Пред сѐ треба да се види која марка стакла им нудат оптичарите. Најчесто поскапи стакла = повисок квалитет, но во нашата чудесна Македонија - сѐ е можно. Друг фактор за цената е колку оптичарот си го цени својот труд. Обработката на стаклата секој различно ја наплаќа, иако таа сума е (релативно) незначителна во однос на стаклата. Индексот ја менува разликата затоа што потенки стакла се осетно поскапи од подебелите.
Моја препорака за одличен оптичар со фер цени е оптика Исаиев кај Зелен пазар. Кај него има стакла и од најевтините, и од најскапите, може да побараат понуда за сите и да видат што им одговара најмногу.
Е сега, дали вреди, сигурно вреди. Поскапите помалку ќе се гребат (со што автоматски се заштедува на уште еден пар за 2-3 месеци), плус мислам дека одредени марки поскапи стакла имаат и гаранција. За рамки за детенце не знам колку вреди да се платат прескапо, но треба да се земе квалитетна рамка за да не се скрши брзо. Секако рамките не од оптиките низ град, или од некој помал оптичар (јас ги земам од кај Исаиев, има и многу други такви помали оптичарски дуќанчиња) или на пазарче да се побара некоја подобра рамка ако се најде.