Македонка отишла да работи на брод и исчезнала

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
дај боже да е жива...
според моја претпоставка доколку сакала да се самоубива сигурно би имала некој близок на кој би се доверила дека нешто ја јаде итн итн колку што гледам такво нешто нема а од др страна молкот од надлежните е дека се прикрива нешто. Ако е киднапирана значи неможе тоа да помине незабележано ипак се работи за брод кој плови што значи ако ја нема за жал е некаде доле :)
ме буни само делот кај што им напишала на нејзините дека одреден период нема да може да се слушаат, а зашто?
 
Прочитав дека и нејзиниот брат работел таму со неа,исто и дека последен пат ја видел нејзин колега во 3часот наутро а во 5 30 требала да биде на работното место.На палубата бил пронајден нејзиниот мобилен ...

Милион шпекулации,два милиони претпоставки а само една вистина која некој ја сокрива.
По мое не ќе да е самоубиство...нешто гадно смрди во случајов...

И да додадам само,ги видовте првите постови во темата ?! Ете дела и примери совршени за во скорешната тема дали македончето е глупо ... Не сакам да генерализирам ,но страшно ме иритираат простачки и не промислени муабети.
 
Овие куририве наши го рассветлија случајот уште пред капетанот да ја пријави девојкава како исчезната. Скокнала од бродот, паднала од палуба (ваљда мислат случајно), се удавила, ја заборавиле на пристаниште, се работи за самоубиство a не се исклучува можноста и за убиство и т.н... На сето тоа, нејзините родители апелираат да не се крева прашина, а "медиумиве" наши ги заболе патката (да ми простите на изразов) што рекле родителите, битно статиите да им се читани да има од што да ја прехранат простата раја дома.
 
Страшно е ова што се случува.Иако не го познавам девојчево искрено и јас сум потресен од случкава.И мислам дека нашиве медиуми треба за вакви информации да даваат проверени информации,а не да си играат мајтап

Искрено не помислував на најлошото,туку имав трошка надеж дека ќе се пронајде жива и здрав Дениса,ама кога подоцна разбрав дека имало македонци на бродот,јасно ми стана веќе што е работава.

Како и да е жално е ова и сметам дека и ние македонците треба да испратиме екипа и да вршиме парарелна истрага со грците,ако воопшто и таква имаме.
 
Страшно е ова што се случува.Иако не го познавам девојчево искрено и јас сум потресен од случкава.И мислам дека нашиве медиуми треба за вакви информации да даваат проверени информации,а не да си играат мајтап

Искрено не помислував на најлошото,туку имав трошка надеж дека ќе се пронајде жива и здрав Дениса,ама кога подоцна разбрав дека имало македонци на бродот,јасно ми стана веќе што е работава.

Како и да е жално е ова и сметам дека и ние македонците треба да испратиме екипа и да вршиме парарелна истрага со грците,ако воопшто и таква имаме.
Знаеш дека сме народ што се подмитува со 100 гр кафе Браво,така да залудно е да отидат.
 
Знаеш дека сме народ што се подмитува со 100 гр кафе Браво,така да залудно е да отидат.
Затоа и кажав дека прашање е дали имаме луѓе кои се професионалци,а професионалци не се подмитуваат со ништо,туку тоа се луѓе кои си ја ценат работата.
А и зашто некој би ги подмитил.Не верувам дека некој повисок од капетанијата ја направил бељата туку некој колега.
Инаку кога мислев на наша истрага мислев да се пратат наши луѓе да направат еден муабет со сите во персоналот поединечно.

Но кога ќе се сетам дека еден познаник кој работи во полиција,е со завршено само основно образование јасно ми станува,колку ние имаме професионалци.

Нажалост во иднина се повеќе ќе си плукаме и ќе објавуваме сензационални вести другите т.е грците
(нив ќе ги обвинуваме дека ја утнале истрагата),бугарите,косоварите(возат во спротивни правци),србите(немаат плати и пензии) итн.

А ние да сме ти најрезил во светов.
 
Нешто што вреди да се прочита за негативната страна на овој бизнис - работа на брод. Отварајте четири очи и четири уши другари
Оваа тема не смее повеќе да се турка под тепих. Од кои причини до сега не е отворена не знам, а требаше. Постојат десетици веродостојни сведоштва за тоа дека, не ретко им се случува на нашите деца кои бараат работа на брод, против своја волја или свесно да се заплеткаат во огромната замрсена мрежа на крузинг-проституцијата. Пловечките бордели се честа појава во територијалните води на Грција, Албанија, Италија и Шпанија. Наши сведоци го потврдуваат тоа и велат, ги пријавувале во полиција своите лоши искуства, како и луѓето кои ги втурнале во таа авантура, но никогаш, ништо конкретно не е откриено и преземено. Адресите на посредниците се покажале како непостоечки, а лицата одамна се воделе како иселени од државава. Со полициски речник, органите на прогонот не можеле да им влезат во траг, а некои од нив воопшто и не постоеле, што значи, имале лажни идентитети.

Како капак на сѐ, деновиве јавноста е наелектризирана по веста за мистериозното исчезнување на една Македонка која работела на руски брод, кој во мигот на нејзиното исчезнување пловел по морето на нашиот јужен сосед. Сакам да верувам дека е сѐ во ред со неа, но веста за нејзиното исчезнување, ме потсети на некои нешта за кои сакав да пишувам уште пред една година.

Нејсе, пред четири-пет години, во многу европски земји, но не и кај нас (иако сме во Европа), како бомба одекна веста дека во Турција е откриена опасна банда која организирала трговија со луѓе и поттикнувала проституција на бродот Саварона, кој во 1938 година бил купен лично за големиот турски реформатор и државник Кемал Ататурк. Набрзо по разоткривањето на злосторничката мрежа, во 2010 година почна и заврши судењето на таа руско-украинско-казахстанската банда која ги организирала оргиите на бродот. Сите беа осудени на високи казни, а бродот беше пренаменет во музеј и исклучен од пловидба.

Три години по оваа вест првпат чув сведоштво за слична перипетија и на други бродови и јахти кои пловат околу Европа и во Медитеранот, во кои активно партиципирале млади луѓе од Македонија,надежни дечки и девојки. Една мома ми раскажа приказна за она што се случувало кога бродот во кој работела се закотвувал во Хамбург (популарно кажано на Dry Dock). Тогаш обично по дваесетина девојки и момчиња од Македонија, Хрватска и Босна директно биле упатувани во квартот на проституцијата Сао Паоло каде веднаш почнувале со учење и примена на најстариот занает на светот. Сведокот потенцираше дека никој од нив насилно не бил одведен таму, но оние кои одбиле да го прават тоа,договорот за работа на бродот никогаш не им бил обновен или биле принудени да го раскинат пред време. Оние пак кои заминале на печалба во квартот Сао Паоло,до ден-денес лажно сведочат пред своите блиски дека работат на брод и одлично заработуваат, иако, за волја на вистината пола од нив се заглавени на најзаебани дроги или пак, се наоѓаат под строг надзор, дури и ако решат еднаш во годината да ги посетат блиските во татковината.

Дечко и девојка од Скопје минале низ слично премрежје. Преку агенција од еден град во близина на Скопје договориле работа на брод. Стигнале во Албанија, во Саранда. Била ноќ и кога влегле во хотелската соба, им дошле двајца типови и им ги побарале пасошите. Сабајлето требало да испловат со бродот на кој им била ветена работа. Дечкото бил присебен и одбил да ги даде. Тие рекле дека ќе го викнат оној кој ги придружувал од Скопје, па да се разберат со него. Штом битангите ја напуштиле собата, девојката од мобилен се јавила дома. Во паника, на мајка си објаснила што се случува. Среќа мајката се познавала со човек кој бил многу важен играч во албанското подземје, а порано биле колеги во Скопје во една сосема легална работа. За помалку од половина час успеала да стапи во контакт со него. Следела молневита акција како во филм. Типот од подземјето таа ноќ упаднал во хотелот со дваесетина свои луѓе, ги построил на сите влезови и излези во хотелот, а потоа побарал од бандата макроа веднаш да ги донесат пред него дечкото и девојката од Скопје. Послушале како попчиња. Истата ноќ вљубениот пар се вратил во Скопје на радост на нивните родители. По три дена кога полицијата го испитала случајот, ни агенцијата-посредник ја нашла, ниту пак ликовите кои наводно работеле во неа.

Наша сосетка од Центар, 24 години,со диплома од економски факултет тргнала за Катар, право на брод, за да ја сликаат за каталог, чунки во фиљан модна-агенција во Скопје, некоја Сара,наводно родум од Сицилија, открила кај неа невиден талент за модни писти и фото-сесии. Ја убедила дека со тој талент ќе направи куп пари во Катар. Нашава сосетка прифатила, дошла во Катар, се качила на бродот и тука почнала драмата.Дошол еден Грк со двајца Арапи и една Швабица, ја внесле во една голема луксузна просторија во бродот каде имало уште триесетина други девојки од тажниот Балкан. Некои од нив биле уплакани. Тогаш сфатила, не е на арно работата. Тука им објасниле на девојките како треба да бидат фини на сесијата со странските фотографи, зашто тоие се сериозни господа, додуша малце во годинки и дека не треба премногу да паничат ако некој од нив ги штипне за газето или нешто слично. По стотина наутички милји минати со бродот, тој застанал на отворено море и оттука девојкиве ги префрлиле на суперлуксузна јахта на некој Амер од Форт Лодердејл. И гледај чудо, на јахтата наместо фотографи имало трули американски и грчки милионери, сите во цветот на староста. Под закани, нашава сосетка наводно имала секс само со еден од нив. Го дружела три дена. На третиот ден на сред секс со него, рикнала да плаче. Среќа старецот се погодил човек во душа и кога сфатил дека таа е со него од страв по својот живот ѝ дал пет илјади долари на рака, средил со капетанот јахтата да сопре на едно пристаниште, изрежирал како нашата сосетка незабележано да ја напушти и штом ја напуштила, веднаш се упатила на најблискиот аеродром, а оттука го фатила првиот авион за Европа и по неполни 24 часа била во Скопје. А од агенцијата и од сицилијанката Сара ни трага ни глас. Никој ни слушнал за нив, ниту пак ги видел.

Ова се вистински човечки судбини, со среќен крај, фала богу. Само работата е што не сме чуле многу за оние другите,а верувајте има и такви. Некој тоа сериозно треба да го истражи, оти мечката веќе ни игра на прагот за многу работи. Сѐ се плашам дека оваа матна работа кај нас е договорена во форма на организиран криминал со крупни заштитени ѕверки во сенка. Затоа тешко ќе биде да се расветли. А дотогаш поучете ги вашите деца да отвораат шеснаесет пара очи кога договараат работа на брод и никогаш да не ги предаваат своите лични документи и пасошите на непознати лица. Нека ви се јавуваат што почесто кога ќе заминат, особено ако нешто или некој им станат премногу сомнителни. Нека ги избегнуваат третолигашките агенции кои нудат работа. И нека ја слушаат сопствената интуиција, наместо гласот на алчноста,оти до лесни пари обично се доаѓа по цена на големи лични трагедии.

Сашо Тасевски
 
потпишала трети договор....пишала на фб таму пораки нели на родители пријатели колку што разбрав дека немало да комуницираат одреден период , е сеа и фактот дека тр,ебала да почне на работа од 5 саат сабајле а ја немало кај 3 така ? оставајќки го телефонот на палубата укажува на тоа според мене дека избегала со некој/и -договорена работа и без телефон за да не ја евентуално лоцираат кај е што е....јас имам некоја ваква теорија ...неможе да падне од палуба а телефонот остаен(евентуално у падот да и бил у рака па и паднал ама тоа е мала веројатност) ,а и што би барала у 3 саат сред ноќ кога е од 5 сабајле на работа ...треба да се одмори...
сепак греота нејзините...:S
 
Има три можни сценарија што може да се случило со девојката:

1.Сама се фрлила од бродот - самоубиство
2.Несреќа на работно место
3. Девојката била инволвирана во јахтинг (бродска) проституција

Од овие три најмалку веројатно ми е првото сценарио , најлесно е да се каже самата се фрлила на отворено море и никој да не поднесе одговорност.
 
Исто како што е лесно да се каже и дека е бродска проституција. Сите знаеме дека постои а никој нема конкретен случај, нели.
 
Како тоа капетанот кажал паднала од бродот? Знае дека паднала? И ја оставиле, не сваќам ништо!? Тој брод треба веднаш да се запре кај и да е и сите одговорни, капетан, сопственик да одговараат да се испрашуваат, тоа е кога немаш јака држава и дипломатија. Види ги дремаат сите, немало информации, абе направете нешто!!!

И гледам вести и викаат бродот сега пак си крстари си работи, ко ништо да не било :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
Има три можни сценарија што може да се случило со девојката:

1.Сама се фрлила од бродот - самоубиство
2.Несреќа на работно место
3. Девојката била инволвирана во јахтинг (бродска) проституција

Од овие три најмалку веројатно ми е првото сценарио , најлесно е да се каже самата се фрлила на отворено море и никој да не поднесе одговорност.
Мене многу ми е логично да се случило несреќа на работно место,касно во вечерта,брод во движење,паднала. А за третото,не верувам,работела долго време таму,имало и доста наши Македонци,премногу филм забегаваме.
 
Мене многу ми е логично да се случило несреќа на работно место,касно во вечерта,брод во движење,паднала. А за третото,не верувам,работела долго време таму,имало и доста наши Македонци,премногу филм забегаваме.

Нели ти е малку чуден делот кога пишала на своите родители дека извесен период нема да комуницират?
 
Да бе скокнала од брод. Она отишла да работи затоа што планирала иднина будала е да се фрли. Така се фрлало.

Или е земена бело робје или е фрлена од некој или утепана па фрлена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom