Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Одамна, тимот за трансплантација го води Професор Борче Георгиевски кој е одличен доктор. Во странство се трансплантираат само мал број пациенти за кои нема услови да се трансплантираат овде.
Штом пиша дека трансплантацијата е од братот на пациентката значи е алогена. Во Скопје прават и автологна трансплантација, и алогена, не прават само хаплотрансплант колку што ми е познато.
Da,da i daritelski registar za koskena srcevina ima od lani.Doc d-r Dejan Trajkov go vodi i koj saka dobrovolno moze da odi na insutut za imunologija i humana genetika da se rasprasa ako saka da go vnesat vo toj registar.
 
Одамна, тимот за трансплантација го води Професор Борче Георгиевски кој е одличен доктор. Во странство се трансплантираат само мал број пациенти за кои нема услови да се трансплантираат овде.
Штом пиша дека трансплантацијата е од братот на пациентката значи е алогена. Во Скопје прават и автологна трансплантација, и алогена, не прават само хаплотрансплант колку што ми е познато.
Не знаев дека има, би било интересно да ми кажеш од кога функционира овој тим?

П.С сега видов дека братот на пациентката е донорот
 
Од кога тоа? Зашто до скоро време се отепаа од реклами за хуманитарни концерти за собираање пари за трансплантација на коскена срж во странство?[DOUBLEPOST=1411069421][/DOUBLEPOST]
А каква е таа транспантација? Автологна или алологна?
Каква е разликата.. ? мене ми треба совет и помош во врска со тоа леукемијата..
 
Не знаев дека има, би било интересно да ми кажеш од кога функционира овој тим?

П.С сега видов дека братот на пациентката е донорот
Па не знам точно да ти кажам, сигурно е од пред десетина години.
@GhostLeader автологна трансплантација е кога се земаат матични клетки од пациентот, алогена е кога срцевината или матичните клетки се земаат од донор.
 
Па ете кажав дека се од нејзиниот брат..
 
Често ми протекува од десната града како течност гној/вода со бледо жолта боја. Ме боли и на допир.. Мислам дека пред неколку години баш на тоа место се забодев на ограда ли р'ѓосана ли што беше. Што би можело да биде? Не обрвнав внимание на тоа затоа што имав други посериозни проблеми.

Се на лекар се заборавам да прашам што е неодговорно од моја страна ама од понеделник ќе одма посебно за ова.
 
ми студи, изнемоштен сум, нозеве ми се камен, главата топла.
стомакот ме боли ме кини на моменти,
 
ми студи, изнемоштен сум, нозеве ми се камен, главата топла.
стомакот ме боли ме кини на моменти,

Имаш некој грип може..Или си јадел нешто расипана храна и слично,чим те боло стомакот..Колку дена си ваков?
 
Иам некој чуден проблем со палците на рацете. Не ги чувствувам, кога пробувам да стиснам болат од внатрешната страна тоа мекото кај палецот, и се мрдаат чудно. Не се скршени.
 
Два дена ми се лоши а немам нагони за повраќење туку само како апетит да немам и многу ми се лоши. Дали е можно да е од правење нагло стомачни а и во ПМС сум... Некој да ми поможи ве молам со мислење... а и правев крвна слика и мокрача и супер ми е крвта во мокрача ми најдоја бактерии кои не е ништо страшно туку со увин чај се исфрлуваат. се напив увин чај и од тој ден многу ми се лош.и...
 
Во Скопје не се пресадува коскена срж, а во Солун па ич. Информациите не ти се точни.
Се трансплантира и во Скопје од 2003 год,проф д-р Борче Георгиевски е раководител на одделот за трансплантација на коскена срцевина.
 
Завчера почна да ме боли грло, а вчера имав мн висока температура (највисока 39.2).
Пиев парацетамол за намалување на температурата, а вчера најниска ми беше 37.8.
Денес сум мн подобро во тој поглед, скоро цел ден немав температура, вечерва ми се покачи на 37.9.
Бев на лекар, матичната ми кажа дека е вирус и дека сам ќе помине - само повеќе течности и по потреба парацетамол.

Мене ме нервира тоа што имам хиперактивни синуси, и веќе почнав да кашлам, а најмачно од се ми е кашлањето. Се мислам на своја рака да пијам антибиотик, конкретно ради кашлањето, бидејќи последно што сакам е да се тегавам 2 недели и исто толку да бидам на боледување.

Па ми треба мислење - ќе имам ли ќар од една доза антибиотик, или ич да не си ја мачам душава (од причина што не голтам апче, а антибиотиците се прилично горчливи за грицкање :( ) ?

П.С. Направив крвна слика, се е во нормални граници, едино железото вика 2.5 - само што матичната мисли дека е грешка на лаб. затоа што се останато е одлично, башка во јули кога правев крвна слика железото беше супер.. па во петок нова лаб треба да правам, за да видиме реална состојба на истото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom