Juve Big Boss, penalty not given on Marchisio, three debatable penalties, everything happens but the Champions end happier
^Ова е насловот на Тутоспорт, како и секогаш ретардирани со стил
Кориере можеби е пристрасен спрема Рома, но како Тутоспорт не може, тие врв на дебилизмот, од секогаш биле ..
Стефано Агрести, “Кориере дело спорт”
Уште еден рекорд на Јуве – хет-трик на судијата
Јувентус продолжува да крши рекорди. Трите гола, кои ги постигна против Рома за победата со 3:2 во супердербито на Серија А, беа нерегуларни. Нешто што малкумина ќе го заборават наскоро. Едвај имало друг тим кој освоил толку важен натпревар со толку многу неправилни погодоци.
Дербито со Рома ќе биде главна тема уште доста време и трите гола на судијата Џанлука Роки ќе бидат конкуренција на голот на Туроне (со децении една од најкоментираните спортски теми во фудбалот во Италија. Во сезоната 1980/81, судијата поништи гол на Туроне во клучниот натпревар помеѓу Рома и Јувентус во битката за титулата – н.з.).
Првиот пенал беше фундаментална грешка. Мајката на сите други. Бидејќи од таму натаму Роки ја изгуби довербата на играчите. Пенал немаше поради две причини. Маикон ја погоди топката со лактот надвор од казнетиот простор и при тоа штитејќи го своето лице. Значи тука има двојна грешка.
Немаше ни втор пенал. Иако контактот меѓу Пјаниќ и Погба беше само на сантиметри надвор од казнетиот простор. Но токму овој момент покажа дека Роки ја изгуби довербата. На судиите им е наложено да свират пенал само кога се сигурни во тоа. А во случајот, сигналот на Роки дојде 25 секунди, откако топката веќе беше расчистена.
Ова одложување дополнително ги качи тензиите кај двата тима. И се дојде до хаос. И конечно решавачкиот гол. Видал е во офсајд точно пред Скорупски.
Долго време Роки беше еден од нашите најдобри судии. И токму затоа бевме многу изненадени кога во средата тој згреши сериозно во натпреварот Арсенал – Галатасарај од Лигата на Шампионите. Тој пропушти да му даде очигледен црвен картон на Фелипе Мело за фаул против Санчез.
Прашувавме дали тоа е само пропуст или станува збор за лоша форма на судијата. Новиот шеф на судиите Месина, немаше сомнежи кога му го довери мечот Јуве – Рома. Но, се покажа грешка.
Иако уште сме во 6-тиот круг, веќе сите мислат дека оваа сезона е наместена. Судирот на двата најсилни клуба мораше да е избалансиран, а тој беше решен од три грешни судиски одлуки.
Маката на Тоти е, бидејќи тој никогаш немал можност да се натпреварува со силите од Северот на еднакво рамниште. Слично чувство со текот на годините сигурно доживуваат и тимови како Фиорентина, Наполи и Лацио.
Таков натпревар остава траги и во иднината. Јувентус сега има предност и самодоверба, а Рома ќе биде исполнета со гнев и чувство на немоќ. Тоти може да е сигурен дека неговата Рома е посилна. Јувентус имаше потреба од нов рекорд, за да ја победи. Рекорд кој никој не го видел.