Заработување со YouTube во Македонија

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ајде, тогаш објасни фино како стојат. Да не остане само на мрчење :)
Јас ќе им објаснам лично.

Прво и основно да го знаете дека МОЖЕ да се прават пари. Јас за еден месец земав пари околу 53,000 ден. што воопшто не е малку, и од јутјуб и од мојот спонзор - партнер.

Што треба прво да направите? прво да се одлучите за што ќе правите видеа, секој почеток е тежок но и вооедно ќе ви се исплати после 4-6 месеци. Откако ќе се одлучите имајте на ум дека СИТЕ ВИДЕА МОРА ДА БИДАТ ЛИЧНО ВАШИ, или пак да имате авторски права врз видеото кое ќе биде прикачено доколку не е ваше, со документ преведен на Англиски јазик.

Втора работа која е следна минимум треба да имате 200 претплатени канали или попознато како SUBSCRIBE, минимум треба да имате околу 100,000 гледаност за еден месец, откако ќе ги исполните овие критериуми вие ќе добиете понуда за monetization, е сега како ќе добиете пари? прво и основно треба да бидете проврзани поточно вашиот канал со google adsense.

Што вие потребно од документи? Да извадите девизна сметка во вашата банка и вооедно да побарате да ви ги дадат овие работи:

  • IBAN: (Example: NL91ABNA0417164300)
  • BIC: (Example: ABNANL2A)

Oткако ќе ги добиете овие работи ги внесувате во google adsense потоа сигурно ќе се запрашате колку треба да направите пари минимално за да земете?

Минималната сума која треба да ја направите за да земете пари е 150$ од кои 20$ одат за банката во која ги подигнувате парите.

Како се прават парите на јутјуб?

За европските држави, Америка од 1,000 гледаност вие добивате 1$ до 3$ во зависност од земјата.

Колку изнесува за Македонија (читај балкан)? на 10,000 гледаност добивате од 3$ до 6$ потоа сите собрани пари од месецот да речеме Мај ќе ги добиете во Јули на 15ти.

Значи да не прочитам мислење поинакво од ова, немојте да лажете да изнесувате невистини бидејќи јас веќе доста време се бавам со ова и сите работи ги знам како на сон. Пари се прават но треба добро размислување и вооедно да поседувате креативност бидејќи на јутјуб постојат милиони почетници како вас и во секое поле има како вас, затоа доколку се одлучете бидете креативни, држете се до тоа што планирате, секоја недела објавувајте по 1-2 видеа и за рок од 6 месеци ќе ви се исплати целиот труд.

Да напоменам музиката треба да биде лично ваша!

Црвено го направив за да ви биде појасни некои работи околу јутјуб.

П.С Не заборавајте дека доколку сте објавиле песна, видеа кои не е ваше а веќе заработувате на истото, доколку бидете пријавени ќе морате во целост да ја вратите сумата која веќе ја имате заработено.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Втора работа која е следна минимум треба да имате 200 претплатени канали или попознато како SUBSCRIBE, минимум треба да имате околу 100,000 гледаност за еден месец, откако ќе ги исполните овие критериуми вие ќе добиете понуда за monetization, е сега како ќе добиете пари? прво и основно треба да бидете проврзани поточно вашиот канал со google adsense.
Ова се стари информации или сегашни? Јас со едвај 60 претплатници направив Monetize а исто и на еден тазе канал со друг јузер со само 1 претплатник ставив реклами на видеото.
 
T

templar55

Гостин
Здраво дечки,

Нов сум на форумов па се надевам не правам ништо погрешно. Да не замарам многу со небитни работи. Веќе неколку месеци одржувам еден јутјуб акаунт, солидно е гледан (720,000+ total views). Го правам тоа чисто од забава. Гејминг акаунт е и чисто сумљам некои Македонци да ги гледаат моите видеа.

Знам дека може да се заработува со јутјуб, ама не знам колку е тоа возможно во Македонија. Знам каде се „подесува“ monetization, ама не знам што после тоа. Како се добиваат пари? Кои се условите? Каде треба да дадеш свои информации за каде да ги примаш парите, треба ли да се отвори некоја сметка? Сега можеби е и полесно со paypal, ама најискрено појма немам како иде заработувањево во Македонија со јутјуб.

Ако има некој добар човек што знае и сака да помогне, би му бил бескрајно благодарен :)
Јас моментално работам за голема гејминг компанија. Може да ти платам за линкови до мојот сајт само пиши ми во ПП кои игри ги има на твојот канал. Би можел добро да заработиш т.е. добро да платам, само со тоа што ке ставиш линк до мојот сајт во описот на видеото.
Види на својот акаунт од кои земји највеќе имаш посети. Ако ги имаш во топ 10 земјите:
УСА, Англија, Нов Зеланд, Австралија, Бразил, некоја од скандинавските земји, мислам дека полесно ке постигнеме договор
 
Последно уредено од модератор:
Член од
28 јуни 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
Фала ти премногу .Sky. Точно имам определно за што правам видеа, имам над 3 илјади subscribers и како што веќе реков над 720,000 total views. Барем едно видео во неделата објавувам, а некогаш и повеќе.

templar55, стиже ПП.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Фала ти премногу .Sky. Точно имам определно за што правам видеа, имам над 3 илјади subscribers и како што веќе реков над 720,000 total views. Барем едно видео во неделата објавувам, а некогаш и повеќе.

templar55, стиже ПП.
имам над 3 илјади subscribers и како што веќе реков над 720,000 total views
Не ми е јасно како можи да имаш толку `претплатници` а толку малку прегледи
 
Член од
11 септември 2009
Мислења
323
Поени од реакции
55
Ти имаш добиено нешто до сега? Читав по форуми дека и откако ќе го добиеш ти тој чек, скоро ниедна банка во Македонија не го прима.
Мене пред неколку месеци ми стигна чекот, отидов во Тутунска и без проблем ми ги префрлија парите, се плаќа само некоја такса од некој 150/200 денари и за една недела парите ти се на сметка :)
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Дозволено е кратки сцени од серии да се ставаат?
Според јутјуб правилата е дозволено мислам дека само 3 секунди ништо повеќе.[DOUBLEPOST=1404064834][/DOUBLEPOST]
Мене пред неколку месеци ми стигна чекот, отидов во Тутунска и без проблем ми ги префрлија парите, се плаќа само некоја такса од некој 150/200 денари и за една недела парите ти се на сметка :)
Намести преку банка директ да ти ги праќаат парите така ќе ти одат парите побрзо.
 
Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.394
Поени од реакции
2.795
Ja planirav nesto okolu Minecraft da snimam. Da probam ili toa se vo voda ke padne trudot?
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ja planirav nesto okolu Minecraft da snimam. Da probam ili toa se vo voda ke padne trudot?
Веќе горе напоменав како тебе има уште мнооогу други но што е битно? креацијата дали имаш навистина нешто солидно да понудиш бидејќи ако само снимаш како играш и што? интро - музика - интересни моменти и тн. се си има бара свое и битно да се држиш до тоа што ќе го правиш. Битно замисли си ја идејата па потоа реализирај ја. Пробај ништо не те чини ако пробаш, можеш само да добиеш губење немаш ништо.
 
Agreed. Секој почеток е тежок ама со тек на време ако продолжиш да го правиш тоа што го правиш (и ако го правиш тоа добро нормално) ќе ти се исплати. :)
 
Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.394
Поени од реакции
2.795
Веќе горе напоменав како тебе има уште мнооогу други но што е битно? креацијата дали имаш навистина нешто солидно да понудиш бидејќи ако само снимаш како играш и што? интро - музика - интересни моменти и тн. се си има бара свое и битно да се држиш до тоа што ќе го правиш. Битно замисли си ја идејата па потоа реализирај ја. Пробај ништо не те чини ако пробаш, можеш само да добиеш губење немаш ништо.
Uste utre ke smislam nesto :)

Sent from my Vodafone Smart II using Tapatalk 2
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Јас денеска конечно успеав да се пријавам за Јутуб партнер. После неколку години чекање. Сега ме интересира само едно, видеата имаат знакче долар и пишува Monetized, значи се ми е на approved и enabled. Имам сега само едно прашање, дали рекламите сами ќе се појавуваат или треба и јас да додавам кодови од адсенс на видеата за да се покажуваат реклами? Овој дел малку ме буни другото се ми е јасно што и како треба.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Јас денеска конечно успеав да се пријавам за Јутуб партнер. После неколку години чекање. Сега ме интересира само едно, видеата имаат знакче долар и пишува Monetized, значи се ми е на approved и enabled. Имам сега само едно прашање, дали рекламите сами ќе се појавуваат или треба и јас да додавам кодови од адсенс на видеата за да се покажуваат реклами? Овој дел малку ме буни другото се ми е јасно што и како треба.
Како што ти стои зелено така и нека си биде...рекламите сами си течат и на секоја 1 гледност 1 реклама имаш и ти заработуваш фактички од рекламата... мојот спонзор ми кажа дека повеќе пари се зимало некој цент плус доколку тие што гледаат кликнат на рекламата...
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.669
Јас денеска конечно успеав да се пријавам за Јутуб партнер. После неколку години чекање. Сега ме интересира само едно, видеата имаат знакче долар и пишува Monetized, значи се ми е на approved и enabled. Имам сега само едно прашање, дали рекламите сами ќе се појавуваат или треба и јас да додавам кодови од адсенс на видеата за да се покажуваат реклами? Овој дел малку ме буни другото се ми е јасно што и како треба.

Како успеа да добиеш партнерство со јутјуб, преку кој ако не е тајна?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom