Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
То обично се врзува за цената на златото, на пример во 1984 унца злато чинеше 300 долари, денес една унца чини 1200 долари, ако во 1984 ти требаа 10.500 долари за кило злато, денес ти требаат 42.000 долари, ако во 1984 година БДП на Југославија била (изразена во злато) 10,10 унци злато по жител, денес во Македонија - 30 години подоцна, бдп (изразена во злато) е 9 унци, или пад од 1,1 унца или по денешна цена имаме помал бдп од оној во СФРЈ во 1984 за 1320 долари
Абе и попголем да е јас викам вака. Кај се тие унци и тие злата и долари? Јас неам ништо видено. Барем до мене не ништо дојдено последниве години. Едно станче од дедо ми наследство и тоа е.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Абе и попголем да е јас викам вака. Кај се тие унци и тие злата и долари? Јас неам ништо видено. Барем до мене не ништо дојдено. Едно станче од дедо ми наследство и тоа е.
Па гледај потруди се ти на децата да му оставиш повеќе од колку тебе дедо ти.
Барем куќа на два спрата и вила на охридско езеро
 
Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
Па гледај потруди се ти на децата да му оставиш повеќе од колку тебе дедо ти.
Барем куќа на два спрата и вила на охридско езеро
Сеа со капитализмов не можи а да не ми успее. :pos: Како беше она кило домати кило компјутери.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Сеа со капитализмов не можи а да не ми успее. :pos: Како беше она кило домати кило компјутери.
не домати, кило пиперки - кило компјутери беше а литро анасонка беше како литар џим бим бурбон... полека де не сме ни 30 години во капитализам, ќе успееш ти на децата двокатна куќа децата на внуците зграда внуци на правнуци населба, за 4-5 генерации цел град ќе наследат твоите потомци. То е капитализам а не то шо не лажеше Троцки и Тито дека појќе од точак ако имаме сме биле слуги на рееакционизмот и сме требле да бидеме стрелании.
Мене два пати ме стрелаа комунистите, еднаш шо слушав рок музика во 1977 и еднаш во 1986 кога купив вокмен од еден печалбар кој беше дојден овде на лето.
 
Член од
22 август 2014
Мислења
35
Поени од реакции
22
Темата е дали се живеело подобро - факт е и тврдам дека се живеело подобро. Зборуваме за квалитет на живот а не за фискални и монетарни политики на две држави. Јас тврдам дека народот беше посреќен него што е сега. Постоеја други вредности кои се ценеа повеќе од парите. имаше разумна невработеност.
Имаше еден стандард на живот кој денес не можеме да го замислиме.

И сега ако земеш некој кој се збогатил во транзицијата, тој никако не може да се сложи со мене. Зошто него му е подобро сега.

Значи прашањево е релативно, но тврдам дека поголем е бројот на оние што живееле подобро тогаш.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Темата е дали се живеело подобро - факт е и тврдам дека се живеело подобро. Зборуваме за квалитет на живот а не за фискални и монетарни политики на две држави. Јас тврдам дека народот беше посреќен него што е сега.
То беше оти тогаш имаше многу Удбаши снајперисти. Нив им даваја станови во високи згради најгоре и тије со снајпери гледаја долу на народо кој не се смеје и го убиваа со снајперо. Зато и шетавме нон стоп искезени како да сме среќни али у дубини душе сите патевме. А ко ќе идеше Тито или штафета, им даваа митролези со снајпери на тије удбаши да покосат цела редица на ненасмејани граѓани па после кажваа по вестите дека загинале градејќи некој мост или тунел или фабрика.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Тогаш удбашите биле снајперисти, па се терало некако, сега се државни функционери па види ти...
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.966
Поени од реакции
1.867
Абе прашајте некого, постар од 40тина години и ќе ви е јасно! Татко ми, дедо ми, чичковци , вујковци сите ја фалат таа Југославија, сите работеле, ама сите и имале. Еве кога во Словенија,земја која е колку толку економски стабилна и има некој стандард, ја "бараат" назад Југославија, се е јасно.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
не домати, кило пиперки - кило компјутери беше а литро анасонка беше како литар џим бим бурбон... полека де не сме ни 30 години во капитализам, ќе успееш ти на децата двокатна куќа децата на внуците зграда внуци на правнуци населба, за 4-5 генерации цел град ќе наследат твоите потомци. То е капитализам а не то шо не лажеше Троцки и Тито дека појќе од точак ако имаме сме биле слуги на рееакционизмот и сме требле да бидеме стрелании.
Мене два пати ме стрелаа комунистите, еднаш шо слушав рок музика во 1977 и еднаш во 1986 кога купив вокмен од еден печалбар кој беше дојден овде на лето.
И пази сега... по две стрелања што ти се случиле,кој тоа пишува за музиката шо си ја слушал, и за купениот вокмен од печалбар made in germany;)
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
@UpaDown
Стварно не те разбирам. Еве сега има пазарна економија, демократски систем со гласање, капитализам(каков таков капитализам е), конкуренција, можеш со цел свет да се наптреваруваш. Што ти фали па сеа да се буниш? Треба супер да ти е.

Инаку држава со 20 милиони народ и државиче со 2 милиони е срамота да се споредуваат. Требало малку да реформирааат, да издржат некоја година и денес ќе било супер. Ама не им успеало, како што впрочем ништо не успева на овој Балкан и имаме едно големо ништо.
Тоа и е проблемот. Шо капитализам ваков таков не е капитализам. Капитализам ваков таков како кај нас му е полубратче на социјализмот. :)
Абе и попголем да е јас викам вака. Кај се тие унци и тие злата и долари? Јас неам ништо видено. Барем до мене не ништо дојдено последниве години. Едно станче од дедо ми наследство и тоа е.
Со дркање на сликите од Александар тешко дека некогаш ќе видиш некакви унци злато. :)
Абе прашајте некого, постар од 40тина години и ќе ви е јасно! Татко ми, дедо ми, чичковци , вујковци сите ја фалат таа Југославија, сите работеле, ама сите и имале. Еве кога во Словенија,земја која е колку толку економски стабилна и има некој стандард, ја "бараат" назад Југославија, се е јасно.
Баш ме интересира која ли мрза од Словенија бара да им се врати Југославија? Некои такви како у Америка шо сакаат да имаат кариери у Мекдоналдс со по 15 долари саатнина. :D

Темата е дали се живеело подобро - факт е и тврдам дека се живеело подобро. Зборуваме за квалитет на живот а не за фискални и монетарни политики на две држави. Јас тврдам дека народот беше посреќен него што е сега. Постоеја други вредности кои се ценеа повеќе од парите. имаше разумна невработеност.
Имаше еден стандард на живот кој денес не можеме да го замислиме.

И сега ако земеш некој кој се збогатил во транзицијата, тој никако не може да се сложи со мене. Зошто него му е подобро сега.

Значи прашањево е релативно, но тврдам дека поголем е бројот на оние што живееле подобро тогаш.
А, ги знам јас вредностите шо се ценеа. Циганите со хармониката, нешто налик на тоа беше животецот у тие денови. :)
Братство и единствно и ангарии.

Ама со сила убавина не бива. Јебига.

Е сега шо друго зло ни дојде на главите е друг муабет.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
@UpaDown те гледам вака интилигентно момче си, со став против некогашната Југославија втемелен на прочитани книги за тоа време и слушани туѓи искуства, и позитивни и негативни.

Го почитувам твојот став, без разлика дали се сложувам со истиот или не.

Дури и јас, кога се наоѓам во ситуација да му објаснувам на моето дете, го кажувам ова што ти го кажуваш, бидејќи е глупо да се создаваат идеализирања на работи од минатото, кои тешко дека повторно може да станат наша реалност. Таквиот тип на идеализирања на минатото носи со себе можни фрустрации и комплекси во сегашноста и иднината.

Од овие причини го почитувам твојот став, и тврдам дека и таков треба да биде кај сите нови генерации.

Но сепак, барем јас лично го учам моето дете да не ги отфрла ноншалантно ставовите на другите, д аима респект кон истите, и да се потруди да го извади најдобро од нив за себе. Сметам дека и ти треба да го сторип истото.

Е сега, бидејќи е ова форум нели, и виртуелна реланост, во кое се споредуваат две речеиси неспоредливи работи, барем неспоредливи на начин на кој се води дискусијава во последниве страни,

Дали ти можеш да одвоиш една гранка од животот на луѓето како медицина (или било кој дел од медицината), образование, уметност (само немој музика или спорт оти тогаш нашава сегашна државичка е мизерија), безбедност, сигурност на луѓето итн......, и да дадеш свое видување како било тогаш, како е сега, и што ти заклучуваш од изнесеното.

ОБласт по област. Вака се на куп, е нереално.

Ете избери било што, истражи со податоци како било тогаш, а како е сега, постави референтни вредности за она што ќе го пишуваш, и пробај околу тоа да направиш дискусија.
 
Член од
15 јули 2014
Мислења
56
Поени од реакции
21
ова со ситуацииве што си ги напишал се уствари виц еден, кој врти од поодамна... заебанција тешка, но секако многу вистинита... го доловува моментот.. но со првиот дел од постот не се сложувам... како тоа велиш НЕ СЕ СПОРЕДУВА ТОА? како може да не споредуваш? има ли нешто што е повеке споредливо од тоа како се живеело некогаш а како сега? едноставно тураш на лист хартија поделен со црта на лево и десно и пишуваш што ти било пубаво тогаш а што сега и на крај ке донесеш заклучок без што неможеш, несакаш и што ти е поубаво...
Просто и едноставно е како не се споредува.

Порано копале по цел ден во нива и береле тутун од утро до мрак, дома немале ни тв и јаделе нон сто едно исто леб и од нива што ке си наберат, и биле срекни и радосни и викале дека живеаг одлично и супер (во превод немало толку луксузи и народот со малку се задоволувал)

Денес се мериме со запад и сакаме исто да живееме со американците кои имаат 1000 пати поголем пазар. Никој не работи а, и тие што работат повекето од времето забушаваат секој има дома по 2 коли и 3 клими и 4 лап топа до 12 спијат а од 12 по кафани и кафики, у грчка се оди за викенд на кафе и на шопинг АМА ЗАТОА ПРАШАЈ ГИ НИКОЈ НЕ ЖИВЕЕ УБАВО И СИТЕ СЕ СИРОМАШНИ а секој ден скари се јадат и печења и купена храна (седмица и ресторљниве за готова храна растир прават)

Во превод порано немаше да гледаме запад како е и да се занесуваме немаше толку луксузи кои ни беше криво дека ги немаме и по кои копнеевме и полесно и со малку се задоволувавме.

Ја мислам дека е неспоредливо. За нас нормално дека ни било болје порано зошто тогаш сме биле државиште со едно чудо народ и голем пазар додека сега сме јадни 2м народ.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2014
Мислења
56
Поени од реакции
21
Заради се ова што го пиша погоре donald sikert ја сметам дека денес се живее подобро.

Кога ке земеш поединечно да споредуваш неминовно доаѓаш до тој заклучок

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.966
Поени од реакции
1.867
Баш ме интересира која ли мрза од Словенија бара да им се врати Југославија? Некои такви како у Америка шо сакаат да имаат кариери у Мекдоналдс со по 15 долари саатнина. :D
Не бе друже, скоро сите ја бараат назад, посебно тие постарите. Последниве неколку години почнаа и да се форсираат некои драми,изложби,концерти со југоносталгичарски содржини, не може да се замисли настан без некоја од југословенските рок групи. Живеам во Љубљана веќе 5 години, на почетокот не беше вака, само последниве 2-3 години како да и се враќаат на таа идеа, сега е веќе касно за тоа, но луѓето си копнеат за едни подобри и поинакви времиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom