Дечки, истово прашање ќе го поставам на повеќе теми поврзани со ОЧИ. Ако модераторите сметаат дека треба да се тргне од некоја од темите, ... ОК, се извинувам однапред.
Имено, се работи за следново. Пријател има дете (5 год) на кое му е дијагностицирано:
OU Hypermetropia. OS Amblyopia. Anisometropia
На нашки кажано има мрзливо око и покрај диоптријата треба да носи оклудер. Диоптријата е +2,25 на едно око и +4,5 на другото. Е сега, за да не се разликува дебелината на стаклото се користат различни иднекси 1.56 за +2,25 и 1.6 за +4,5. Нормално, со сите заштити што треба да ги има стаклото.
Е сега следи главното прашање. Зошто во 2 различни оптичари се добиваат две различни цени? Разликата е огромна. 1900 на према 3400ден. Или пак ако се смени индексот на 1.56 со 1.67 се добиваат 2400 на 4400ден.
КОЈА е причината за ваквата драстична разлика?
Дали има корист од тоа да се дадат повеќе пари или е сеедно? Сепак за детенце се работи и родителите би дале и повеќе од 4400ден само ако има поента