- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 1.644
- Поени од реакции
- 1.677
Гол не се поништува доколку има играч во шеснаесетникот кој е далеку од голманот, блиску до голманот или било каде и да стои. Местото не е клучно за тоа дали играчот е во активен или пасивен офсајд. Клучно е дали играчот кој е позади сите дефанзивци, влијае или не врз акцијата.
Во овој случај овие од Скај мислиш Америка ја откриле со тоа што асистентот му рекол дека Видал е во офсајд. Нормално дека му рекол, јас од овде тврдам дека аситентот му укажал на Роки дека Видал е позади сите играчи на Рома. Должност му е тоа. Но, одлуката за тоа дали голот е валиден не паѓа на ничиј друг грб, туку на главниот судија. 100% си во право кога велиш дека е комплицирано. Во вакви случаеви, главниот судија добива сигнал од асистентот дека има играч во недозволена позиција кој може да влијае врз акцијата и тој во истиот момент мора да одлучи дали Видал (конкретно во случајот) влијае врз акцијата или не влијае и дека голманот може да интервенира и дека не е попречен. Од сликата и во живо се гледа дека е апсолутно тешка одлука. Видал стои пред голманот, ама Бонучи се наоѓа доста полево од Видал (гледајќи од перспектива на голманот и на сликата) што значи дека голманот веројатно може да види кога почнува шутот. Исто друг дел од акцијата е траекторијата на топката, што не оди кон местото каде што стои Видал (во таков случај 100% би било офсајд) туку овојпат од десната страна.
Ова е се разбира мое видување, бидејќи верувај ми, Колина да го прашат за овој настан нема да може експлицитно да каже дали е офсајд или не, туку сигурно ќе одговори дека ова подлежи под инстантна интерпретација на судијата на натпреварот.
Еве според ФИФА.
И еве еден поништен гол во Англија.

