- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.275
- Поени од реакции
- 13.007
Анализава ти е сосем погрешна, од секој аспект.
ИС е група која отворено се бореше против Американците уште од нивниот влез во Ирак, 2003.
САД никогаш, не ја поддржувале ИС (и како и да се викаа претходно).
САД во Сирија најмногу ја поддржуваше ССА (FSA), кои своевремено беа сојузници со ИС. Турција, С.Арабија, Катар се тие кои ја поддржуваа ИС и сеуште ја поддржуваат.
Борбата за влијание во регионот е меѓу 3 сили: Турција, Иран и С.Арабија.
Саудијците ги користат сунитите (ИС) за борба за влијание, Иран ги користи шиитите (плус Хезболах и сл), додека Турција се обидува да се наметне економски и политички, немајќи таква поддршка од население и групации како што имаат Иран и С.Арабија. Но за разлика од Иран и С.Арабија, Турција е во голема опасност да загуби секакво влијание што има во регионот. Проблемот се Курдите, кои пак, се силно поддржани од САД.
Стратегијата на САД (и Русија?) е прилично едноставна- не смее да се дозволи моќна држава во регионот. Ниту С.Арабија, ниту Иран, ниту Ирак. Ирак еднаш проба да стане моќен играч во регионот... проба!
Слободно може да се очекува на расцепкување на Ирак, Сирија и Турција во регионот, впрочем секаде каде што има можност за тоа. Колку некој регион е порасцепкан, толку е полесен за контрола. Очекувајте Курдите да го имаат главниот збор во иднина.
Тоа го велиш ти, но фактите од изминативе неколку месеци говорат нешто спротивно.
Фактите од изминативе неколку месеци говорат дека ИСИЛ/ИСИС/ИД се производ на САД и дека Турција на своја територија лекува злосторници од ИСИЛ/ИСИС/ИД, па дури и разменува затвореници со нив.
Точно, и Саудиска Арабија се обидува да профитира од конфликтот помеѓу муслиманите на блискиот исток, и засега ја користи најдобрата тактика - избегнува јавна изложеност во конфликтот, барем засега.
Еден заеднички именител што го имаат сите страни кои се против сириската влада на Башар ал Асад, а истовремено се и едни против други, е фактот дека сите се антисекуларистички, односно се залагаат за воведување на исламистичка теократија, односно шеријат. Истиот заеднички именител го имаат и движењата кои ги соборија Бен Али во Тунис и Хосни Мубарак во Египет, и кои го масакрираа Моамер Гадафи во Либија.
Тргнувајќи од фактот дека сите овие исламистички движења се антисекуларистички во самиот корен, а случајно или не, и денешна Турција под власт на Реџеп Таип Ердоган исто така станува се повеќе антисекуларистичка, следува заклучокот дека Турција - помогната од САД - и тоа како само ги помага истите овие исламистички антисекуларистички движења на блискиот исток.
Секако дека и САД и Русија бркаат свои интереси, но засега Русија ја застапува секуларистичката страна, наспроти САД кои повеќе од очигледно ја застапуваат антисекуларистичката страна, која и тоа како само се залага за етничко чистење на блискиот исток од немуслимани, а на таа антисекуларистичка страна е и ИСИЛ/ИСИС/ИД.