Како до работа во Швајцарија со мк пасош

  • Креатор на темата Креатор на темата r.krstev
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 септември 2014
Мислења
10
Поени од реакции
2
Возраст
46
Ме интересира како до работа во Швајцарија имам роднини таму но сакам да најдам работа од тука не сакам да бидам товар на некој. Дали има искуство кај сака да сподели.

Благодарност однапред
 
Дали има искуство кај сака да сподели.

Реално никако, ни со бугарски не наоѓаат, камо ли со македонски.
Исклучок се доктори, инжинери, програмери, шверцери на брашно, за нив има некоја реална шанса и со мк пасош.
 
Работа како турист тешко да најдеш а и да најдеш се сомневам дека ќе прифати да му работиш за помалку пари од Швајцарецот.
Ако некој наш шпијун те пријави дека работиш на црно а ако и тој работи отиде јабана швајцарецот и ти.
 
Работаат на црно, знам многумина што така прават, сите се занаетчии.
Но работаат 1-2-3 месеци, не повеќе.
 
Ако си со факултет и те бива не треба гзот да си го даваш под кирија,и со македонски сегде ќе те земат.А ако планираш да чистиш јавни вециња е тогаш ќе ти треба бугарски.
 
Ако си со факултет и те бива не треба гзот да си го даваш под кирија,и со македонски сегде ќе те земат.

Да беше вистина ова тогаш 70.000 невработени со факултет ќе збришеа таму, немаше да дремат на завод за вработување.
 
Реално никако, ни со бугарски не наоѓаат, камо ли со македонски.
Исклучок се доктори, инжинери, програмери, шверцери на брашно, за нив има некоја реална шанса и со мк пасош.
Од она што имам слушано и тие прво треба да се докажат значи да бидат ептем добри професионалци во својата област со неколку години искуство тек потоа може да те земат.
 
Да беше вистина ова тогаш 70.000 невработени со факултет ќе збришеа таму, немаше да дремат на завод за вработување.

Зависи од факултетот. Докторите партали прават во Германија. Програмерите се бараат секаде во светот, и ако си добар работник склучувањето на договор ти е најмал проблем.

Неможе некој економист или педагог да се надева на нешто јако , ги има мал милион.
 
Неможеш да најдеш лесно, освен на црно и со голем ризик. Единствен начин е да најдеш работа кај газда Швајцарец и преку неговата фирма да ти ги истрчка сите документи за да можеш да добиеш работна виза и легална работа. А тоа е еден ненормално тежок и долг процес за Македонците, а исто и за Швајцарците, и они не се нафаќаат на секој тоа да му го средат.
 
Да беше вистина ова тогаш 70.000 невработени со факултет ќе збришеа таму, немаше да дремат на завод за вработување.
Најголем проблем е што немаат практично искуство. Факултетите повеќе се теорија, а помалку пракса.
Мора да докажеш дека си ја заслужил таа диплома, една хартија не само во Швајцарија и во други држави не значи ништо.
 
обрати се кај браќата за ова ама пази да не треба да го правиш сунет :)
 
Да беше вистина ова тогаш 70.000 невработени со факултет ќе збришеа таму, немаше да дремат на завод за вработување.
Она да те бива е клучното во равенката што заборави да го споменеш. Чим се под завод и неможат да најдат никаква работа кажува само колку ги бива.
 
Зависи од многу фактори.
Имаш предност што имаш роднини таму, но кочница е јазикот ако не го знаеш (германски или француски) а англискиот е задолжителен.
Можеш да работиш на црно 3 месеци, како турист да отидеш. Немој да те демотивираат разни коментари,никогаш не се знае на кој како му се наместени коцките на среќата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom