Изложба “Спортот во Битола низ историјата“
03 NOVEMBER 2010
0
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 Во рамките на четврто ноемвриските празнувања вечерва во Заводот и музеј на Битола беше отворена оваа “спортска“ изложба.
Пред повеќе од стотина гости од Битола, од збратимените градови на Битола, поранешни спортисти, спортски новинари и други беше свечено отворена изложба на која беа преставени повеќе од стотина фотографии од разни спортови и разни периоди.
Автори на изложбата се Владо Темелковски и Александар Литовски вработени во музејот на Битола, а по повод изложбата беше изработена и брошура од Јове Парговски.
Во изложбата се поместени теми од велосипедскиот клуб во Битола во почетокот на 20 век, од првиот фудбалски клуб Омладина основан во 1922 година, првиот македонски олимписки комитет во Македонија, во Битола 1925 година, спортското друшрво Работник основано 1956 година, ДТВ Партизан од 1948 година, ФК Пелистер од 1984 година, ФК Пелагонија од 1964 година, КК Младост од 1960 година, ЖКК Битолатекст од 1984 година, Боксерски клуб 1982 година, борачот Златко Пецаковскиво 1983 година, џудо клубот Пелистер во 1981 година, авијатичарството во 1970 година, Стевче Гепргиевски аттелика во 1980 година, Мурато во 1989 година, скојачки клуб Пелистер во 1986 година и многу други.
Посебен дел е посветен на легендарниот водач на битолските навивачи Мате Шундовски, голем вљубеник во спортот и основач на навивачката група во 1960 година.
Изложбата за отворена ја прогласи градоначалникот на Битола, Владимир Талески, а таа е посветена на Пеце Гроздановски, на големиот битолски фудбалер и нивни колега, неуморен собирач на материјали за историјата на спортот во Битола.
--- надополнето ---
Среќен празник Битолчани и Битолчанки:back: