Драга...
... една конкретна работа која еден мој професор ја кажа на предавање ми остана во глава пошто навистина сам се уверив дека е 100% во право.
Со секоја голема промена која влијае врз народот (од политички, општествен, социјален или било каков карактер), без разлика дали таа промена е донесена со цел да им помогне на луѓето или не, човекот по default е незадоволен од нејзините последици. Низ текот на целата историја, со секоја промена која е донесена за да го подобри и стабилизира општеството, во тоа време луѓето биле незадоволни и се бунеле. Истото се повторува и до ден-денес. Често се случува да се промени некоја работа за која луѓето кенкале со години пошто им сметало, само што кога тоа ќе се промени, ќе им смета променетото. Јебига, навикнати се така, си функционираат по тој систем, систем во кој прогресираат по еден пат, додека се жалат за препреките во него. Кога ќе им се смени патот, односно кога патот ќе стане полесен, се бунат пошто го немаат научено новиот пат кој им е наметнат. Во психата на човекот е и тоа го прави несвесно, не може да си помогне. Запамти го ова за следниот пат кога ќе се случи нешто такво. А кога ќе се случи, само тргни се на страна и гледај каков циркус се случува околу тебе. Не се труди, нема да вразумиш никого. Ако пробаш ќе те направат продадена душа или дури и малоумен.