Да западниот свет е пропаст затоа сите се селат према запад а никој од запад не трча да живее во Русија, Украина, Белорусија, Молдавија, Романија, Бугарија, Македонија, Србија, БиХ и.т.н. бидејќи нели источна Европа е супер и економски и демократски и во секој можен поглед а западот е пропаднат случај ...
Според повеќево мислења на темава на запад сите се или гејови или транс или зоофили или педофили или некрофили што апсолутно не е точно ниту пак е точно тоа дека на запад владее некаква екстремна либералност, разликата е во тоа што они се 50 години културно и демократски понапред од нас и додека кај нив се води дебата за легализации на одредени работи од некои ЧКЉ теми кај нас на Балканот и општо во источна Европа тек сега во 21 век допрва се води дебата за основните човекови права(тука не мислам на правата кои ги бара ГЛБТ заедницата туку за друго), источна Европа е таа што треба да се промени културно и демократски, да се демократизира бидејќи е хард-кор културно и демократски назад со времето а не дека западот бил до таа мера пропаднат, настран и декадентен ама тоа нема да се случи во блиска иднина таа демократизација на источна Европа можеби после неколку децении ќе успее !
Не дека западниот свет е толку екстремно либерален туку факт е дека источна Европа е сеуште во голема мера доста конзервативна и традиционална и затоа се кршат копјата на ваквиот тип на теми и дебати ... колку за еден прост пример кај нас на пр. сеуште е табу тема отворено да се говори за хетеро-сексуалниот секс, сеуште има луѓе кои живеат со сфаќањата од типот дека секс не треба да се има пред да се влезе во брак и дека сексот служи само за правење на деца а не за задоволство, постојат такви кои ставаат равенство помеѓу абортус и убиство и ред други примери а тек па уште да се отвараат теми од проблематики за кои се однесува темава, да не збориме за многубројните предрасуди и стереотипи кон одредени групи на луѓе ако ви текнува на оваа тема
http://forum.kajgana.com/threads/Кажи-НЕ-на-насилството.75072/
E сега проблемот е двоен, од една страна државата прво треба да ги прифати работите но дури и да се случи тоа кога тогаш останува уште еден проблем а тоа е како народот ќе ги прифати работите а тој филм реално гледано овде нема да го видиме уште долги години, неколку децении, факт !
Јас не сум геј и оваа проблематика за која се однесува темава воопшто не ме засега но сепак правам одредени анализи и компарации помеѓу тој западен свет и овдешниве источно Европски општества !
Има разлика од еден до друг народ да, од една до друга држава, регион во зависност од локалниот менталитет на луѓето на пр. одредени работи кои некаде се сметаат за нормални и се секојдневие истите тие работи во друга средина може да се сметаат за одвратни и лоши и тука не мислам конкретно за хомосексуалноста туку општо говорам, мое мислење е дека и екстремната либералност како и екстремната конзервативност(особено денеска во 21 век) се негативни и треба да се бара некаков баланс на нештата, ниту претерана либералност ниту претеран конзервативизам туку нешто помеѓу но тоа си е веќе мое лично размислување бидејќи сметам дека бегањето во една или друга екстрема не е добро !