Дека FUN шопот се наоѓа во Дром тренерките ќе биле на попуст
Шега на страна очекувам дека ќе има солени цени за дресовите, да не се лажеме кога Ли нингот во Орка го продаваа над 3.000 денари Хумел сигурно ќе биде троа поскапи.
За останатото од типот на сувенири, чаши и такви слични работи ќе бидат со пристапни цени.
Ли нинг ми текнува последниов период додека го продаваа падна на илјадарка.
Дресот што го носат сеа може да се купи и како празен дрес без натпис од Хумел спорт колекцијата (интернет или од држава кај што се продава) и беше околу 25 евра мислам.
Мое мислење е дека оригинал дресовите ќе се движат од 1800 до 2400 денари.
Викаат аутлет ќе било па ќе видиме. Патики обично Хумел добри прави, у главно по спортски. Ќе видиме и што други реквизити за Вардар ќе понудат. Ако некој планира да купува би било добро одма да го направи тоа оти што прочитав 20% попуст давале деновиве.
Така да ако е 2000 ден. оригинал дрес, со попустов ќе дојде на 1600 што и не е лошо за оригинал дрес за тие што можат одма сега да си дозволат да купат.