намерата, додека истовремено Дејвид Камерон не успеа да издејствува одобрение од британскиот Парламент за Велика Британија да ја бомбардира Сирија.

Тука настапува ИСИЛ/ИСИС/ИД на сцената. Ако западот не може да ја бомбардира Сирија по своја волја кога и како ќе посака, може да исценира хуманитарна криза, која ќе ја искористи за да ја бомбардира Сирија, со цел да го собори Башар ал Асад, под лажното оправдание дека всушност ќе ги бомбардираат позициите на ИСИЛ/ИСИС/ИД. Додека Русија се соочува со меѓународни санкции и со конфликтот во Украина, западот се обидува да ги искористи во своја корист овие проблеми со кои Русија се соочува, надевајќи се дека нема да биде подготвена и доволно силна за да и помогне на Сирија.

Но додека Сирија е главната цел, сепак и Ирак е вовлечен во ова крвопролевање, бидејќи и на негова територија живеат Курди и бидејќи Турција сака сунитска влада на власт во шиитскиот Ирак, се со цел да го изолира шиитскиот Иран што е можно повеќе, кој да не заборавиме, соработува со Русија во областа на нуклеарната енергетика и во областа на вооружувањето како дел од партнерската програма на Русија и Иран за размена на иранска нафта во замена за руски производи и услуги.

Меѓу другото, ИСИЛ/ИСИС/ИД се од огромна корист за Турција во спроведување на нејзините планови за етничко чистење на блискиот исток од и онака малото христијанско малцинство во Сирија и во Ирак.

Или со други зборови кажано, ИСИЛ/ИСИС/ИД се алатката која им е потребна на САД, Турција и на западноевропските и централноевропските држави кои ја поддржуваа таканаречената Арапска пролет - која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што има поминато, со себеси има донесено се и сешто, освен слобода и демократијa - за да си го исчистат образот преку Сирија, или за полесно воспоставување на контрола врз Сирија и Ирак преку терористичка организација која ќе ги држи Сирија и Ирак, а по можност и други територии, под своја контрола, додека истовремено ќе им конкурира на Хезболах во Либан и на Хамас во Газа, кои се зависни од вооружувањето и финансиите кои ги примаат од Иран.
Во одделни делови се согласувам со твојата проценка, но во целина мислам дека разгледувањето на типично политичкото и надворешно видливото не дава чисти одговори. Таму тоа подрачје е исклучително замрсено за да можеш да го протолкуваш на класично политичко ниво. Мора работите да се погледнат од повисоко инаку би се завлекле во шума, шума која некој и ја создава за да не се види во позадина што е намерата.
Американската стратегија на владеење е создавање на круг од зависности. Ќе ја поддржуваме една држава на исток, но од запад ќе ги поддржуваме нивните противници. Многу ретко некоја сила(народ) само да ја поддржуваат, а да не ја подјадуваат од друга страна. Обично тоа е сила која може да им прави проблем на сите, а принудена е да биде зависна од нив - американците. На Балканот тоа се албанците, не сум сигурен, ќе видиме набрзо, но прилично е веројатно слична улога да имаат и курдите. Точно дека повремено ќе бидат користени како жртвувана мамка и притоа да имаат и тешки моменти, но се чини дека ќе ја имаат американската поддршка за на сите да им сметаат и да оневозможуваат сојузништва. Ердоган нешто се занесува, ама никој тоа нема да му го дозволи. Турција ќе биде поддржувана во однос на европската политика, но ќе биде подјадувана во азиските настани. Во целава блискоисточна ситуација, голема е веројатноста Турција да излезе како најголемиот губитник, но ќе и се надоместува со зголемено влијание кон Балканот.
 
Каков напредок... од кози на магариња преминаа. И после се лутат затоа што ги нарекуваат животни. За тој предел таму треба една нуклеарка и се одново да почне. Искрено не паметам кога било по оправдано да се џитне една голема бомба таму и да ги сјебе тотално.
Да се маструбира е грев, затоа за да не им се налути алах, на помош доаѓаат магариња, кози, овци, камили.[DOUBLEPOST=1412782715][/DOUBLEPOST]
Embedded media from this media site is no longer available

Link
i plus. ako taka gleame zasto pa magareto da ima stopan i nekoj da odgovara za nego??
Now it make sense.....
 
Последно уредено:
A coalition drone which is active in Syria captured these images of what is believed to be an ISIS militant taking some time off, to have sex with a donkey.

advertisement

The footage shows the heat signatures given off by the animal and the Islamic State fighter who appears to be having sex with it.

NSFW: US Military drone catches Taliban fighter having sex with goat

The footage was released on LiveLeak by an unknown source with a caption explaining the footage had been shot recently in Syria.
Embedded media from this media site is no longer available

Link
Кој романтичен момент.o_O
 
Турција е во голема опасност да загуби секакво влијание што има во регионот. Проблемот се Курдите, кои пак, се силно поддржани од САД.

Стратегијата на САД (и Русија?) е прилично едноставна- не смее да се дозволи моќна држава во регионот. Ниту С.Арабија, ниту Иран, ниту Ирак. Ирак еднаш проба да стане моќен играч во регионот... проба!
Слободно може да се очекува на расцепкување на Ирак, Сирија и Турција во регионот, впрочем секаде каде што има можност за тоа. Колку некој регион е порасцепкан, толку е полесен за контрола. Очекувајте Курдите да го имаат главниот збор во иднина.
Кај се сега тие што тврдеа пред 6 години дека распад на Турција не е можен, поште нели не биле ни Југославија, ни СССР, туку биле некаков си светски ранг држава ? Каков е сега аспектот, колку е намален коефициентот за стабилноста на Турција а?
Секуларните генерали гнијат по затвори, а сега се поставени све луѓе на Ердоан, кој е и самиот исламист, според политиката која ја води.

Што се однесува до наклонетоста на Курдите кон западот. Јас мислам дека не им веруваат повеќе ни на Европа, ни на САД. Да имаа поддршка од САД како што треба, никад нема да се освоеше толку Курдска територија и Курдите тоа го знаат и затоа изразија револт во Брисел пред НАТО седиштето.
 
Тоа го велиш ти, но фактите од изминативе неколку месеци говорат нешто спротивно.

Фактите од изминативе неколку месеци говорат дека ИСИЛ/ИСИС/ИД се производ на САД и дека Турција на своја територија лекува злосторници од ИСИЛ/ИСИС/ИД, па дури и разменува затвореници со нив.

Точно, и Саудиска Арабија се обидува да профитира од конфликтот помеѓу муслиманите на блискиот исток, и засега ја користи најдобрата тактика - избегнува јавна изложеност во конфликтот, барем засега.

Еден заеднички именител што го имаат сите страни кои се против сириската влада на Башар ал Асад, а истовремено се и едни против други, е фактот дека сите се антисекуларистички, односно се залагаат за воведување на исламистичка теократија, односно шеријат. Истиот заеднички именител го имаат и движењата кои ги соборија Бен Али во Тунис и Хосни Мубарак во Египет, и кои го масакрираа Моамер Гадафи во Либија.

Тргнувајќи од фактот дека сите овие исламистички движења се антисекуларистички во самиот корен, а случајно или не, и денешна Турција под власт на Реџеп Таип Ердоган исто така станува се повеќе антисекуларистичка, следува заклучокот дека Турција - помогната од САД - и тоа како само ги помага истите овие исламистички антисекуларистички движења на блискиот исток.

Секако дека и САД и Русија бркаат свои интереси, но засега Русија ја застапува секуларистичката страна, наспроти САД кои повеќе од очигледно ја застапуваат антисекуларистичката страна, која и тоа како само се залага за етничко чистење на блискиот исток од немуслимани, а на таа антисекуларистичка страна е и ИСИЛ/ИСИС/ИД.
Каков производ на САД, кога ИС се борат против САД уште од инвазијата во 2003?
Сегашните ИС се истите луѓе што колеа Американски војници во Ирак, што активираа цистерни-бомби во села населени со Јазиди/Шиити, истите тие што креваа во воздух Американски тенкови...
ИС не е нешто ново, освен името. ИС постојат долго време и имаат доста крв на свои раце, голем дел Американска...
Тоа што Турција прави на своја територија, не е Американска работа...
Можеби еден временски период ИС беа корисни за САД, но се распаднаа сојузите...[DOUBLEPOST=1412808646][/DOUBLEPOST]
Кај се сега тие што тврдеа пред 6 години дека распад на Турција не е можен, поште нели не биле ни Југославија, ни СССР, туку биле некаков си светски ранг држава ? Каков е сега аспектот, колку е намален коефициентот за стабилноста на Турција а?
Секуларните генерали гнијат по затвори, а сега се поставени све луѓе на Ердоан, кој е и самиот исламист, според политиката која ја води.

Што се однесува до наклонетоста на Курдите кон западот. Јас мислам дека не им веруваат повеќе ни на Европа, ни на САД. Да имаа поддршка од САД како што треба, никад нема да се освоеше толку Курдска територија и Курдите тоа го знаат и затоа изразија револт во Брисел пред НАТО седиштето.

САД многу ги помогнаа Курдите последните неколку месеци, особено воено. Курдите веќе имаат своја армија која од пред некое време стана многу помоќна.
Сигурно на Турците им чади главата од ваквата политика на САД.
Кога ќе заврши сето ова со ИС, Курдите конечно ќе тргнат во остварување на нивниот долгогодишен сон...
 
Последно уредено:
Каков производ на САД, кога ИС се борат против САД уште од инвазијата во 2003?
Сегашните ИС се истите луѓе што колеа Американски војници во Ирак, што активираа цистерни-бомби во села населени со Јазиди/Шиити, истите тие што креваа во воздух Американски тенкови...
ИС не е нешто ново, освен името. ИС постојат долго време и имаат доста крв на свои раце, голем дел Американска...
Тоа што Турција прави на своја територија, не е Американска работа...
Можеби еден временски период ИС беа корисни за САД, но се распаднаа сојузите...

Ехехеее, се распаднале сојузите, колку се распаднале допрва ќе дознаеме.

Потсети се дека и Осама бин Ладен беше производ на САД кога им требаа неговите муџахедини за да се борат против војските на Советскиот Сојуз во Авганистан.

Убивале американски војници, и мислиш дека тоа ги прави непријатели на САД ?

Па да, ги прави непријатели на американската нација, но американските политичари и американските воени профитери не гледаат така на работите.

За нив бизнисот си е бизнис, без разлика на кого му продаваат оружје и муниција, па од тука и тврдењето дека ИСИЛ/ИСИС/ИД се непријатели на САД паѓа во вода.
 
ИС е структура што постои одамна. И од кога постои војува со САД, што е спротивно на твоето тврдење дека ИС е производ на САД.
Во ниту еден наврат, САД им немаат (про)дадено оружје на ИС. Ниеднаш.
Тоа што ИС се поддржани од други земји е сосем трето.

И тешко на профитерите од профитот од лесни оружја, пушки и минофрлачи...
 
Или си премногу наивен, или не знаеш како функционираат воените профитери.

Прочитај малку за финансиерите на Адолф Хитлер и на нацистите во Германија и за Прескот Буш, таткото на Џорџ Буш Постариот - 41-от претседател на САД и дедо на Џорџ Буш Помладиот - 43-от претседател на САД.

Не постои такво нешто како никогаш и/или ниеднаш кога станува збор за профит од продажба на оружје и муниција, а САД, Русија и Кина секогаш ги ставаат профитерските интереси на прво место пред националните интереси, би требало тоа да го знаеш доколку активно ги следиш настаните на светската политичка сцена изминативе 15 години.
 
Се разбира дека во секој конфликт станува збор за профит, влијание и моќ.
Но ти рече дека САД им продаваат оружје на ИС, прегазувајќи ги националните интереси. Што се разбира, е сосем погрешно.
 
Се разбира дека во секој конфликт станува збор за профит, влијание и моќ.
Но ти рече дека САД им продаваат оружје на ИС, прегазувајќи ги националните интереси. Што се разбира, е сосем погрешно.

Секако дека е погрешно САД да им продаваат оружје и муниција на ИСИЛ/ИСИС/ИД, но останува фактот дека директно или индиректно им продаваат.

Ако не им продавале оружје директно на ИСИЛ/ИСИС/ИД, тогаш им продаваа на бројните таканаречени демократски опозициски групи кои се борат против сириската влада на чело со Башар ал Асад, а кои подоцна се претопија во ИСИЛ/ИСИС/ИД, заедно со оружјето и муницијата кои САД им ги продадоа на нив.

Еве што има да каже пензиониран американски генерал од воената авијација на САД за (не)заинтересираноста на САД и Турција за да го спасат северниот сириски пограничен град Кобани на границата помеѓу Сирија и Турција од злосторниците на ИСИЛ/ИСИС/ИД.

Симболичните бомбардирања од страна на САД и нивната анти-ИСИЛ/ИСИС/ИД коалиција се чист политички маркетинг за редовните парламентарни избори во САД, кои треба да се одржат на 4 ноември 2014, а на кои се очекува демократите на Барак Хусеин Обама трет пат по ред да не го освојат мнозинството во Конгресот, а можно е и да го изгубат мнозинството во Сенатот.

Затоа од огромна корист може да биде бомбардирањето на неколку камиончиња, чисто колку за американската јавност да мисли дека САД всушност превземаат нешто против ИСИЛ/ИСИС/ИД на блискиот исток - додека во пракса не превземаат ништо - а ако американската јавност ја прифати ваквата приказна за лажните анти-ИСИЛ/ИСИС/ИД дејствија на САД на блискиот исток, можеби Барак Хусеин Обама и неговите демократи сепак ќе успеат да го задржат мнозинството во американскиот Сенат, а можеби ќе успеат и да го освојат мнозинството во американскиот Конгрес на 4 ноември 2014.

Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom