Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.843
- Поени од реакции
- 5.509
Не се согласувам. Мората не направи нешто којзнае што, па за да добие црвен картон. Судирот меѓу грчето и Мората ескалираше, скокнаа од клупи играчите се создаде гужва, а судијата мораше да реагира да не заминат работите во погрешен правец па додели 2 црвени картони.Мората, ме разочара тотално, ај шо не очекував ништо, само онака се надевав дека можи ќе ме демантира.
Тој па се докажва дека е и краток фитил. Не смеј онака лесно да наседнува. Т.е. она е школа на Реал.
Алегри мора да го нашамари, ми се бендиса ко отиде да ги дели и одма го исфрли настрана. Очигледно не беше само да намали конфликт туку да го заќути малиов.
Јас пак имам спротивно мислење за Мората. Во 30 минути имаше еден одличен шут, и ударот со глава со кој погоди пречка. Постојано беше во движење, поддаваше итн.
И стварно мислам дека премногу строго го судиш Мората. Играчот доаѓа во друга лига, цело лето беше повреден, се врати во игра на тренинзите. Сите натпревари ги преспа на клупа, добиваше шанса 85 минута +. Веројатно не очекуваш да даде 10 гола со ваква минутажа? Се гледа дека има голем потенцијал, и сметам дека заслужува повеќе да игра.