Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дали за мрежи е потребно да се учи од книгата или доволни се слајдовите од презентациите?
Презентациите се доволни. Книгата можеш да си ја најдеш и да читнеш од неа во случај да не разбереш нешто од презентациите. За учење од неа...просто нема време толку и да сакаш :)[DOUBLEPOST=1411414005][/DOUBLEPOST]Некој коментар за Веројатност? Која збирка е најдобра? Македонската викаат дека има многу грешки, а од Глишиќ дека не е доволно тешка,,,некој совет околу тоа? Исто, коментар и за теоријата, дали е навистина само од презентациите или има некој плус прашања? Ако има некој теоретски испитни за ВиС, би било добро да ми испрати :)
Дополнително ме интересира за Алгоритми, колку е тежок предметот, како да се учи, разлики во тежина на лабораториски и полагање....Фала :)))))
 
Презентациите се доволни. Книгата можеш да си ја најдеш и да читнеш од неа во случај да не разбереш нешто од презентациите. За учење од неа...просто нема време толку и да сакаш :)[DOUBLEPOST=1411414005][/DOUBLEPOST]Некој коментар за Веројатност? Која збирка е најдобра? Македонската викаат дека има многу грешки, а од Глишиќ дека не е доволно тешка,,,некој совет околу тоа? Исто, коментар и за теоријата, дали е навистина само од презентациите или има некој плус прашања? Ако има некој теоретски испитни за ВиС, би било добро да ми испрати :)
Денес Алескаднра спомна дека ќе ни давале збирки...дали тоа финки ќе се потруди да ни обезбеди нормални материјали за учење просто не ми се верува...
 
Вовед во информатика материјали некој да прати? :)
 
Наместо да ги средат 5623468 несредени глупости на факултетов, сериозно поставувале восочни фигури од влијателнине гомна? Дали остана некој нормален во државава?
 
Наместо да ги средат 5623468 несредени глупости на факултетов, сериозно поставувале восочни фигури од влијателнине гомна? Дали остана некој нормален во државава?

Шега беше бе.
 
Што треба за да смениш професор? И дали може откако ќе запишеш семестар, да промениш некој предмет?
 
Што треба за да смениш професор? И дали може откако ќе запишеш семестар, да промениш некој предмет?
За да смениш професор треба да напишеш кратка молба (со причините зошто го менуваш), да уплатиш 50 денари таксена марка и сето тоа да го однесеш во студентски
 
Здраво на сите, оваа година се запишав на ФИНКИ на смерот КНИ. Започнав да ја читам темава со цел да разберам како oдат работите на факултетов, ама некако споро ми оди. Ако може некој да ми објасни како стојат работите посебно во учењето од каде се учи дали од книгите кои ни ги даваат професорите(линк на англиски, или од други? ) и некои други информации кои сметате дека би му биле корисни на еден бруцош ;)
 
Доволно е да се учи од предавањата и вежбите кои ќе ви ги поставуваат на Moodle (courses.finki), но секако не е штета и од книгите да си читаш за дополнителни знаења.
И предавањата најчесто се правени по некоја од книгите кои ви ги посочуваат професорите.

Мој совет... биди редовен на предавањата и аудиториските вежби, учи си со време и лабораториските вежби изработувај ги сам.
За практичните/писмените делови може да си најдеш некои дополнителни задачи за вежбање (или пак испитни/колоквиумски задачи од претходните години)
 
Последно уредено:
здраво,јас сум студент на финки поточно смерот е-технологии. Би сакал да знам од постарите колеги како се полагаат предметите дали е тешко... kaкви се професорите...дали треба многу да се учи да се совлада матријалот... бидеќи завршив гимназија и имам минимално знаење :unsure:
 
Полагањата се одвиваат преку колоквиуми и испити, а има и исклучоци каде што може да се положи и со семинарска (тоа се најчесто изборните, не толку корисни предмети).
Има 2 колоквиуми (на два пати по пола материјал полагаш) и ако положиш не одиш на испит. Ако паднеш на колоквиумите одиш на испит и го полагаш целиот материјал. Еден предмет може да го полагаш низ 3 испитни сесии (во јануари, јуни и август). Ако не го положиш низ трите испитни сесии го презапишуваш.

Какви се професорите ? Па зависи од професор до професор :D
Но тоа и не е толку важно.

Дали треба многу да се учи ? Тоа е индивидуално...
Генерално си бара посветеност.

Најмалку е важно што си завршил. Добро е да имаш, но не се неопходни предзнаењата.
 
многу ми е страв да не немам време да научам се ...што мислите со мојот смер се наоѓа лесно работа ?
 
здраво,јас сум студент на финки поточно смерот е-технологии. Би сакал да знам од постарите колеги како се полагаат предметите дали е тешко... kaкви се професорите...дали треба многу да се учи да се совлада матријалот... бидеќи завршив гимназија и имам минимално знаење :unsure:
Најголемата грешка што ја направија колегите беше препишувањето на лабараториските вежби, што и да правиш, потруди се сам да ги решавш. Така најмногу и најдобро ке научиш.
За учење, зависи од тебе, прв семестар лесно е, јас го поминав со учење 3 дена пред колоквиум ама тоа не важи за секого. Како што напредуваш понатаму, во втори, трети... семестар ке имаш повеќе материјали, ке треба да стекнеш навика за учење. Ако почнеш уште сега, полесно ке ти биде за понатаму.
 
здраво,јас сум студент на финки поточно смерот е-технологии. Би сакал да знам од постарите колеги како се полагаат предметите дали е тешко... kaкви се професорите...дали треба многу да се учи да се совлада матријалот... бидеќи завршив гимназија и имам минимално знаење :unsure:
Е ако де, и јас сум со гимназија, па еве, завршив без да отидам на испит по ни еден единствен предмет до сега, со просек над 9. Сфати си ја озбилно работата, учи редовно ама не претерувај, секогаш дај си време за одмор, дозволи си да се опуштиш и да излезеш ако чувствуваш потреба па макар полагал и утредента или за 2 дена. Научи се да проценуваш колку време ти е потребно за секој предмет. Некои се полагаат со 3 часа учење - некои со постојано решавање. Колку повеќе време изгубиш на спремање на лабораториските - толку помалку ќе ти биде потребно во колоквиумска. И најбитно, не слушај мислења на постари колеги за тоа колку тежок е некој предмет, на мене најлесни ми биле тие предмети што сите ги кажуваа како најтешки. Не му работи на секој на исти начин "текнувалото".
 
Дали знае некој да ми каже дали сеуште може да се смене изборен оваа недела ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom