.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
Јас ќе им објаснам лично.Ајде, тогаш објасни фино како стојат. Да не остане само на мрчење
Прво и основно да го знаете дека МОЖЕ да се прават пари. Јас за еден месец земав пари околу 53,000 ден. што воопшто не е малку, и од јутјуб и од мојот спонзор - партнер.
Што треба прво да направите? прво да се одлучите за што ќе правите видеа, секој почеток е тежок но и вооедно ќе ви се исплати после 4-6 месеци. Откако ќе се одлучите имајте на ум дека СИТЕ ВИДЕА МОРА ДА БИДАТ ЛИЧНО ВАШИ, или пак да имате авторски права врз видеото кое ќе биде прикачено доколку не е ваше, со документ преведен на Англиски јазик.
Втора работа која е следна минимум треба да имате 200 претплатени канали или попознато како SUBSCRIBE, минимум треба да имате околу 100,000 гледаност за еден месец, откако ќе ги исполните овие критериуми вие ќе добиете понуда за monetization, е сега како ќе добиете пари? прво и основно треба да бидете проврзани поточно вашиот канал со google adsense.
Што вие потребно од документи? Да извадите девизна сметка во вашата банка и вооедно да побарате да ви ги дадат овие работи:
- IBAN: (Example: NL91ABNA0417164300)
- BIC: (Example: ABNANL2A)
Oткако ќе ги добиете овие работи ги внесувате во google adsense потоа сигурно ќе се запрашате колку треба да направите пари минимално за да земете?
Минималната сума која треба да ја направите за да земете пари е 150$ од кои 20$ одат за банката во која ги подигнувате парите.
Како се прават парите на јутјуб?
За европските држави, Америка од 1,000 гледаност вие добивате 1$ до 3$ во зависност од земјата.
Колку изнесува за Македонија (читај балкан)? на 10,000 гледаност добивате од 3$ до 6$ потоа сите собрани пари од месецот да речеме Мај ќе ги добиете во Јули на 15ти.
Значи да не прочитам мислење поинакво од ова, немојте да лажете да изнесувате невистини бидејќи јас веќе доста време се бавам со ова и сите работи ги знам како на сон. Пари се прават но треба добро размислување и вооедно да поседувате креативност бидејќи на јутјуб постојат милиони почетници како вас и во секое поле има како вас, затоа доколку се одлучете бидете креативни, држете се до тоа што планирате, секоја недела објавувајте по 1-2 видеа и за рок од 6 месеци ќе ви се исплати целиот труд.
Да напоменам музиката треба да биде лично ваша!
Црвено го направив за да ви биде појасни некои работи околу јутјуб.
П.С Не заборавајте дека доколку сте објавиле песна, видеа кои не е ваше а веќе заработувате на истото, доколку бидете пријавени ќе морате во целост да ја вратите сумата која веќе ја имате заработено.