Aj да се обидам да проанализирам малце...
Како што реков, УЈП не е спорна во ситуацијата, бидејќи и онака ги наплаќа казните во присилна наплата веќе неколку години.
Тука ми е спорно единствено што за некои прекршоци НЕМА прекршочна постапка, туку директно правосилност, осум дена за наплата и после оди присилно кај УЈП.
Да се осврнам малце и на казните...
Ќе почнам со појасите. Факт е дека се корисни, факт е дека многу народ не ги користи, факт е и дека освен на безбедноста на оној кој (не) го користи не влијае на безбедноста на другите учесници во сообраќајот, факт е и дека понекогаш знаат да се заглават, но факт е и дека не ги одржуваме како другите компоненти на возилото... не ги есапиме воопшто.
Затоа, сметам дека казната за неносење појас би требало да биде 10 - 15 евра, пак за сите во возилото.
Другото беше дете на точак. Тука треба да се појасни малце на што се мисли. Јас подразбирам дете помало од 10 години да биде пуштено само, без придружба, да се вози по јавен пат. Имам дете од 10 години, вози точак, ама само да го пуштам сеуште ми е страв
. Можеби сум претерано претпазлив, плашлив или било што... затоа, тука сметам дека казната е ОК.
Брзина... нема што да дискутирам тука. Во град се знае: 50 км/ч. Освен за онаа над 50 од дозволеното, остануваат другите како што беа. Исто и на отворен пат. Тука имам замерка на она од почетокот на постот, т.е. отсуството на прекршочна постапка.
Алкохол... ми се чини дека тука не штима... гледам некаква градација на казните од 200 па до 500. Да е до мене 0 промили и строго 500 евра. Алкохол и волан заедно не одат. Истата примедба за отсуството на прекршочна постапка.
Мобилен телефон... Треба поостро од предлогот. 100 евра бе! Мобилниот одзема внимание, може да настане пиздарија голема, не дај Боже и жртви. И, иако сум пушач, од исти причини, треба да се забрани и да пуши возачот додека вози.
И, за крај, да кажам нешто околу калта
Да не се правиме од Марс паднати, кал во градска средина може да има, ама не до толку... Тоа треба да се однесува за на отворен пат... Кога на пр. камиони, трактори и сл. излегуваат од ниви и оставаат кал на патот која може да биде опасна за другите учесници во сообраќајот во смисла предизвикување лига на патот. Зборувам за излегување од нива на дожд... значи тркалата оставаат огромни количества кал... или од некој спореден неасфалтиран пат на главен пат. Тука просечен возач на автомобил не е засегнат. Другите - нека бидат совесни.
И, за крај, неукажувањето помош:
Некој спомна дека со самото подместување на повредениот може да му се влоши состојбата. Поинтелигентно би било законот да предвиде казна за лице кое ја има стручноста да укаже помош, а не укажува, а за сите останати доколку не повикаат помош.